Инспиративен пензионер од Скопје креира ремек-дела: Стојан Арсиќ гради мини црквички и куќи (фото)
- Детали
- сабота, 25 јуни 2022
Стојан Арсиќ е доказ дека годините не се пречка за ништо! Овој пензиониран професор по историја и географија и писател воодушевува со градењето на минијатурни градби, кои личат на ремек-дела.
Стојан Арсиќ e пензиониран професор по историја и географија, писател и градител на минијатурни градби.
Роден е 1952 година во село Жбевац, Србија и на свои 2 години дошол со семејството во Скопје.
Досега има објавено 15 збирки поезија, на македонски, бугарски и српски јазик и два романа на македонски јазик „Последната алка“ и „Грст љубов“.
Во слободно време се занимава со изработка на минијатурни градби на цркви и стари македонски куќи и воодушевува со неговите дела.
Ги изработува од темел до кров со арматура како што се гради вистинска куќа, сè е рачна изработка, дури и ќерамидите ги прави рачно и смета дека токму тоа е еден од најкомплицираните чекори во изработката.
Ја има изработено и црквата Плаошник која се смета за вистинско ремек дело и е работена скоро две години.
Интересно е што неговиот двор бил повеќепати наградуван за најубаво уреден двор во Скопје.
За неговите дела Стојан Арсиќ за CRNOBELO.com вели:
„Најчесто ги изработувам од природни материјали, дрво, глина, камен, цемент, ќерамида, мермер...
Ги работам, односно градам 3 до 6 месеци, зависно од големината и комплексноста.
Се гради како вистинска куќа само помала, со темели, арматура со сè... Ги изработувам со многу трпение и љубов и затоа сметам дека се уникатни.“
Повеќе дела од Стојан: