Офелија Димковска е инспиративна дама – без книга не може да си го замисли денот, верува во грациозно стареење

„Во магазинот ‘Фокус’ работев од 2001 до 2020, но вистинското работење беше сè дури Никола Младенов беше жив, тоа значи до 2013 година. Тој беше човек од којшто многу можеше да се научи, кој си ги сакаше и почитуваше луѓето што работеа со него, го живееше новинарството, беше прониклив и пред времето...“, ја започнува својата приказна инспиративната и урбана дама Офелија Димковска за CRNOBELO.com, која ни ги открива своите животни навики, кои вклучуваат читање многу книги и готвење дома.

ofelija-dimkovska-e-inspirativna-dama-go-chitam-maliot-princ-odnovo-i-odnovo-a-leb-i-sol-mi-se-poim-za-muzika-01.jpg

Новинарката Офелија Димковска е една од најинспиративните дами од јавниот живот кај нас. Секогаш средена, секогаш директна, секогаш своја...

Со вистински морални начела и со одбивност кон површноста и некои трендови кои, за жал, ни ги донесе модерното време, таа е жена која на пиедесталот ги става читањето на книги, готвењето дома и патувањето, но не за фотки за Инстаграм, туку за да се сфати културата и животот на некој народ, да се доближи, да се украде идеја, да се добие идеја оттаму.

Офелија по професија е новинар, иако променила многу работни места од кои некои немале многу допирни точки со новинарството.

За нејзината кариера таа открива за CRNOBELO.com…

Најдолго работев во магазинот „Фокус“ на „задните“ страни, како што популарно и несоодветно се нарекуваат страниците што се занимаваат со културно - забавен живот.

Во Фокус работев од 2001 - 2020, но вистинското работење беше сè дури Никола Младенов беше жив, тоа значи до 2013 година. Тој беше човек од којшто многу можеше да се научи, кој си ги сакаше и почитуваше луѓето што работеа со него, го живееше новинарството, беше прониклив и пред времето. Извонреден човек и новинар. Мислам дека сè што не научив на факултетот за новинарство, научив од него.“

ofelija-dimkovska-e-inspirativna-dama-go-chitam-maliot-princ-odnovo-i-odnovo-a-leb-i-sol-mi-se-poim-za-muzika-13.jpg

За балансирањето на професионалните обврски со приватниот живот Офелија вели...

„За мене работата секогаш беше многу важна, ја мразев поделбата на женска и машка работа, веројатно затоа и на работа и дома сакав да бидам и двете. 

Тоа не е добро, затоа што се зема преголем товар на себе и нормално, тежината на крајот го зема својот данок.

ofelija-dimkovska-e-inspirativna-dama-go-chitam-maliot-princ-odnovo-i-odnovo-a-leb-i-sol-mi-se-poim-za-muzika-08.jpg

Не сакам да зборувам за време и години, не затоа што сакам да ги скријам годините, туку затоа што тие на ниту еден начин не би требало да влијаат на средината во која живеам. Бидејќи ние се уште живееме релативно ограничени во сфаќањата, така ја сфаќаме и возраста.

Можам да ги утешам сите жени кои се плашат од стареењето или од тоа дека нема да бидат исти на секоја возраст, дека тоа не е вистина: треба да се сочува радоста на живеење, да се експериментира и никогаш да не се запира во измислување на нешта за себе. Само работата на себе може да овозможи правилен однос кон другите.

ofelija-dimkovska-e-inspirativna-dama-go-chitam-maliot-princ-odnovo-i-odnovo-a-leb-i-sol-mi-se-poim-za-muzika-20.jpg

Се вели дека многу полесно им составуваме листи на барања и желба за промена на другите, отколку на себе. Треба да биде обратно. Што порано секој од нас сфати дека само себе може да се промени, тоа полесно ќе ги поднесе ударите на животот и грешките кои искуство ќе ги нарекува. 

Многу е важно да имаме вистински луѓе околу себе кои ќе бараат со достоинство и ќе земаат со благодарност.

ofelija-dimkovska-e-inspirativna-dama-go-chitam-maliot-princ-odnovo-i-odnovo-a-leb-i-sol-mi-se-poim-za-muzika-16.jpg

Промените се многу важни. Инаку нè обзема стравот од новото и така ниту еволуираме, ниту се менуваме што е неопходно заради прилагодување на времето.

За жал, 21 век кај нас не донесе многу новини, освен што со цела сила ги прегрнавме новините во технологијата и многу често и без потреба ги прегреваме мобилните телефони од површни игри и расфрлени комуникации со луѓе кои неги среќаваме или ги среќаваме ретко.

Забавата е релативна работа. Што е забавно, исто така. Ние можеме да седиме цел ден во кафеана и на крајот од денот да сфатиме дека тоа било бегање од стварноста.

Би било многу покорисно да направиме некое јадење за некои мили гости или да прочитаме некоја книга.

ofelija-dimkovska-e-inspirativna-dama-go-chitam-maliot-princ-odnovo-i-odnovo-a-leb-i-sol-mi-se-poim-za-muzika-18.jpg

Јас читам исти автори и ги читам повторно и повторно истите книги. На пример Милан Кундера, Џон Апдајк, Оскар Вајлд, Фредерик Бегбеде, Орвел, Франсоаз Саган, Алксандар Генис, Избаела Аљенде, Едит Вортон...

Секогаш наново ги читам „Малиот принц“ и „Алиса во земјата на чудата“ од Луис Керол. Ги читам од средина, која страница ќе се отвори и потцртувам.

Велат дека добра книга е онаа од која си присвоил цитат и си заборавил од кого е напишан. Тоа е соживување со она што го читаме и прифаќање како свое.“

ofelija-dimkovska-e-inspirativna-dama-go-chitam-maliot-princ-odnovo-i-odnovo-a-leb-i-sol-mi-se-poim-za-muzika-30.jpg

За своите дневни ритуали Офелија ни открива...

„Немам ритуали, освен што не сакам никаде да одам пред 9 наутро. Се разбира, тоа не можело често да се практикува зашто некои мои работни места барале редовност и осумчасовно работно време, но сепак, мислам дека пред девет како да одам со затворени очи и несвесна за околината.

ofelija-dimkovska-e-inspirativna-dama-go-chitam-maliot-princ-odnovo-i-odnovo-a-leb-i-sol-mi-se-poim-za-muzika-28.jpg

Не поспана, туку едноставно неспремна пред девет да го прифатам светот наоколу.“

ofelija-dimkovska-e-inspirativna-dama-go-chitam-maliot-princ-odnovo-i-odnovo-a-leb-i-sol-mi-se-poim-za-muzika-23.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Инспиративна жена: Татјана Алексиќ е професорка „жедна за книги“, омажена за својата прва љубов „Успех е да останеш добар човек и кога не ти е баш добро, кога не ти се&nbs...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Инспиративна жена: Сузана е адвокат од Скопје, вљубеничка во трчањето и дама со став Таа е самоуверена жена со јасно изградени ставови, кои без проблем ги изнесува п...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg