Даница е инспиративна дама - на 90 години не излегува без бисери од дома, слуша само класична музика

Oбјавата на Фејсбук на Татјана Алексиќ за нејзината прекрасна стрина Даница:

„Мојот идол за однесување е мојата стринка, а мојот идеал за опстојување - здрава Македонија. Воспитано семејство - здрава држава! Отменоста се стекнува од мали нозе, не можеш да ја купиш и владееш набрзина, таа е чиста уметност во однесувањето.

danica-e-inspirativna-dama-na-90-godini-ne-izleguva-bez-biseri-od-doma-slusha-samo-klasichna-muzika-10.jpg

Отменоста не знае за алчност, бахатост и ниски страсти. Грабливост, алчност и ненаситност се примитивни инстинкти, оправдани само за животинскиот свет.

danica-e-inspirativna-dama-na-90-godini-ne-izleguva-bez-biseri-od-doma-slusha-samo-klasichna-muzika-06.jpg

Отменост поткрепена со брчки, грациозност поткрепена со виталност, знаење поткрепено со мудрост, љубов поткрепена со дела, се атрибути на уметноста на живеењето. Таквата култура на живеење, моќта на парите не можат да ја совладаат набрзина, да ја облагородат јаловоста на брзо стекнатото материјално богатство, кое како решето ги пропушта на виделина духовните слабости.

danica-e-inspirativna-dama-na-90-godini-ne-izleguva-bez-biseri-od-doma-slusha-samo-klasichna-muzika-05.jpg

Површноста и краткотрајноста на сјајот на материјалниот капитал не умее да ги филтрира духовните пропусти, ни со испеглани брчки, ни со грациозноста на скапи чевли, ниту со мудроста од купените дипломи, ниту со љубов од интерес. Таков треба да е односот кон државата во која живееш, уште поодговорно е ако државата во која живееш ти е татковина.

danica-e-inspirativna-dama-na-90-godini-ne-izleguva-bez-biseri-od-doma-slusha-samo-klasichna-muzika-07.jpg

Но и да не ти е родина, воспитаноста те учи на отменост и почит, а не дипломите. Кога растеш во семејство каде не постојат погрдни зборови во комуникацијата, нема да можеш да научиш да навредуваш. Истиот однос е кон државата, отмен и воспитан човек не си ја бербати државата...“

Инспиративните жени во животот на професорката Татјана:

danica-e-inspirativna-dama-na-90-godini-ne-izleguva-bez-biseri-od-doma-slusha-samo-klasichna-muzika-002.jpg

Повеќе фотографии од Даница Голубовиќ:

Доколку сакате и вие да ни раскажете интересна приказна или познавате и вие некоја личност што сметате дека е инспиративна, пишете ни на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Инспиративна жена: Татјана Алексиќ е професорка „жедна за книги“, омажена за својата прва љубов „Успех е да останеш добар човек и кога не ти е баш добро, кога не ти се&nbs...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg