Маја од Скопје: „На 30 години дознав дека имам ретка автоимуна болест, учев да одам и да се смеам без затегање повторно“
Направи ли промени во исхраната?
Со свои очи сум видела како масло од оригано уништува бактерии, како жива храна лекува дијабет, како масло од марихуана брише како со гумичка рак, со свои очи сум видела како зрна сирово какао качуваат железо, како после детоксикација жени остануваат бремени, исчезнува лупус, автоимуни белести одат во ремисија, ама нема лекар што ова ќе ви го каже
Моето истражување ме донесе до живата храна.
И го најдов лекот. За кратко време ги фрлив лековите, се качив на штикли, и со исклучок на двете кризи, предизвикани од надворешен фактор, како убод од стршлен и антибиотик (ама тоа е друга тема), терам веќе 10 години.
Го отворив „БистРо Здраво Живо“, единствениот ресторан за жива храна на Балканот, еден од трите во Европа, и си го решив проблемот засекогаш. И да ми се појави симптом, го решавам за многу кратко време.
Како изгледа твоето дневно мени?
Денес, мојата исхрана е 80% жива, 95% веганска и речиси 100% без глутен и шеќери. Со високи дози на Д3, со многу физичка работа, со многу дружби и многу активности, два пати во годината правам 28 дневен детокс со жива храна и заради тоа 10 години не сум кивнала, а камоли настинала.
Порака до сите што во моментот се соочуваат со дијагноза од овој тип…
Сакам на сите кои се соочуваат со која било ретка дијагноза да им порачам само едно.
Искористете го вие стравот, не дозволувајте тој да ве искористи вас, оти тој ја има клучната улога во секое лекување.
Не сакав да го оставам стравот, да го потиснам или заборавам оти точно тој ме поттикнуваше на креативност, ме туркаше напред, ме исправаше ако клекнав. Стана дел од моето најтесно семејство и му посакав топло добредојде.
Сепак не ми дозволив да се меша во одлуките.
Верувајте ми дека не е лесно да ви биде сопатник, но вреди, оти ако научите да патувате со стравот, по пат ќе правите сè што е интересно.
Животот е краток, редок, прекрасен, полн восхит и затоа знам дека сакате, бидејќи јас сакам, да правите само интересни работи.
Секој од нас е мапа на скриено богатство, да го најдете богатството во себе, тоа е патот на интересното, патот на креативното.
Часовникот отчукува, времето поминува, нема време за мали чекори.
Ти благодарам господине страв, ти благодарам моја мила „болест“. Здравје во умот ми донесе.
© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело