Тино Шаботиќ од Куманово, специјален едукатор: „Родителите треба да ги знаат знаците на аутизам, раното откривање е важно“

Тино Шаботиќ од Куманово е специјален едукатор и рехабилитатор кој им помага на децата со пречки во развој, открива кои се знаците на аутизам во различни фази од развојот на децата, кажува какви шпекулации се шират за аутизмот, а споделува и свои мислења на оваа тема.

tino sabotic specijalen edukator sekoj roditel treba da gi znae fazite na razvojot na deteto i koja faza sto vklucuva 8

Тино Шаботиќ од Куманово е специјален едукатор и рехабилитатор. Вели дека човекот ако сака може да ја смени професијата и работното место, но никогаш да не ја менува својата мисија.

Тој си ја има пронајдено својата и затоа секој ден го доживува како искачено ниво на видео-игра. Тој се залага да им помага на децата со пречки во развојот – аутизам, Даунов синдром, церебрална парализа, АДХД и многу останати состојби.

Дечињата со кои работи се и неговото семејство, а заедно со нив сака да ги научи на буквите, зборовите, однесувањето, да стекнат поим за апстрактни појави, чувства, емоции и сè она што го бара животот за нормално и правилно функционирање.

Тино слободното време го посветува на истражување на нови места и фотографирање. Исто така тој е колекционер и на грамофонски плочки, книги и ретро часовници.

За себе додава дека е екстроверт, па својот интровертен колекционерски свет го заменува со редовно играње кошарка, со која пред неколку години се занимавал професионално.

Во последен период сè повеќе и повеќе се зборува за аутизмот, кој, за жал, од ден во ден зазема поголем подем. Секакви дезинформации кружат за ова невролошка состојба, па затоа многу родители остануваат без патокази кога ќе се соочат со аутизам кај нивните деца. Кои се можните причинители кои доведуваат до аутизам?

Сите барем сме слушнале за зборот аутизам, за кој луѓето мислат дека е болест, зараза и слично… Но всушност тоа е невролошка состојба, начин на живот и функционирање, а во многу ситуации и дар од Бога.

Првпат оваа состојба во психијатријата ја воведува Еуген Блулер во 1911-та, а првиот човек кој го опишува аутизмот во 1943 година е Лео Канер.

Причините за жал сè уште се непознати, односно не се потврдени. Се претпоставува дека се појавува поради склоп на повеќе фактори, човечки и средински.

Се поврзува со генетиката, со вакцини и со живата, со старосната граница на родителите, со нездрава ГМО храна, таблети и телефони и уште многу други причинители. Која индивидуа има потенцијал за развивање на аутизмот тој таму и го започнува своето делување.

tino sabotic specijalen edukator sekoj roditel treba da gi znae fazite na razvojot na deteto i koja faza sto vklucuva 5

Кога се појавуваат првите знаци на аутизмот?

Првите знаци на аутизмот можат да се појават уште од најраната возраст кај децата, поточно во првите 30 месеци од животот или првите 3 години од животот, кога детето станува свесно за својата околина и за себеси.

Состојба која се јавува во раното детство трае цел живот. Некои научници тврдат дека аутизмот не смее да се дијагностицира пред 4-годишна возраст бидејќи многу деца без аутизам се однесуваат слично како деца со аутистичен спектар на нарушување.

На многу родители како очите да им се врзани со превез, па не успеваат да ги забележат симптомите кои посочуваат на аутизмот. Како стручно лице, кажи ни на што треба да се обрне внимание пред да се побара помош од специјален едукатор и рехабилитатор?

Симптоматологијата поврзана со оваа состојба е комплексна, односно аутистичниот спектар е многу сложен и разнолик.

Оваа состојба се карактеризира со многу знаци и подзнаци но столбот се состои од три главни компоненти: социјализација, комуникација и интеракција.

Доколку некој од овие елементи е отсутен, оскуден и нетипичен, тогаш ситуацијата може да биде алармантна.

Главни рани знаци на аутизам кај деца до 12 месеци можат да бидат: неостварување на контакт со очи, детето не се смее, не реагира на аудитивни и визуелни стимули, не се одвикува на свое име, не покажува страв и заинтересираност за нешто, репетитивност во одредени активности, избегнува физички контакт, галење и мазење, нема интерес за типични детски игри, слаба гестикулација.

Bо подоцнежен период меѓу 12 и 24 месеци не климнува со глава за да и не, не прави чао со рака, не покажува со прст кон работите кои ги сака, не зборува до 16 месеци и не користи фрази до 24 месеци, или доколку детето стекнало фонд на одредени зборови во тек на краток временски период фондот на зборовите се намалува, односно оди во регресивна фаза, детето оди на прсти или на пета, или воопшто не оди, има склоност да мириса предмети и луѓе, јаде еднолична храна, кога се загледува во нешто често подзамижува, визуелно се фокусира на небитни детали од дадена слика, предмет или налог.

Кај деца од 2 години елементите на аутистичен спектар се манифестираат со проблеми во говор, ехолалија, алалија, нејасен говор, премногу гласен или премногу тивок говор, необични говорни шаблони, проблем со одржување на конверзација, се смее, плаче или вреска сосема беспотребно во дадена ситуација, се чувствува задоволно додека си игра само, нема интерес за други деца, отворање и затворање врата повторливо, агресивност, автоагресивност, претање со раце во знак на задоволство. Ова се само неколку од примарните елементи кои го дефинираат аутистичниот спектар, помеѓу многу други.

tino sabotic specijalen edukator sekoj roditel treba da gi znae fazite na razvojot na deteto i koja faza sto vklucuva 6

Од големо значење е аутизмот кај децата да се открие во почетен стадиум. Што подразбира рана детекција и дијагностика на оваа невролошка состојба?

Почетниот стадиум на откривање на аутизмот на некој начин претставува и половина справување со него, затоа што колку порано се направи рана детекција и дијагностика толку е подобро веднаш да се започне со третман, интервенција и едукација на самото дете, посебно во периодот на раното детство кога детето го формира својот карактер, говор, навики и кога синапсите во двете мозочни хемисфери позабрзано се спојуваат во овој период што не е случај во подоцнежните периоди од животот на детето.

Светот е полн со шпекулации кои го оддалечуваат човекот од вистината, какви дезинформации кружат за аутизмот?

Постојат огромен број на шпекулации во врска со аутизмот, како на пример дека аутизмот стриктно настанува од примена лоша вакцина кај детето или само од ММР вакцина, дека доколку детето нема говор мора да има аутизам, дека сите деца со аутизам се исти, дека деца со аутизам не можат да учат, дека немаат емпатија, дека аутизмот е болест, дека не сакаат да имаат пријатели и не сакаат да се дружат и уште многу други заблуди кои не се вистинити и не се поврзани со овој спектар на нарушување.

Како се згрижени децата со аутизмот во нашиот образовен систем и кое е твоето мислење, дали тие треба да бидат вклучени во редовна настава?

Децата со аутизам во образовните установи се згрижени со помош на наставник и образовни асистенти придружници, со адаптирана индивидуална образовна програма во зависност од способностите и можностите на секое дете доколку детето е вклучено во процесот на инклузија.

Моето размислување со кое не верувам дека сите ќе се сложат е дека процесот на инклузија односно вклученост на дете со аутизам во редовна настава има позитивен корист, но не по секоја цена и не во секоја ситуација.

tino sabotic specijalen edukator sekoj roditel treba da gi znae fazite na razvojot na deteto i koja faza sto vklucuva 4

Секогаш може подобро, тоа на сите ни е познато. Што треба да се преземе кај нас за децата со аутизам да имаат подобри можности и попрогресивен напредок?

Треба постојано да се биде во тек со науката, начините на спроведување на третмани, семинари, новитети и откритија кои ќе придонесат за подобри можности, прогресивни моменти кај децата од аутистичен спектар.

Исто така мислам дека е потребно да се применува и западниот систем во кој со едно дете ќе работат повеќе стручни лица во текот на третманот додека кај нас е обратна ситуација.

Голема корист има физичката активност и физичкиот третман преку кој се стекнуваат искуства кои ќе придонесат до позабрзан психофизички развој кај детето.

Исто така сите вежби, активности и налози се спроведуваат стриктно според индивидуалните можности и потреби на самото дете.

Станува збор за една комплексна и стручна дејност која мора да биде и индивидуална и истовремено координирана и поврзана со повеќе карактери, родители, дефектолози, логопеди, врсници и семејството воопшто.

Сите треба да бидат вклучени во третманот и едукацијата на детето, во соработка со дефектологот, нормално.

tino sabotic specijalen edukator sekoj roditel treba da gi znae fazite na razvojot na deteto i koja faza sto vklucuva 2

Секој родител будно треба да го следи развојот на децата и да биде запознаен со фазите на развојот. Но, што е она на што родителите треба посебно да обрнат внимание за нивните деца да го имаат вистинскиот развој?

Секое дете треба да се занимава со спорт, да трча, да се движи, да се намали користењето на таблети и телефони, или доколку тоа се прави да се задржи само на едукативни содржини и апликации, секој родител како прво треба да ги знае фазите на развојот на детето и која фаза што вклучува и на тој начин и да делува.

Никогаш да не се игнорира кога детето поставува прашање, да се научи на емоционална интелигенција, на емпатија и на здрав начин на живот вклучувајќи ги едукацијата и исхраната, и да не заборавам една од моите најредовни препораки: да му докажат на своето дете дека не може тоа секогаш да излезе победник во одредени ситуации и желби, дека постојат и разочарувања и подеми и падови што ќе ги чекаат низ животот.

tino sabotic specijalen edukator sekoj roditel treba da gi znae fazite na razvojot na deteto i koja faza sto vklucuva 3

Разговорот ќе го завршиме со една актуелна тема – смартфоните и децата. Какво влијание имаат паметните телефони врз децата и како да се користат на правилен начин?

Ова е многу актуелна тема во последните неколку години, сите знаеме дека телефоните и таблетите создаваат навика па и зависност кај децата, поради која децата почнуваат да зборуваат на англиски, руски и други јазици, занемарувајќи си го мајчиниот јазик, дури и не се ни свесни дека македонски е нивен мајчин јазик посебно во периодот во формирање на говор од 2 до 5 години.

Исто така, вештачката интелигенција и префинетата аудитивна нота на самите звуци од видеоигрите и видеата создаваат голем проблем во целата психолошка сфера кај децата.

Поради телефоните, подоцна не им се интересни ниту книгите, ниту едукативните играчки, се намалува интересот и размислувањето воопшто.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Е. Х | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg