Интервју со д-р. Анита Николовски: Дали смее да вежбате во бременоста и додека доите, какви вежби да практикувате после породување и препораки

Анита Николовски, доктор по професија e сопруга и мајка на две деца, Владо 4 години и Таиса, 2 години. На Инстаграм може да ја сретнете како Dr.FitMama и споделува корисни совети за вежбање за трудници и мајки. 

intervju-so-dr-anita-nikolovski-na-tema-dali-smee-da-vezbate-vo-bremenosta-i-dodeka-doite-kakvi-vezbi-da-praktikuvate-posle-poragaj-i-preporaki-01.jpg

Уште од најмали години била љубител на спортот, па со нејзината улога на мајка и вработен доктор, можноста за посета на теретани и сали за вежбање се намалува и таа наоѓа начин како да го продолжи вежбањето во домашни услови. 

Со неа поразговаравме на повеќе теми околу вежбањето во бременоста како и кога ќе станете мајка. 

Како дојде до идејата за креирање на блогот Доктор Фит Мама?

Како резултат на една симбиоза на медицината, мојата професија, со моќта на женското тело, мојата пасија. Да им помогнам на многу девојки, сегашни и идни мајки и од медицински аспект да се разрешат сите недоумици и табу теми, поврзани со женското здравје и можноста за физичка активност. Како да научиме да живееме здраво во ова нездраво време.

Не мора да бидете професионалец за да изгледате онака како што посакувате!

Затоа направив еден спој на аеробни, кардио вежби со динамична јога и техники на дишење кои најбрзо ќе ве доведат во психофизичка благосостојба.

intervju-so-dr-anita-nikolovski-na-tema-dali-smee-da-vezbate-vo-bremenosta-i-dodeka-doite-kakvi-vezbi-da-praktikuvate-posle-poragaj-i-preporaki-02.jpg

Кој смее и дали смее да се вежба во бременост? Во кои случаи не се препорачува вежбањето? Кои се придобивките? 

Бременоста е состојба, не е болест! Така треба да се разбере, така и да се пристапи кон истата!

Доколку идната мајка практикувала некаква физичка активност пред бременоста и во моментот има нормална, редовно контролирана бременост и ако има зелено светло од својот гинеколог, безбедна е и пожелно е да продолжи со своите активности.

Секако, интензитетот на вежбање треба да се прилагоди кон новата состојба, а дел од вежбите да се модифицираат.

Не се исцрпувајте себеси и слушајте си го телото!

Голем дел од жените за жал, сè уште гледаат на бременоста како совршен момент да легнат и да се препуштат на мрзеливоста. Знам дека на почетокот уморот може да ве надвладее и се чувствувате поисцрпени од било кога, но неактивноста нема да ви биде од помош.

Еден дел од жените стравуваат дека ќе го изгубат плодот и ќе доживеат абортус ако практикуваат спорт во првиот триместар, или предвреме ќе се породат ако се физички активни во третиот триместар. Имено, се покажало дека физичката активност и нема некој удел во овие ситуации (напоменувам дека станува збор за нормална бременост и активности адаптирани за трудници), баш напротив, ви помага многу полесно да се соочите со сите физички и психички промени кои бременоста ви ги носи со себе, ви влева повеќе позитивна енергија.

intervju-so-dr-anita-nikolovski-na-tema-dali-smee-da-vezbate-vo-bremenosta-i-dodeka-doite-kakvi-vezbi-da-praktikuvate-posle-poragaj-i-preporaki-03.jpg

НЕМА ДА ВИ БИДЕ ДОЗВОЛЕНО ДА ВЕЖБАТЕ ВО СЛУЧАЈ:

  • Ако страдате од некои кардиолошки или пулмонални заболувања.
  • Имате прееклампсија или висок крвен притисок кој за првпат е дијагностициран во бременост.
  • Проблеми со цервикс (скратен цервикс, состојба после конизација и сл.).
  • Вагинално крварење.
  • Проблеми со плацента.

КОИ СЕ ПРИДОБИВКИТЕ ОД ВЕЖБАЊЕТО ЗА ВРЕМЕ НА БРЕМЕНОСТ:

  • Намалува ризик од гестациски дијабет (дијабет стекнат во бременост), а кај жените со дијабет помага во одржување на шеќерот на едно оптимално ниво.
  • Ја намалува можноста од царски рез, односно се зголемуваат шансите за спонтан, природен пораѓај.
  • Намалува болки во грбот.
  • Намалува можност од опстипација со која се соочуваат голем број трудници.
  • Намалува задршка на вода во организмот и отоци.
  • Го подобрува сонот.
  • Превенира прекумерна телесна тежина.
  • Помага во побрзо враќање во психофизичка форма после пораѓај.
  • Превенира постпородилна депресија.

Што можат да вежбаат трудниците и колку е доволно?

Ако не сте биле физички активни пред бременоста, ако сте почетник, стартувајте со 10 минути лесни аеробни вежби или јога вежби. Постепено да се пролонгира времето на вежбање, 15, па 20 минути, додека не се постигнат оптимални 30 минути активност.

Пешачењето и пливањето важат за најбезбедни активности. Следува возење статичен велосипед.

Јогата и пилатесот исто важат за безбедни активности кои може да се практикуваат во овој период, меѓутоа многу е важно да се модифицираат некои од позите и времетраењето во кое се задржува одредена поза.

intervju-so-dr-anita-nikolovski-na-tema-dali-smee-da-vezbate-vo-bremenosta-i-dodeka-doite-kakvi-vezbi-da-praktikuvate-posle-poragaj-i-preporaki-05.jpg

Внимателно со лежење на грб, особено после 16 гестациска недела. Плодот притиска на крвните садови кои ја враќаат крвта во срцето, па лесно може да дојде до несвестица.

Не заборавајте добро да се загрееете пред секој тренинг и да си оставите простор за истегнување и релаксација на мускулите по завршеток на физичката активност. Хидрирајте се и слушајте си го телото!

Секоја болка во стомакот, чувство на влечење и тежина во долниот дел од карлицата или вагинално крварење значи СТОП!

Кои вежби и спортови е пожелно да се избегнуваат за време на бременоста?

Контактни спортови, каде ризикот од повреди и падови е голем, кик бокс, џудо...eкстремни спортови.

Не е препорачливо да се вежба на надморска височина поголема од 2500 метри.

Мој личен став е дека кревањето тегови, вежбање со тежина и тренинзи со многу висок интензитет, како боди билдинг, крос фит, не се неопходни да се практикуваат во овие 9 месеци.

Бидете нежни кон себе! Во вашето тело се случува магија, сепак сте благословени!

На следната страна разговараме за тоа што е дијастаз и зошто се јавува после породување, како да го забележите, дали вежбањето влијае на мајчиното млеко...



Би можело да ве интересира:

Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Вероника Караколева, оперска пејачка: „Не јадам 3-4 часа пред настап, избегнувам комуникација за да ... „Толку ми е силна љубовта кон музиката што не можам да се замислам ниту еден ден...
Зоран Спасов - Ѕоф, урбан скопски лик: „Скопје не би било исто без шармот на оние кои денес имаат по... „Во 2012-та дома го прогласивме Тито за светец и секој 25-ти мај ја славиме слав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg