Интервју со Сара Вукелиќ:„Обожавам да цртам јапонски ликови, а можам да цртам и по 7 часа“

17-годишната Сара од Скопје црта уште од 4 години, вели дека преку цртањето ги изразува своите емоции и верува дека ако доволно сака и се вложува еден ден тоа ќе ѝ биде кариера.

intervju-so-sara-vukelikj-obozhavam-da-crtam-japonski-likovi-a-mozham-da-crtam-i-po-7-chasa-01.jpg

Велат дека ако сте млади и талентирани, тогаш имате крилја, а 17-годишната Сара Вукелиќ од Скопје дефинитивно има крилја.

Таа има неверојатен талент за цртање и одлучна е тој да го одведе на едно повисоко ниво и еден ден токму тоа да ѝ биде кариера.

Се разбира, во меѓувреме не ги запоставува обврските во средното училиште Никола Карев. Таа се води од мотото дека ништо не ѝ стои на патот до исполнување на нејзините соништа и дека сè што се сака доволно се може.

Своите цртежи ги работи со разни техники, а инспирацијата ја црпи на необични места.

Бидејќи сметаме дека младите таленти заслужуват поддршка, проговоривме со неа околу нејзиниот стил на цртање и нејзините дела:

Од колку години црташ и кога твојот талент беше забележан?

Уште од четири години цртам и уште од тогаш знам дека сакам да бидам уметник и да бидам препознаена по моите цртежи и слики. Моите родители секогаш знаеја дека убаво знам да цртам и ме поддржуваа во тоа.

Интересна случка беше кога на училиште имавме задача да направиме скулптура од сапун, јас направив куче што стои со крената опашка и кога отидов во училиште сите се прашуваа како воопшто го направив да стои (скоро сите имаа направено желки или нешто друго едноставно).

Еден ден во деветто одделение почнав да цртам со тотално нов стил и моите дела добија нов изглед, тогаш моите родители навистина го забележаа мојот талент и тоа беше почетокот на моето развивање како млад уметник. Подоцна моите дела почнав да ги објавувам на социјалните мрежи и беа добро прифатени.

intervju-so-sara-vukelikj-obozhavam-da-crtam-japonski-likovi-a-mozham-da-crtam-i-po-7-chasa-04.jpg

Низ твоите цртежи доминираат јапонски ликови, од каде оваа инспирација?

Првпат кога го видов тој стил беше како врата кон нов свет и веднаш знаев дека ова е тоа што сакам да го цртам и не можам да се замислам да цртам и успеам со друг стил како со овој. Преку цртањето и сликањето си се изразувам себеси и своите чувства. Кога луѓето ќе го видат моето дело сакам да почувствуваат емоции.

Јас со сè срце ги правам моите слики и не би можела на друг начин, бидејќи љубовта за уметноста е преголема и необјаснива и не сакам никогаш да прекинам. Инспирацијата ја добивам од многуте серии, игри и манги, односно јапонски стрипови, што ги читам во слободно време нацртани во тој стил.

Секогаш го цртам ликот како јас го замислувам и каков е во мои очи. Но, најинспирирана сум кога слушам музика и само го цртам тоа што ќе ми падне на ум слушајќи ја песната. За мене музиката е инспирација.

intervju-so-sara-vukelikj-obozhavam-da-crtam-japonski-likovi-a-mozham-da-crtam-i-po-7-chasa-07.jpg

Колку време ти е потребно за подготовка на еден цртеж?

Секогаш е различно. Искрено многу зависи од моето расположение ако сум навистина инспирирана за еден цртеж да е целосно завршен и обоен потребни ми се приближно 2-3 часа, а ако сум во посериозно расположение цртам многу подетални дела со што ми требаат од 6-7 часа.

intervju-so-sara-vukelikj-obozhavam-da-crtam-japonski-likovi-a-mozham-da-crtam-i-po-7-chasa-09.jpg

Со какви техники работиш?

Работам со многу различни техники како со молив, туш, дрвени боици, водени, темперни и акрилни бои. Наскоро сакам да почнам и со маслени бои, кои сметам дека ќе дадат нов сјај на моите дела. Ги имам маслените бои дома и само чекам да ми дојде инспирација.

Од наведените техники најмногу сакам да работам со дрвени и темперни бои, иако одземаат многу време и бара многу осет и трпение, боите ги добивам како што ги замислувам со сите тонови и прелевања и секогаш вреди на крајот кога ќе го видам готов цртежот/сликата ама најубавото чувство е кога ќе го видам изразот на лицата и реакцијата на моите пријатели и блиски.

intervju-so-sara-vukelikj-obozhavam-da-crtam-japonski-likovi-a-mozham-da-crtam-i-po-7-chasa-06.jpg

На кое свое дело си најгорда досега…

Најгорда сум на девојчето со сината коса односно мојата претстава на познатата виртуелна пејачка „Hatsune Miku“ која е всушност холограм и прв успешен обид за програмирање на пеење.

Јас одлучив да ја правам со темперни бои бидејќи така добив ефект на жив лик.

intervju-so-sara-vukelikj-obozhavam-da-crtam-japonski-likovi-a-mozham-da-crtam-i-po-7-chasa-08.jpg

Најинтересна случка за време на цртање…

Најинтересна случка за мене за време на цртањето мора да кажам е кога добив три различни идеи за карактери и сите во исто време земав да ги цртам и работам на различни листови и целата соба ми беше покриена со листови и скици. Вистински хаос по кој требаше добро средување.

intervju-so-sara-vukelikj-obozhavam-da-crtam-japonski-likovi-a-mozham-da-crtam-i-po-7-chasa-02.jpg

Кога црташ најмногу те нервира…

Секогаш цртам со музика бидејќи кога зборува некој ми го одзема вниманието. Исто така многу ме нервира тоа и кога ќе ми влезе некој во соба додека работам.

Најпреферирана околина за цртање ми е кога е апсолутна тишина или има само музика и ништо околу мене не се движи. Тогаш целосно се задлабочувам во тоа што го работам и тоа трае додека цртежот не е целосно завршен.

intervju-so-sara-vukelikj-obozhavam-da-crtam-japonski-likovi-a-mozham-da-crtam-i-po-7-chasa-03.jpg

Како реагира околината на твоите цртежи, дали досега си имала контакт со некој од областа на уметноста?

Многумина не го разбираат тоа што го правам и не им е јасно каков стил е, но иако им изгледа чудно сепак допира до нив емоцијата што се обидувам да ја пренесам. Многу поддршка и позитивни реакции сум имала досега и сите ми велат да го остварам мојот сон.

Добивам поддршка и од моето училиште. Имав можност да сликам на еден од ѕидовите во ходникот со мојата другарка и на сите толку им се допадна што бевме снимани додека работевме, со цел за претставување на училиштето во емисија на МРТ.

Исто така сè уште учествувам на натпревари. Но, иако многу ја сакам уметноста и цртањето, не ги запоставувам моите обврски во училиште и успевам да најдам време за сè што сакам да постигнам.

intervju-so-sara-vukelikj-obozhavam-da-crtam-japonski-likovi-a-mozham-da-crtam-i-po-7-chasa-05.jpg

Дали го гледаш цртањето како нешто повеќе од хоби во иднина?

Моментално гледам да го однесам мојот талент на следното ниво. Во иднина навистина сакам цртањето да ми биде дел од мојата кариера и да дојде момент кога ќе можам целосно да му се посветам и да имам своја галерија и изложби во и надвор од Македонија, како секој успешен уметник.

Ова е воедно и мојот сон кој се надевам дека ќе биде реалност еден ден.

Дел од цртежите на Сара Вукелиќ:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Марија Шерифовиќ за CRNOBELO: „Сите мајки за своите деца велат дека се најмили, ама мојот син е љубо... „Откако станав мајка веќе немам време да се релаксирам, сфатив дека ова е хаос и...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Вероника Караколева, оперска пејачка: „Не јадам 3-4 часа пред настап, избегнувам комуникација за да ... „Толку ми е силна љубовта кон музиката што не можам да се замислам ниту еден ден...
Калиопи за CRNOBELO: „Кога создадов свое семејство, сфатив колкава жртва правеле моите родители за м... „Заради мене целото семејство го напушти Кичево и се пресели во Скопје. Тоа се г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg