Богомил Марков, нашиот талентиран Инстаграмџија: Топ 3 локации за зимски фотки во Македонија

Перфекционистот, како што самиот се нарекува, Богомил Марков од Богданци, студент на Факултет за Информатички науки и Компјутерско Инженерство, на Инстаграм познат како @bokimarkov за себе вели дека ако не постоело фотографирањето времето би го вложил во читање и пишување.

bogomil-markov-prirodata-me-ispolnuva_1_copy_copy_copy_copy.jpg

Неговата мотивација се негативните критики од професионалните фотографи, а инспирација што истите го следат и поддржуваат. А, како омилен период за фотографирање ја издвојува зимата.

„Повеќе време трошам на мислење на идеите отколку на фотографирање на истите, односно кога ќе ја креирам идејата во глава, барам уште инспирација за да ја донесам до нејзината совршеност. Тој процес е подолг отколку фотографирање и обработка“, изјавува инстаграмџијата, кој на оваа социјална мрежа се приклучил во 2010 година.

Но, неговата посветеност за фотографија се разгорела година дена подоцна, откако веќе оформил група на следбеници.

„На Инстаграм му посветив најмногу време зошто нуди можност да те видат и луѓе кои професионално не се занимаваат со фотографија. Таму не мора да се креира профил само за да се следат луѓе што се занимаваат со фотографија, туку може да се користи за лично себеизразување и воeдно да се искористи можноста да се ѕирне по некоја професионална фотка“. 

bogomil markov prirodata me ispolnuva 2

ОПРЕМА:

-Sony Alpha 6000 (објективи: 16-50мм f3.5, 50мм f1.8, 35мм f2.8)
-Go Pro Hero 5

ШТО НАЈМНОГУ САКАШ ДА ФОТОГРАФИРАШ?

Не можам да кажам конкретно што е тоа бидејќи идеите понекогаш се самите луѓе, а понекогаш и природата.

Кога немам доволно инспирација одам во природа каде во такви моменти ги отсмислувам најдобрите дела кои мене лично ме исполнуваат.

ТОП ТРИ ЛОКАЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА КАДЕ СЕ ПРАВАТ НАЈУБАВИ ФОТКИ?

Минатата година кога беше целосно замрзната браната Паљруци и Дојранското езеро извадив прекрасни фотографии и за сега ги држат првите две места.

Како трето место ќе ја издвојам планината Кожуф. Пред две недели бев, но се сретнав со многу мал дел од нејзините убавини.

Наредниот период од оваа зима ќе го потрошам во истражување на истата, а воедно моите следбеници ќе ги изненадам со нови зимски фотографии.

Сите оние кои не ги истражиле јужните точки од Македонија, топло ги поканувам да ги видат овие природни убавини.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот... „Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и не...
Марјана Павличек, фотографка: „Дамите сакаат да се фотографираат голи, но се плашат што ќе кажат дру... Марјана Павличек од Куманово повеќе од десет години се занимава со фотографија, ...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg