Од поинаков агол со Рената Кралевска: „Сакајте се и фокусирајте се на сопствениот живот“

Светската сцена е нејзината цел, а во секој проект соработува со еминентни музички имиња и е чекор поблиску дотаму.

pejachkata-renata-kralevska-sakajte-se-i-fokusirajte-se-na-sopstveniot-zivot-01.jpg

Младата и талентирана Рената Кралевска стана миленичка во Македонија со својот глас и стас, но не сопира тука, секој нејзин чекор е насочен кон освојување на светската сцена. Нејзин последен проект е „Queendom“, аудио и видео проект сниман со продуценти во Шведска.

Празничниот период Рената го користи за одмор, а новости на музички план најавува за 2018 година.

pejachkata-renata-kralevska-sakajte-se-i-fokusirajte-se-na-sopstveniot-zivot-07.jpg

Активна е на сцената уште од 2012-та година, кога се најде на повеќе светски листи и аудио компилации во Лос Анџелес дистрибуирани од продуцентите на World Chart Show заедно со Ела Хендерсон, Ники Минаж, Лени Кравиц.

pejachkata-renata-kralevska-sakajte-se-i-fokusirajte-se-na-sopstveniot-zivot-10.jpg

Проговоривме со неа околу тоа што ја инспирира во животот и кое е нејзиното мото:

Кое е твоето животно мото и советот кој би си го дала на помладата верзија од себеси?

Како сè повеќе минувам низ животни ситуации, така функционирам не обврзувајќи се кон едно мото.

Но, ќе кажам, сакајте  се и фокусирајте се на своето духовно развивање толку многу што нема да имате време да се фокусирате на туѓите животи.

На помладата верзија само би ја посоветувала никогаш да не брза во процесот на растење, созревање, затоа што навистина се доаѓа во вистинското време со вистинските лекции.

pejachkata-renata-kralevska-sakajte-se-i-fokusirajte-se-na-sopstveniot-zivot-08.jpg

Кој е најдобриот совет што си го добила во животот и од кого?

Мајка ми е личноста која точно знае во секој момент да ми ги каже вистинските зборови.

Инаку советот што нема да го заборавам е: „Не им верувај секогаш на мислите, слушај го срцето и својот инстинкт. Никогаш нема да згрешиш.“

pejachkata-renata-kralevska-sakajte-se-i-fokusirajte-se-na-sopstveniot-zivot-03.jpg

Најинспиративна книга...

Топло ја препорачувам книгата „Анастасија“ на Владмиир Мегре. Книга која ми ги отвори очите за тоа кои сме навистина и колку е голема нашата моќ, а на каков погрешен начин денес човекот е навикнат да ја употребува.

Оваа книга пред сè е лично доживување, затоа верувам дека во секого ќе разбуди мало освестување кое ќе расте и нема да има крај. 

pejachkata-renata-kralevska-sakajte-se-i-fokusirajte-se-na-sopstveniot-zivot-09.jpg

Фото: Зоран Зонде Стојановски/ Ненад Тасевски

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Зоран Спасов - Ѕоф, урбан скопски лик: „Скопје не би било исто без шармот на оние кои денес имаат по... „Во 2012-та дома го прогласивме Тито за светец и секој 25-ти мај ја славиме слав...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg