Марија-Магдалена од Битола е професорка со совршен моден стил - носи и облека од втора рака и парчиња од баба ѝ
Кога се парфемите во прашање, сакам најубаво да мирисам, ги сакам егзотичните мириси од Блискиот Исток и често испробувам нови миризби, кои понекогаш може да заличат и на машки парфеми. Некогаш на мене беше единствено She на Armani, а последниот период сум навлечена на Baccarat Rouge 540.
Ако треба да изберам модни правила по кои се водам – ќе кажам дека јас и не се водам баш, сама ги создавам. Можам да кажам дека обожавам да бидам камелеон во модата и да „играм“ постојано без да робувам, од бездомнички стил до Пепелашка момент.
Го обожавам чувството на трансформативната моќ која ја дава модата и освен расположението, тоа е чувството кое ме води.
Отсекогаш сум размислувала кој е факторот кој прави еден аутфит да биде запаметен, еве на Оскари или кој било настан, како аутфитот станува евергрин, како зелениот фустан на Лопез, црно-белиот на Одри пред Тифани, волуменозниот костум на Лејди Гага, па дури и бициклитичките на Хејли Бибер и Леди Ди.
Тоа е за мене едно од правилата, да не се копираат излози, туку да се даде свој визуелен и енергетски печат на облеката, како и внимателен придонес парчето да го направиме видливо, присутно во собата каде што сме и да го носиме ние, а не тоа нас.
Ова е најтешкото, но најслаткото, и кој ја сака модата точно ме разбира што сакам да кажам“.
Повеќе фотографии од Марија-Магдалена:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
Би можело да ве интересира:





