Каде е и што прави денес атрактивната Сакине од групата „4 Play“?
Музиката во овој период беше присутна во мојот живот, но не на начин на кој била претходно.
Сфатив дека сакам музиката да ми биде хоби и пасија, а не би сакала да ми биде работа, поради животниот стил што го наметнува.
Соработував со канадскиот андергроунд диџеј Боза, хаус и техно продуцент кој има издадено траки за Роџер Санчез. Тука почнав да пишувам текстови и аранжмани.
Целта не беше популарност, едноставно создававме андерграунд електронска музика која беше промовирана на музички платформи, фестивали и радио станици низ Америка и Англија.
Откако дипломирав почнав да работам како инструктор по зумба и пилатес, нешто што ми причинува многу радост, бидејќи вклучува спорт, танц и здрав животен стил.
Соработував со неколку девојки, држевме часови во повеќе скопски клубови, организиравме латино забави и кои до денешен ден ми се добри другарки.
Во тој период се вработив и во Министерството за внатрешни работи, каде работев до пред 3 години, искуство кое ми ги симна розовите очила и ми покажа како функционира системот.
Тој период, исто така, музиката беше присутна во мојот живот, соработував со Гаврило Миловановиќ, продуцент на филмска музика.
Создадовме многу квалитетна музика, во која се јавувам како вокал, текстописец и аранжер, имавме една промоција на мултимедијален проект и, за жал, поради лични несогласувања не ја продолживме соработката.
Целта не ни беше популарност или заработка едноставно сакавме само да креираме квалитетен звук.
Последниве години работев во германска компанија за телекомуникации и кориснички услуги, и поминав низ еден прилично тежок период на приватен план.
Тука почнав интензивно да пишувам текстови, односно да ја користам музиката како средство за катарза и да си ја лекувам душата.
Постепено учам музички програми и се надевам дека еден ден ќе бидам во можност да си продуцирам своја авторска музика.
Во моментот се подготвувам за преселба на неколку години во Швајцарија, каде живее мојот партнер и каде ќе работам како психолог“.
Потсетете се на песната „Те молам не плачи“:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело