Д-р Драгана Емел Маркоска, педијатар: „Магија за имунитет нема – не давајте антибиотик сами и не трчајте во амбуланта на секоја настинка“

Дали е сè уште активна и честа појавата на бактеријата Streptococcus pyogenes? Како се манифестира и лекува, но и како најдобро да се превенира и да се заштити детето од истата?

Мислам дека оваа година можеме слободно да кажеме дека имаме епидемија од разболување од оваа бактерија.

Инфекцијата со оваа бактерија е една од најтешките за лекување и излекување од истата.

Превенцијата е со одржување на хигиена на рацете, усната шуплина и употребата на одредени пробиотици (тоа е сега нов тренд сè со цел да се превенира инфекцијата, но и компликациите кои може да настанат).

Се манифестира со болки во грлото, болки во зглобовите, намален апетит, покачена температура.

Лекувањето на оваа инфекција не треба да го правите сами дома, туку ова е една од инфекциите каде е задолжително потребно лекување од страна на педијатарот.

Дали е дозволиво лечење по телефон во одредени ситуации на мали настинки или задолжително треба да се посети лекар? И дали некогаш посетата на амбуланта каде има повеќе пациенти кои се болни и заразни, може да биде полош избор, во случај кога детето има блага настинка?

Во денешно време кога достапноста на лекарот е многу голема, би рекла во одредени случаи и злоупотребена, не треба да се оди на лекар веднаш.

Има состојби за кои веднаш се оди на лекар во ординација, ама сепак тие се малку на број.

Знаете, барем во нашата амбуланта ние се запознаваме со нашите пациентчиња уште од раѓање и нашата „дружба“ започнува прво со следење на растот и развојот на детето.

Во текот на тие прегледи, ние им даваме совети на родителите што и како треба да направат во одредени ситуации без веднаш да трчаат во амбуланта.

Знаете, амбулантата за болни деца и самото име кажува е место каде има болни деца со различни болести. Ние колку и да се трудиме да го прочистуваме воздухот, сепак ризик од зараза постои и секогаш треба да мислиме и на тоа.

Кога детето ќе се разболи прво треба веднаш да почнеме со мерки за олеснување на симптомите, со засилена витамино-суплементација и да го следиме детето.

Се консултирате со вашиот педијатар и потоа дури ако треба одите во амбуланта. Ова се разбира е за настинки. Има состојби каде веднаш се оди на лекар.

И тоа родителите го знаат, сигурно веќе педијатарот им кажал што и кога треба да прават.

d-r-dragana-emel-markoska-pedijatar-magija-za-imunitet-nema-ne-davajte-antibiotik-sami-i-ne-trchajte-vo-ambulanta-na-sekoja-nastinka-04.jpeg

Колку често обичната настинка резултира со инфекции на дишните патишта или инфекција на уво? Што се прави во такви случаи, како се лекуваат?

Се случува обична настинка да премине во инфекција на увото во помалата возраст на детето да, ама тоа е поради анатомската градба на увото и носот.

Токму затоа е потребно често чистење на носето кога има секрет.

Исто така, се случува да се искомплицира обична настинка во инфекција на долните дишни патишта, но за да се спречи тоа повторно е потребно често чистење на секретот и тапкање на децата.

Во ред ли е кога родителите на своја рака даваат инхалации со солен раствор, па дури и со кортико? Кога се препорачува инхалација со кортико препарати?

Инхалациите со солен раствор се единствените инхалации кои родителите треба да ги употребуваат на своја рака.

Терапијата со кортико препарати или со други бронходилататорни лекови не смее да се спроведува на своја рака или во договор со фармацевт или само затоа што некоја таква комбинација ѝ помогнала на комшиката, па да пробаме и ние на своја рака.

Тоа се лекови за кои како ќе се употребуваат - треба да одлучуваат само и само педијатрите.

d-r-dragana-emel-markoska-pedijatar-magija-za-imunitet-nema-ne-davajte-antibiotik-sami-i-ne-trchajte-vo-ambulanta-na-sekoja-nastinka-05.jpg

А, што со антибиотикот? Колку често е потребно и дозволено лекување на детето со антибиотик? Дали родителите често го прават тоа на своја рака и како тоа влијае на здравјето на детето?

Уфффф, ова е мојата најголема фрустрација во моментот. Преголемата употреба, да не кажам злоупотреба на антибиотици воопшто не е добра.

Со непотребната или неправилната употреба на антибиотици не му помагаме на детето.

Напротив ние им помагаме на бактериите да станат супер бактерии и да ни го загрозат здравјето на нашите деца.

Дали препорачувате често правење крвна слика, но и брисеви кај детето? Дали е потребно да се прави при секое разболување, пред да се одреди терапија? Мислењата околу ова се многу поделени, кои се вашите ставови?

Кога и како се прави крвна анализа и микробиолошки брисеви и каков тип на истите, зависи од клиничката слика на детето.

Кога и кои анализи се прават одлучува педијатарот, пак ќе кажам во зависност од клиничката слика на детето.

d-r-dragana-emel-markoska-pedijatar-magija-za-imunitet-nema-ne-davajte-antibiotik-sami-i-ne-trchajte-vo-ambulanta-na-sekoja-nastinka-10.jpg

Како влијае загадениот воздух на здравјето на децата? Кои се вашите препораки за зимскиот период кога кај нас има повеќе денови едно по друго со загаден воздух и се избегнува изнесување на децата?

Многу влијае загадениот воздух по здравјето на детето. Токму затоа потребно е секое слободно време кое го имаме да ги однесеме децата на чист воздух.

За жал, немаме многу начини како да го избегнеме загадувањето, можеби да ги минимизираме престоите на отворено само во нужни цели да не кажам.

Дали бегството на планински воздух е препорачливо за децата, дури и кај оние бебиња од најмала возраст?

Сите треба да престојуваат на планина колку што е можно подолго и почесто.

За најмалите бебиња треба да внимаваме на температурата на воздухот, престојот на отворено, надморската височина и сл.

Тоа не значи дека не треба да се носат на планина, туку напротив убаво да се испланира патувањето прво.

Прават ли родителите кај нас некои општи грешки што ги забележувате во секојдневното работење? Што би им порачале?

Сите ние како родители им мислиме најдобро на нашите деца, и во таа цел и грешките кои можеби ќе ги направиме верувам дека се ненамерни. Затоа треба да внимаваме.

Јас мислам дека ние треба да уживаме со нашите деца, да бидеме претпазливи, но и да го следиме личниот развој на детето.

Не треба да правиме работи само затоа што другите тоа го прават. Не, тоа можеби му одговара на другото дете, а на вашето не.

Токму затоа секое дете - своја приказна, уживајте вие во вашата.

d-r-dragana-emel-markoska-pedijatar-magija-za-imunitet-nema-ne-davajte-antibiotik-sami-i-ne-trchajte-vo-ambulanta-na-sekoja-nastinka-02.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Маја од Скопје на 41 година го победи ракот на дојка: „Пациентите кријат дека примаат терапии, кај н... „Сакав и одлучив да живеам и мислам дека таа свесна намера беше пресудна да се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg