Михајло Блажески, тату артист: „Омилено ми е да тетовирам портрети и колку покомплицирани - толку подобро“
Генерално сакам да изработувам големи дизајни, со многу детали, нешто што ми претставува предизвик да го направам.
Сакам да работам технички комплицирани тетоважи. Што повеќе детали и текстури треба да се направат, толку повеќе задоволство ми претставува да ја направам таа тетоважа.
Можеби најтешки се тетоважите во стил што не сакам да го работам, да речеме тетоважи каде што се бара само техничка апликација, а немаат некоја уметничка вредност.
Но, како професионалец на секоја тетоважа мора да се посветиш до максимум и технички да биде перфектно изведена, без разлика дали нас како артисти ни се допаѓа или не.
Ако не се чувствуваш комфорно околу изработката на некоја тетоважа покоректно е да ја одбиеш, отколку да ја направиш само за да помине редот, бидејќи клиентот кој ти ја дал својата доверба секогаш го заслужува тоа“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело