Maкедонија има талентирани млади луѓе: Филип Велковски е наш кларинетист, кој работи и како модел (фото)
- Детали
- петок, 22 ноември 2024
„Можеби звучи како клише, но ние музичарите мораме да започнеме од најмала возраст да се занимаваме со музика доколку сме решиле да ни биде животна приказна“, вели Филип Велковски oд Скопје за CRNOBELO.com.
Филип Велковски oд Скопје е студент на Факултетот за музичка уметност, во класата на професор Игор Бакревски.
Тој е млад талентиран кларинетист, уметноста му е животен избор, но е вљубеник и во модата и работи и како модел.
фото: Јана Јовиќ
За CRNOBELO.com Филип вели:
„Не би сакал да звучи како клише, но вистината е дека ние музичарите мораме да започнеме од најмала возраст да се занимаваме со музика доколку сме решиле да ни биде животна приказна… Но, за да стигнеме до таа приказна секој од нас мора да вложи многу труд и вежбање.
Секако и голема посветеност и напорна работа. Тоа е неопходно за да го задржиме континуитетот и одржување на техничката прецизност, а со самото тоа веќе почнуваме да го градиме сопствениот идентитет како уметници.
фото: devils springs vodka
Природниот талент што го поседуваме е навистина важен, но уште поважно е упорноста и способноста за напорната работа, само и само да ги изразиме сопствените емоции преку музиката која ја изведуваме.
Индивидуалноста и оригиналноста кај секој од нас се посебни елементи кои го издвојуваат уметникот од другите.
За да се постигне оваа цел мораме да бидеме подготвени на отвореност за секој конструктивен совет или критика од нашите ментори и професори. И сметам дека тоа е клучот за нашиот напредок.
фото: Frozen Time Drops
Кога сето ова ќе се постигне веќе сме спремни да настапуваме јавно и таа наша креација да ја чуе и останатиот дел од публиката.
Мора да признаам дека навистина имам среќа што ја имам поддршката од моите професори кои инсистираа и форсираа мои јавни настапи.
Така што, можам да се пофалам иако млад позади себе имам доста солистички настапи и во земјава, но и во странство. Многу настапи како камерно музицирање изведувајќи дела од железен репертоар.