Милена Антовска за љубовта со сопругот Гордан: „Сме имале непријатни ситуации заради мојата кариера, но тој не ме ограничувал“
Раскажи ни нешто повеќе за запросувањето? Се сеќаваш ли како се случи, кој момент засекогаш ќе ти остане во сеќавање?
Запросувањето беше еден од најубавите моменти.
Ние веќе дознавме дека сум бремена со Лана Марија и кратко време после тоа, еден ден сосема неприметно ми кажа дека сака да излеземе на вечера.
Јас прифатив и ниту на крај памет дека тој веќе имал некој план.
Се договорил со моето семејство и со неговото и им кажал каде да дојдат и во колку часот.
Ние двајца само што влеговме, седнавме и наеднаш стана и клекна пред мене и го извади прстенот…
Тогаш дојдоа нашите најблиски и почна забавата. Гордан имаше многу трема, нешто што не е својствено за него.
Набрзо по запросувањето направивте свадба… Зошто го избравте токму манастирот Свети Јован Бигорски за овој свечен чин?
Свети Јован Бигорски и цел тој дел на Македонија го сакам уште од мала бидејќи и моите корени се од Галичник и имав голема желба таму да биде мојата црковна венчавка.
Беше магично навистина…
Денес сте родители на две деца… Се менува ли љубовта по добивањето на децата?
Денес, фала му на Бога, имаме две ќерки, Лана Марија и Јоана.
И двете се родени на прекрасни празници нешто што мене лично ме прави уште посреќна.
Лана Марија на Успение на Пресвета Богородица, а Јоана на Св. Василиј Велики.
Љубовта менува облици со текот на годините и затоа треба постојано да се вложува време, труд и потребна е толеранција и многу разбирање.
Сега кога ќе се навратиш на сите соништа што си ги имала во младоста на љубовен план, веруваш ли дека си успеала да ги оствариш? Каков совет за љубовта би ѝ дала на 16-годишната верзија од себе?
Уф, што би ѝ кажала? Би ѝ кажала дека не требала да троши време на некои луѓе, но, можеби пак и сите тие луѓе со кои имала и позитивно и негативно искуство ме направиле тоа што сум денес.
Она што е интересно е дека кога бев помала мислев дека нема ни да се омажам, а сега сум мажена со две дечиња.
Која е тајната за долга и успешна врска според тебе?
Тајна … хм … Важно е пак ќе кажам да има, пред сè, љубов и многу разбирање.
Убаво викале старите порано – да имаш муабет со тој/таа што си.
Кога имаш муабет, поддршка и меѓусебна заштита мислам дека е многу лесно да се биде во една врска или брак.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Б. С. Б. | Црнобело