Милена Антовска за љубовта со сопругот Гордан: „Сме имале непријатни ситуации заради мојата кариера, но тој не ме ограничувал“
- Детали
- четврток, 21 ноември 2024
„Со Гордан се знаевме од град. Една вечер се сретнавме во една кафеана, ни се сретнаа погледите и веќе знаете како понатаму оди. Ме привлече спонтаноста, искреноста и вниманието кое ми го посветуваше“ – вели Милена Антовска Станковска во интервју за CRNOBELO.com.
1. Општи податоци за тебе за вовед во интервјуто (име презиме, возраст, кажи ни нешто што никој не го знае за тебе);
Водителката Милена Антовска Станковска со години наназад е препознатливо лице на нашите ТВ екрани, која ја води утринската програма на Канал 5. На приватен план таа е посветена мајка и сопруга на Гордан Станковски, со кого е во брак од 2017-та година.
На прашањето да ни каже нешто за себе што јавноста сигурно не го знае, Милена вели:
„Мислам дека сè што треба да се знае за мене веќе многу луѓе знаат. Можеби, ете, не знаат дека не секогаш сум толку смирена и насмеана како на телевизија.
Има моменти кога и јас сум изморена, нервозна, лута како и сите други луѓе.
Тоа што ми е интересно е што многу луѓе кога првпат ќе ме видат во живо ми велат: ’Леле колку си висока … ‘.
Можеби не знаат дека многу сакам животни и како мала чував неколку кучиња и мачиња. Сега моментално не чувам ништо затоа што мислам дека во стан ми е малку комплицирано“.
Таа за читателите на CRNOBELO.com ни откри како започнала љубовната приказна со сопругот Гордан, како ја запросил и повеќе детали за нивната свадба, но и заедничкиот живот.
Во продолжение целото интервју со Милена:
Како започна љубовната приказна со сопругот Гордан, се сеќаваш ли како се запознавте, кој кому му пријде прв?
Со Гордан се знаевме од град (по скопски така би се рекло).
Една вечер се сретнавме во една кафеана, ни се сретнаа погледите и веќе знаете како понатаму оди …
Разговор, па размена на телефонски број, заедничко излегување…
Што беше она што веднаш те освои кај Гордан? Дали веднаш знаеше дека сакаш да останете заедно?
Ме привлече спонтаноста, искреноста и вниманието кое ми го посветуваше.
Веднаш да сфатиш дека сакаш да останеш со некој мислам дека е не е толку лесно, но тоа што веднаш знаев е дека се работи за великодушен човек којзнае како некому да му направи да му биде убаво.
Како се справуваше на почетокот Гордан со твојата популарност, со оглед на тоа што уште кога се запознавте ти веќе беше познато ТВ лице? Му пречеше кога луѓето те препознаваа или не?
Можам да кажм дека одлично се справуваше уште тогаш.
Тој си знае дали некогаш нешто му пречело, но, тоа што мене ми било и сè уште ми е важно е дека не ми предизвикувал проблеми, односно не ме ограничувал во ништо.
Нормално е дека некогаш имало непријатни ситуации или некои коментари и пораки, но секогаш се однесувл во граници на нормала.