Александар од Радовиш е етномузиколог во Виена: „Македонско девојче е светски хит – ја знаат од Хаваи до Монголија“

Ги очекуваат ли нашинците со нетрпение ваквите настани? Доаѓаат ли и луѓе од други националности на ваквите настани и што е она што најмногу ги фасцинира?

Баш пред некој ден имав презентација во Романија на интернационален симпозиум на Светското етномузиколошко здружение за музика и танц ICTMD каде објаснував малку колку е различна состојбата од матицата.

Во Македонија главна причина за одење на игроорна, покрај интересот за народните ора беше дружењето и патувањата.

Единствен и најлесен начин за многумина да излезат од карантинот и да се прошетаат за мали пари, со многу дружење музика и оро.

aleksandar-od-radovish-e-etnomuzikolog-vo-viena-makedonsko-devojche-e-svetski-hit-ja-znaat-od-havai-do-mongolija-12.jpg

Во заедницата е прилично конзервативна, а левичарите и прогресивните не се групираат во официјални заедници.

Сепак, на нашите концерти и настапи доаѓаат и од едната страна и од другата и од сите можни. Бидејќи важам за прогресивен човек и настроен кон бизнисот, човек кој работи на наднационално ниво, со сите можни структури и опции во градот, нормално дека пред сѐ сум ценет од македонската амбасада и иселеници.

Но, рамо до рамо со нив и сите балкански заедници, мислам сепак најмногубројна е австриската публика, за кои нашата музика за жал или за моја среќа, сѐ уште се доживува како „егзотична“, што е политички малку опасен термин, кој се користи за музика на земјите од третиот свет.

aleksandar-od-radovish-e-etnomuzikolog-vo-viena-makedonsko-devojche-e-svetski-hit-ja-znaat-od-havai-do-mongolija-10.jpg

Која песна најчесто ја бараат од тебе да ја отсвириш?

Кога бев кореограф знаев да се шегувам, разочаран од прогресот и велев: „Кариерата ќе ми помине со ‘Пајдушко оро’“.

Додека едни се научат, ќе се случи промена на генерации, ќе дојдат нови, па пак истото... И така до бескрај.

Од песните, најпозната е „Македонско девојче“!

Светски хит, ненадмината во популарност. И на Хаваи и во Монголија ја знаат! после неа е „Јовано Јованке“.

Може ли во Австрија да се заработува како „етнолог“ и музичар, или неопходно е да имаш и друга дневна професија? Колку често те канат да настапуваш на свадби и веселби?

За жал, со оваа професија уметност е да сврзеш крај со крај. На тие што се на академија им е малку полесно, но и тие мака мачат со студенти и финансиски проблеми.

Ќе мора за да опстанеме, многу работи од корен да менуваме во општеството, инаку во блиска иднина многу гранки ќе згаснат како некогаш старите занаети.

За среќа јас се движам добро, сепак работам многу работи, но тоа за Австрија е нормално, затоа што ретко кој вработува на полно работно време, особено во културните дејности.

Јас имам оформено добро име, многу предавања имам преку годината и концерти, кои некои се добро платени, некои помалку.

Давам многу приватни часови, работам во Музеј и во приватна школа во менаџмент.

Можам и целосно да живеам од музика, но моите идеи и цели и потреби се други.

Не можам да допуштам да ми се лизга времето низ прсти шетајќи по зачадени кафеани, по цели ноќи.

И покрај тоа што неизмерно ја сакам музиката и забавите, свириме многу често забави, родендени, свадби итн., сепак јас сум домаќин човек и сакам најмногу време да поминувам со семејството и да не сум зависен од настапите.

Односно прифаќам што ми одговара, и си оставам време за спорт, и личен научен и  духовен прогрес. „Не дојдов јас на печалба тука, туку ум да фаќам“ - знам често да си кажам.

aleksandar-od-radovish-e-etnomuzikolog-vo-viena-makedonsko-devojche-e-svetski-hit-ja-znaat-od-havai-do-mongolija-13.jpg

Ти имаш и свои авторски проекти... Подготвуваш ли нешто ново во иднина и што е тоа?

Да не беше академијата, до сега ќе бев Елвис Присли со 20 албума, ама господ ме чувал.

Реално академијата ми одзема многу од времето за креативност, но успевам сепак да сработам нешто низ годините.

Покрај мојот изворен албум „Звукот на татковината“, во короната имав време за читање дополнителна литература, па решив да прочитам сѐ што ќе најдам за домашно студио и техника, и така спремив еден експериментален албум во домашно експериментално студио кој полека го средуваме и набргу, другата 2025-та година ќе го промовирам.

Станува збор за светски евергрини отсвирени на македонски народни инструменти, дијагонално спротивно од тоа што сме навикнати да го гледаме до сега, а тоа се македонски песни и музика со светски темпирани инструменти од западните фабрики во западни поп, рок и џез стилови.

Е, ова е сега обратно.

Како етномузиколог, претставувајќи ја идејата дека сечија музика е еднакво квалитетна и вредна во својот културен контекст, сакам да му покажам на светот, а пред сѐ на нашиот народ дека нашите инструменти не се ништо помалку вредни од западните колонијалистички наметнати инструменти.

Со нашите инструменти може да создаваме светска музика!

Албумот ќе биде целосен кавер албум, а ќе се вика „Sounds of freedom“.

Време е да излеземе од конзервативните и заостанати рамки и сфаќања за многу работи па и за музиката.

Во иднина покрај албуми со изворна музика кои се првенствено за домашна публика, планирам и авторски дела со модерен призвук кои ќе бидат атрактивни на светската сцена.

Доаѓаш ли често во Македонија и што е она што најмногу ти недостасува од родната земја?

Македонија е блиску, па се обидувам барем двапати годишно да ја посетам, што за мене е минимум.

За жал, другите иселеници во подалечните земји не можат да си го дозволат тој луксуз.

Најмногу ми недостига семејството, пријателите, говорењето на дијалект, седенките и серенадите комбинирани со прекрасна храна и пиење. Со еден збор: „Аирлија собранија со шопска и ж’та, самун и вино, кај мене у дворо под орао“.

aleksandar-od-radovish-e-etnomuzikolog-vo-viena-makedonsko-devojche-e-svetski-hit-ja-znaat-od-havai-do-mongolija-14.jpg

Си размислувал ли некогаш да се вратиш во Македонија?

Реално секој си мечтае за тоа, особено кога малку ќе му е тешко во туѓина.

Уште Ајнштајн рекол дека интеграцијата е една голема лага која оди во прилог само на индустриска револуција и бирократите.

Овде сите живеат во некакви кругови како гета и всушност до 3-та генерација нема никаква вистинска интеграција, туку само соживот и тоа само заради тоа што функционира системот и институциите.

Никој не дошол овде за пари, туку за ред и достоен живот.

Малку од малку да функционираат нашите балкански држави сите би се вратиле.

Македонија е прекрасна земја, но не постои стабилен државен систем и луѓето немаат никаква сигурност во институциите, затоа бегаат - тоа е јавна тајна.

Моја желба е сите што не се во партија и на позиции да ја напуштат Македонија, затоа што секогаш кога ќе се вратам долу гледам сѐ повеќе тажни слики... За плачење, и многу сакам сите луѓе на светот да видат бел ден и да имаат барем за достоен човечки живот.

Тоа за жал, многумина во Македонија го немаат. Храната е поскапа од Австрија, а платите мизерни.

Одговорот краток е: „Не, никогаш! Единствено во пензија“.

aleksandar-od-radovish-e-etnomuzikolog-vo-viena-makedonsko-devojche-e-svetski-hit-ja-znaat-od-havai-do-mongolija-08.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Д-р Александар Каревски, ортопедски хирург: „Најчести повреди се скршеници на колк, рачен зглоб, бут... „Ликот на пациент кој не верувал дека ќе застане без болка, на млад човек кој ми...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Марија Шерифовиќ за CRNOBELO: „Сите мајки за своите деца велат дека се најмили, ама мојот син е љубо... „Откако станав мајка веќе немам време да се релаксирам, сфатив дека ова е хаос и...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Барбара Поповиќ за CRNOBELО: „Имам италијански корени, ќе пеам на Сан Ремо“ „Од македонските музичари најблиска сум со Иван Јованов од Либеро бенд. Тој ми е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg