Миро Кацаров за борбата со анксиозноста: „Од дружељубив, станав плашлив и себичен човек кој не верува никому“

„Во еден момент почнав да ги мразам сите, зашто беа посреќни од мене. Но, анксиозноста ме научи на ред и дисциплина и ми покажа дека не треба да мислам дека сум непобедлив, дека треба да сум добар со луѓето, а не да ги омаловажувам - ме смени на подобро“, вели во интервју за CRNOBELO.com Миро Кацаров.

miro-kacarov-za-borbata-so-anksioznosta-od-druzheljubiv-stanav-plashliv-i-sebichen-chovek-koj-ne-veruva-nikomu-01.jpg

Миро Кацаров долги години е еден од најпрепознатливите водители кај нас.

Иако на телевизија секогаш изгледа опуштено и насмеано, тој признава дека низ годините е многу сменет, а причината за тоа е борбата со анксиозноста, која трае скоро 10 години.

Иако денес е свесен што му се случува и знае како да ги контролира непријатните епизоди и панични напади, на почетокот не му било воопшто лесно. До толку што решил од Дубаи, каде што му се случил првиот анксиозен напад, да се врати назад во Македонија.

Низ целата оваа борба, Миро во разговор за CRNOBELO.com вели дека најмногу си помогнал самиот на себе, кога се соочил со реалноста и ја прифатил ситуацијата во која се наоѓа.

miro-kacarov-za-borbata-so-anksioznosta-od-druzheljubiv-stanav-plashliv-i-sebichen-chovek-koj-ne-veruva-nikomu-15_copy.jpg

Во интервјуто ни раскажа за првите „напади“, но и за тоа како се чувствува денес и како се справува со целата ситуација:

Дали се сеќаваш на првата „епизода“ со анксиозноста?

Да, се сеќавам и цело време кога ќе ми текне на тоа ми се сечат нозете и не сакам на никого да му се случи истото што ми се случи мене.

Првата анксиозна сцена ми се случи надвор од Македонија, кога живеев во Дубаи, а во моментот бев во мол.

Овие анксиозни епизоди најчесто се случуваат во молови, автомобили, во јавен превоз... и те обзема некој бран, чувство дека немаш помош, зашто си во затворено и те фаќа клаустрофобија.

Ќе си кажеш: „До овде е, животот е до тука, не можам да дишам, ми се сечат нозете“.

Едноставно, како да тонеш, како да газиш на памук. Ти отрпнува сè, се препотуваш и го гледаш судниот ден.

Тоа е многу лоша психолошка состојба на умот.

Значи, да, го паметам денот, бев во „Дубаи мол“ во Дубаи.

Кога се случи, почнав да се вртам во круг, буквално да се вртам во круг околу себе, ме фати паника, почнав да си викам „леле, што е ова, што е ова?“.

Отидов во тоалет да се замијам, нели, ни викаат оди замиј се, да се освежиш...

Дојде еден пријател и отидовме да каснам благо, шеќерот да не ми паднал, мислев, а немало врска. По кратко време пак се врати.

Тоа е како некој бран. А се врати кога истиот тој пријател со автомобилот ме остави пред зградата за да стигнам дома, кај мене се појави истото чувство.

Тогаш веќе знаев дека не ми е лошо, туку дека е некоја состојба во главата, дека едноставно не сум како што треба.

miro-kacarov-za-borbata-so-anksioznosta-od-druzheljubiv-stanav-plashliv-i-sebichen-chovek-koj-ne-veruva-nikomu-03.jpg

Дали во прв момент си помисли дека станува збор за анксиозност или ти требаше време за да сфатиш со што се соочуваш?

Јас не знаев што е анксиозност. Ова се случи во 2015 година, кога имав 29 години, и дотогаш бев едно многу силно, многу храбро дете кое живееше во некој розов свет.

Докторите потоа ми кажаа дека сум имал паничен напад, а јас самиот си мислев дека нешто не е во ред со мене, мислев дека забегав психички.

Тоа беше и првата работа што ѝ ја кажав на мајка ми кога ѝ се јавив: „Нешто ми се случува, да не забегав?

miro-kacarov-za-borbata-so-anksioznosta-od-druzheljubiv-stanav-plashliv-i-sebichen-chovek-koj-ne-veruva-nikomu-02.jpg

На колку време имаше епизоди на почетокот?

Уф, секој ден, понекогаш и по неколку пати во денот.

Земаше ли терапија за смирување?

Да, пиев хелекс. Но, апчињата не ми ги дадоа лекарите во Дубаи.

Таму одев на различни испитувања, во неколку приватни болници, ама тие ми викаа дека не ми е ништо и не ми дадоа терапија.

Ќе ми ги испитаа крвта, притисокот и ќе ми кажеа дека сум супер. Јас им велев дека имам такихардија, испитувањата покажуваа дека ми е одлично срцето.

Јас во Дубаи имав одлична работна позиција, работев за светски бренд, па можеби тој притисок што го имав од Арапите, ми создаде притисок во главата и тоа не можев да го поднесам.

Знаеш, во Македонија си свој на своето, таму си сепак граѓанин од втор ред.

miro-kacarov-za-borbata-so-anksioznosta-od-druzheljubiv-stanav-plashliv-i-sebichen-chovek-koj-ne-veruva-nikomu-12.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Јелена Карлеуша за CRNOBELO: „Еден ден ќе станам светска ѕвезда“ „Ника и Атина се скромни девојчиња, така ги воспитав. Пред Ника да почне да сним...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg