Маја Андоновска, инспиративна битолчанка со урбан стил која ја негува и традицијата

„Се трудам секогаш да го одржувам она што мајката природа ми го подарила физички, но најубава сум си кога се смеам од срце - насмевка од 8 до 8, која низ годините ми стана печат и знак по кој ме препознаваат, кога очите ми светат, а душата ми е полна“, вели Маја Андоновска, актерка и дама која инспирира.

maja-andonovska-inspirativna-bitolchanka-so-urban-stil-koja-ja-neguva-i-tradicijata-01_copy.jpg

Маја Андоновска Илијевски (40) од Битола е актерка, која веќе 6 години е директор на НУ Центар за култура Битола.

Оваа дама е среќно мажена, а за сопругот, вели дека ѝ е безрезервна поддршка и вистински столб во животот.

Тие го имаат синот Николај, кој наскоро ќе полни 10 години.

maja-andonovska-inspirativna-bitolchanka-so-urban-stil-koja-ja-neguva-i-tradicijata-15.jpg

Покрај Маја, Николај научил да ужива во театарските претстави, концертите, изложбите и сега често ја придружува мајка си на бројните настани на кои таа оди.

Освен што работи како директор, Маја, која своевремено глумеше и во Македонски народни приказни, не се откажува ни од театарот. Таа во моментов паралелно подготвува две премиери.

Признава дека често ѝ недостига време во денот за да заврши сè, да се посвети повеќе на синот, па оттука произлегува и нејзината најголема мана - не си легнува пред 3 часот наутро, а откако сопругот и синот ќе заспијат, таа си посветува време на себе - да изгледа филм, да прочита текст или да учи сценарио за нова претстава.

maja-andonovska-inspirativna-bitolchanka-so-urban-stil-koja-ja-neguva-i-tradicijata-20.jpg

На работа често оди со велосипед, дотерана од глава до петици.

Но, честопати знае својот урбан стил да го помеша и со традицијата, па на настани до облече народна носија или гардеробата да ја комбинира со уникатниот накит на своите баби.

Во разговор за CRNOBELO.com, Маја зборува за работите кои ја инспирираат во животот:

Колку е тешко да се биде успешна деловна жена кај нас, а истовремено и мајка? Како балансираш со двете?

Николај имаше само 3 години кога бев назначена за директор на Центарот за култура Битола, а сега е момче од 9 и пол години.

Балансирањето меѓу двете, за мене најважни работи кои ги сакам со цело срце, е голем предизвик, кој верувам дека без помош на бабите и дедо му, и секако, без поддршката од сопругот, не би била можна. 

Со оглед дека мојата работа нема фиксно работно време, а дел од фестивалите траат по најмалку 7 дена (некои и 19 дена), тоа значи буквално влегување во домот на краток временски период и враќање повторно на работа.

maja-andonovska-inspirativna-bitolchanka-so-urban-stil-koja-ja-neguva-i-tradicijata-13_copy.jpg

Затоа секогаш се трудам во деновите кога не морам да бидам по двапати на ден на работа, максимално да ги искористам за активности и дружби со мојот Николај.

Кога беше помал тоа значеше прошетки, долги часови играње разни друштвени игри, пеење, танцување, дружби со роднините и пријателите.

А бидејќи тој е веќе школско дете, сега тие активности се сведуваат на носење на часови по англиски, музичко, кошарка, пишување, учење…

Она што мене многу ме радува е тоа што тој сè почесто е заедно со мене на настаните кои ги организирам и не морам да го оставам дома.

Ужива на концерти, театарски претстави и со радост доаѓа како моја поддршка.

maja-andonovska-inspirativna-bitolchanka-so-urban-stil-koja-ja-neguva-i-tradicijata-19.jpg

Коа е тајната на твојот успех на работа? Колкав дел од денот вложуваш во организирање на тековните проекти, осмислување нови, а притоа тука е и актерството.... Ти фали ли некогаш уште по некој час во денот?

Можеби звучи нереално, но јас не мирувам.

Некогаш буквално работам цел ден, а работата не ми завршува со работното време, особено кога сме во процес на организација на големите фестивали како Интернационален фестивал на монодрама, Илинденски денови, Фестивал на музика од светот…

Тоа се фестивали каде дочекуваме и над 1.200 луѓе од цел свет.

Тоа бара сериозна посветеност, анализа, креативност и позитивна енергија, за секое следно издание да биде поуспешно од претходното, бидејќи публиката следи сè, наградува, но и казнува.

За проектите кои не се врзани со фестивалите, се трудам секогаш да бидат значајни, да не се повторуваат, да се донесат уметници кои оставаат силен печат со својата уметност од земјава и светот.

maja-andonovska-inspirativna-bitolchanka-so-urban-stil-koja-ja-neguva-i-tradicijata-11.jpg

Се трудам да бидам активна и во театар, но темпото кое го имав пред да станам директор сега е невозможно.

Но, по една до две премиери во годината ми се случуваа изминативе 6 години, што за мене беше многу значајно, за да го одржувам мојот актерски континуитет.

Време секогаш ми недостига и најголемата мана која ја имам е што не си легнувам пред 3 часот наутро.

Го користам максимално времето кога куќата е тивка и сите спијат да се посветам на себе, да изгледам некој филм-серија, да исчитам некоја книга, да учам текст или едноставно да досработам ако со нешто доцнам…

maja-andonovska-inspirativna-bitolchanka-so-urban-stil-koja-ja-neguva-i-tradicijata-04.jpg

Го запостави ли актерството? Имаш ли некој активен проект во кој си вклучена како актерка?

Во овој момент сум на само неколку дена пред премиерата на претставата „Ричард 3“ во режија на Мартин Мирчевски.

Само две недели по неа ме очекува уште една премиера по повод 80-годишнината на Битолскиот народен театар, насловена „Ѓоре Магаревски“.

maja-andonovska-inspirativna-bitolchanka-so-urban-stil-koja-ja-neguva-i-tradicijata-01_1.jpg

Кои се твоите тајни на убавината?

За мене убавината е врзана со енергијата која ја зрачиме како луѓе, а не со совршените црти на лицето, совршеното тело.

Секако дека се трудам секогаш да го одржувам она што мајката природа ми го подарила физички, но најубава сум си кога се смеам од срце - насмевка од 8 до 8, која низ годините ми стана печат и знак по кој ме препознаваат, кога очите ми светат, кога душата ми е полна, кога со страст гледам на животот и делувам во него, кога некој ќе ислушам, на друг ќе му подадам рака и ќе му помогнам...

Во тоа се крие и мојата тајна, дека сум во постојана потрага по духовна исполнетост и радост.

maja-andonovska-inspirativna-bitolchanka-so-urban-stil-koja-ja-neguva-i-tradicijata-10.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот... „Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и не...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg