Калиопи за CRNOBELO: „Кога создадов свое семејство, сфатив колкава жртва правеле моите родители за мене“

Која е тајната за вашата 40 години успешна професионална кариера? Како успевате секогаш да бидете на врвот, не само кај нас, туку и во регионот, дури и кога „паузирате“ од музиката?

Музиката е таа која ме одржува, постојаноста, доследноста, вербата, но пред сѐ љубовта!

Не постои момент во мојата кариера во кој сум се поколебала или, пак, сум посакала да се откажам.

Едноставно, јас ја живеам мојата професија.

Новиот албум „Албум“ звучи малку различно од вашите претходни, а сепак е потполно е во ваш стил... Како ви успева секогаш да сте препознатлива и своја (а тоа да не е само по гласот)?

Секој албум си има своја боја и мирис.

Нам ни е доволно кога публиката ќе го препознае тоа и засака онака како што ние впрочем го сакаме и уживаме додека твориме.

Препознатливоста веројатно се крие во тоа што гласот е исто што и мојата душа, така што во моментите додека пеам тој станува повеќе од само инструмент. Веројатно е до тоа.

kaliopi-za-crnobelo-koga-sozdadov-svoe-semejstvo-sfativ-kolkava-zhrtva-pravele-moite-roditeli-za-mene-04.jpg

А која ви е омилена песна од албумот, мора да има барем една?

Сите песни од албумот ми се омилени, но еве за вас ќе кажам дека „Дај ми комад душе“ е една од песните која силно ме удри.

Во јавноста сте секогаш насмеана, расположена. Но, кога зад затворени врати ќе треба со некого да споделите и тага и проблеми, која е личноста на која секогаш можете да се потпрете и да знаете дека ќе биде тука за вас?

Во таквите моменти, тука се моите најблиски пријатели, моето второ семејство… Можат да подигнат и карпа за мене, кога јас ја губам силата.

Е, тоа е вистинска среќа! Како да не бидам среќна и насмеана?

kaliopi-za-crnobelo-koga-sozdadov-svoe-semejstvo-sfativ-kolkava-zhrtva-pravele-moite-roditeli-za-mene-05.jpg

По два брака зад себе, дали и понатаму верувате во љубов?

Апсолутно. Бидејќи бракот нема никаква врска со вербата во љубов.

Денес и Ромео и Васил ви се меѓу најблиските луѓе. Дали по разводот ви беше тешко да стигнете до ова ниво на коешто сте денес и од поранешни сопружници да бидете пријатели кои се секогаш тука еден за друг?

Тоа е нешто на кое што се работи и пред сѐ изискува интелигенција.

Ние успеавме да ги победиме сомнежите, стравовите и да ја сочуваме човечката љубов и доверба едни кон други.

И денес функционираме како едно големо семејство. Прекрасно чувство!

kaliopi-za-crnobelo-koga-sozdadov-svoe-semejstvo-sfativ-kolkava-zhrtva-pravele-moite-roditeli-za-mene-08.jpg

Кога ќе се згаснат камерите и светлата на сцената, како сакате да го поминувате времето? Што ви е најголема радост во моментите кога не сте фокусирани на музиката, туку на себе?

Времето по дома во пижами! Времето со себе…

По две Евровизии и огромна еуфорија по вас меѓу фановите, дури и денес, има ли шанса да ве видиме и третпат на големата сцена во иднина? Би прифатиле ли повторно таков предизвик?

Ќе видиме времето што ќе донесе! Јас сум вечен трагач по возбуди, оти ЦРНО И БЕЛО Е СЀ!

Колку добро ви оди играњето тенис?

Па, моментално малку го запоставив играњето тенис, заради големите обврски и ангажмани.

Ама ќе се вратам повторно во форма!Имате ли неисполнета желба (приватна или во однос на музиката)?

Не можам никако да му се пожалам на животот. Благодарна сум за сите досегашни исполнети желби.

Само здравје и ум! За сите нас!

kaliopi-za-crnobelo-koga-sozdadov-svoe-semejstvo-sfativ-kolkava-zhrtva-pravele-moite-roditeli-za-mene-06.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Фото: Ани и Дими



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Саша Матиќ за CRNOBELO: „Кога сопругата не е дома, со ќерките секогаш правиме ‘фешта’“ „Сите овие години балансирам меѓу семејството и музиката. Се навикнаа и тие и ја...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg