Јелена Карлеуша за CRNOBELO: „Еден ден ќе станам светска ѕвезда“

„Ника и Атина се скромни девојчиња, така ги воспитав. Пред Ника да почне да снима ТикТок видеа само ѝ кажав дека никогаш не смее да одговора со грди и навредливи зборови, што и да напише некој за мене или за нашето семејство“, вели во интервју за CRNOBELO.com Јелена Карлеуша.

jelena-karleusha-za-crnobelo-eden-den-kje-stanam-svetska-dzvezda-01_2.jpg

Може да ја сакате или да не ви се допаѓа, но Јелена Карлеуша е жена која никого не го остава рамнодушен со својата појава.

Висока, згодна, женствена, и многу понежна и попрефинета во живо отколку на телевизија.

Барем таков беше впечатокот што го добив додека седевме една спроти друга во конференциската сала на „Јане Сандански“ и правевме интервју пред нејзиниот концерт во Скопје.

jelena-karleusha-za-crnobelo-eden-den-kje-stanam-svetska-dzvezda-25.jpg

Впечатокот дека е борбена жена без влакна на јазикот и понатаму е тука, но Јелена во ниеден момент не беше надмена или дрска, каква што знае да биде понекогаш или каква што се прикажува во јавноста.

Дури и самата пред почетокот на интервјуто, на прес-конференцијата за македонските новинари, кажа:

„Јас сум многу слатка и мила, верувајте ми. Јелена на сцената и Јелена приватно се две сосема различни жени. Јас сум и ранлива, плачам, се смеам, сосема сум нормална“.

jelena-karleusha-za-crnobelo-eden-den-kje-stanam-svetska-dzvezda-23.jpg

А балканската ѕвезда тоа го покажа и кога го завршивме разговорот за CRNOBELO.com.

Во салата дојдоа неколку хигиеничарки и прашаа дали може да се фотографираат со неа, а Јелена се фотна и поразговара неколку минути со сите нив, десетина на број, и потоа продолжи со работните обврски.

jelena-karleusha-za-crnobelo-eden-den-kje-stanam-svetska-dzvezda-16.jpg

По сето ова, заклучокот е дека Јелена е навистина жена со големо Ж, пејачка која не одбива новинарски прашања, која со емоции зборува за починатата мајка Дивна, но и за ќерките Ника и Атина.

А знае и да се пошегува на своја сметка, па вели:

„Јас да бев на местото на Џорџина Родригез и да имав свој документарец, никогаш немаше да ја пофалам неа толку многу во јавноста како што таа ме исфали мене, ха, ха“.

jelena-karleusha-za-crnobelo-eden-den-kje-stanam-svetska-dzvezda-13.jpg

За концертот во Скопје и за приватниот живот, прочитајте го интервјуто со Јелена Карлеуша:

На 19 октомври по долго време ќе настапите пред македонската публика. Што може да очекуваат тие што ќе дојдат на концертот „Алфа и омега“?

Јас мојата балканска турнеја ќе ја почнам од Скопје. Скопје секогаш ми носи радост.

Македонија секогаш била мој среќен знак, многу го сакам народот и тоа со години наназад го покажував.

А мислам дека и Македонците ме сакаат мене, ја ценат музиката и ги ценат музичарите кои даваат 300% од себе на сцената.

Имам чувство дека ако тргне добро овој концерт, ако Скопје „повлече нога“ - цела турнеја ќе е добра, а ако биде лошо - тогаш ќе е лошо до крај.

Ете, верувам во такво нешто. И можам да кажам дека сум многу возбудена.

А што се однесува до самиот концерт, верувам дека секој што ќе дојде ќе сфати дека вреди секој еден денар што го дал за билет.

Ова шоу е спектакуларно и чини многу. И јас тука нема ништо да заработам. Не доаѓам во Македонија да се збогатам - јас сум богата жена.

Доаѓам во Македонија да се покажам, доаѓам затоа што го сакам овој народ и затоа решив дека турнејата мора да ја почнам откај вас.

jelena-karleusha-za-crnobelo-eden-den-kje-stanam-svetska-dzvezda-20.jpg

Изгледате одлично и на 46 години имате тело на кое може да ви позавидат и двојно помлади девојки... Како ја одржувате фигурата, имате ли некоја дневна рутина?

Немам дневна рутина, но не јадам животни, не сакам да јадам нешто што е убиено.

Немам ниеден порок - не пијам, не пушам, никогаш во животот не сум пробала кафе.

Не вежбам, не држам диети, но јадам многу овошје и зеленчук.

Кога не го третираш своето тело како контејнер за ѓубре, туку се храниш здраво, сметам дека тоа се одразува и на кожата и на енергијата и на целокупното здравје.

Не сум љубител на благо, ама овошје и зеленчук можам да јадам во неограничени количини.

На пример, обожавам кромид и младо лукче. 

jelena-karleusha-za-crnobelo-eden-den-kje-stanam-svetska-dzvezda-10.jpg

Се крена голема прашина пред неколку месеци кога се појавивте на модната ревија на Vetements во Париз, на која беше и Џорџина Родригез. Таа потоа ја искористи снимката за својот документарец и не штедеше комплименти за вас и вашиот изглед. Колку ви годи кога светските медиуми, но и личности како неа, зборуваат за вас во суперлатив?

Таа е многу слатка, мила и фина во природа, и многу е скромна. Малку игра некоја своја улога поради медиумите, Нетфликс, поради таа нејзина серија, глуми џет-сет лудило, а всушност е многу, многу нормална.

Таква е целата мала, многу убаво градена, не е ни слаба. Си ја има, ха, ха. Баш изгледа како наша жена, од овие простори.

Ме гледаше на ревијата и бидејќи видов дека ме набљудува, јас ѝ се обратив.

Всушност јас сум единствената што ѝ прозборе, другите се тргаа од неа.

Ја прашав зошто е нерасположена и така почнавме да разговараме.

jelena-karleusha-za-crnobelo-eden-den-kje-stanam-svetska-dzvezda-07.jpg

Секако, ја прашав уште колку време ќе останат во Ријад, каде што живеат поради кариерата на Роналдо, таа ми кажа до кога остануваат и тоа потоа го пренесоа сите светски спортски медиуми. Ја упропастив, што да ти кажам.

Инаку на ревијата на Vetements се претставив и како манекенка и заборавив на тоа, беше баш одамна.

Потоа случајно видов дека излегол документарецот на Џорџина, го пуштив и видов дека избрала да објави дел во кој има убави коментари и комплименти за мене.

Ама искрено, јас да имам документарец за мене, никогаш не би покажала јавно како ја фалам неа, ама ете, Џорџина ме изненади и ме воодушеви колку не е суетна и колку убави зборови кажала за мене во својот документарец.

Фала ѝ за тоа, треба да учиме од неа.

jelena-karleusha-za-crnobelo-eden-den-kje-stanam-svetska-dzvezda-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Саша Матиќ за CRNOBELO: „Кога сопругата не е дома, со ќерките секогаш правиме ‘фешта’“ „Сите овие години балансирам меѓу семејството и музиката. Се навикнаа и тие и ја...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg