Јелена Карлеуша за CRNOBELO: „Еден ден ќе станам светска ѕвезда“

Со години ве следи епитетот „мала од скандала“... Чудно ли ви е кога во медиумите ќе напишат нешто убаво за вас, а не скандалозно?

Јас веќе и не знам што ново скандалозно може да се напише за мене.

Понекогаш имам чувство дека и кога дишам од тоа ќе произлезе некаков скандал. Ама, таква ми е изгледа кармата.

Тоа што на луѓето им е скандалозно, мене не ми е. Тоа е мојот живот, за жал, ха, ха - тоа сум јас.

Би сакала да можам да се вклопам во некакви стереотипи и да ме сакаат сите, ама ете, не ми оди од рака.

jelena-karleusha-za-crnobelo-eden-den-kje-stanam-svetska-dzvezda-14.jpg

Кој е најдобриот совет што го добивте од вашата мајка Дивна, а кој сега им го пренесувате на ќерките?

Јас многу млада почнав да се занимавам со оваа работа, на неполни 16 години, колку што сега имаат моите Атина и Ника.

И многу патев, бев бурна, емотивна, агресивна, гласна - сè она што мојата Дивна не беше.

Таа си роди ќерка која е нејзина дијаметрална спротивност.

Сè влијаеше на мене, ме погаѓаше - нападите, неправдата, грдите зборови, а неа ја болеше што јас во комуникацијата со мажите, со медиумите, со луѓето генерално, немам среќа, па постојано плачам.

jelena-karleusha-za-crnobelo-eden-den-kje-stanam-svetska-dzvezda-03.jpg

Реченицата што ми ја кажуваше, а која јас сега им ја кажувам на моите ќерки, е всушност една голема мудрост.

Ми велеше: „Сине, никој не е вреден за да пролееш макар и една солза на него“. И јас сега им го кажувам тоа на Ника и Атина.

Всушност, кога ќе помине сè, сфаќаш дека никој не бил вреден да плачеш по него, навистина.

Мојата мајка беше прекрасна жена, и таа зад себе остави многу, но сега сето тоа е заклучено во куќата во којашто живееше и сето материјално што го стекнала, едноставно седи таму.

Јас по нејзиното заминување само ја заклучив куќата и никогаш повеќе не стапнав во неа.

jelena-karleusha-za-crnobelo-eden-den-kje-stanam-svetska-dzvezda-08.jpg

Ника има многу следбеници на ТикТок и одлични видеа, многу е забавна и опуштена... Следите ли што објавува и што мислите за нејзината ТикТок кариера?

Јас сум дупли Лав во хороскоп, и ние сакаме да ги почнуваме речениците со „јас“ и да бидеме во центарот на вниманието.

Ајде да се пофалам малку себеси дека се потрудив толку убаво да ги воспитам Ника и Атина, што воопшто не се грижам што ќе снима Ника, воопшто не ѝ се мешам и не ги гледам нејзините видеа.

Јас следам на ТикТок, ама не отворам, освен ако не ми кажат пријателите да видам нешто или ако не споделат нешто медиумите.

Таа е скромно, убаво воспитано девојче и главно во видеата подготвува салата од краставици и зборува колку ѝ е тежок животот затоа што дента има 7-8 часови и си зборува за некои нејзини детски теми и тоа ми е многу слатко.

Јас само на почетокот ѝ кажав дека никогаш не смее да одговора со погрдни зборови, без оглед што ќе ѝ напише некој за неа, за нејзината мајка, за некој од нашето семејство, зашто на социјалните мрежи има сè и сешто.

Може да одговори, ама не смее да користи грди и навредливи зборови.

Интересно е како мојата ќерка знае да му одговори со најубави зборови и на тој што пишува грди работи и да го стави на свое место.

jelena-karleusha-za-crnobelo-eden-den-kje-stanam-svetska-dzvezda-17.jpg

Кога ќе згаснат камерите, зад затворени врати, каква е Јелена приватно? Може ли некој да ве види дома како седите по тренерки, јадете пуканки и гледате опуштено серија, на пример?

Мојот живот е еден голем парадокс. Јас сум „вонземјанин“ на сцената, а најнормална личност вон неа.

Јас не излегувам никогаш никаде, само седам дома, и тоа по тренерки.

Имам многу животни, дури 9 и вдомувам животни кои луѓето ги повредиле и отфрлиле. Се занимавам и со хуманитарна работа.

А кога не работам, не сакам хаос, гужви и луѓе.

Се дружам со многу мал број луѓе и опкружена сум со животните, тоа е мојот живот кога не сум на сцената.

jelena-karleusha-za-crnobelo-eden-den-kje-stanam-svetska-dzvezda-02.jpg

Со кој македонски музичар би сакале да снимите дует?

Желба ми беше да снимам песна со Тоше, но тоа, за жал, никогаш не се оствари.

jelena-karleusha-za-crnobelo-eden-den-kje-stanam-svetska-dzvezda-11.jpg

А која ви е омилена македонска песна?

Не можам да издвојам ниедна. Вие имате толку богата ризница на песни, особено стари народни, што секоја од тие песни ми се допаѓа и ја слушам со задоволство.

Ја обожавам македонската традиционална музика.

jelena-karleusha-za-crnobelo-eden-den-kje-stanam-svetska-dzvezda-18.jpg

После 30 години кариера, има ли нешто што посакувате да си го исполните и да си речете сама на себе: „Тоа е тоа Јелена, го достигна врвот...“?

Имам само една неостварена желба. И бидејќи сум скромна личност, навистина сум скромна, ќе кажам дека тоа е да станам светска ѕвезда.

Верувам во тоа, верувам дека ќе се случи еден ден.

А има уште еден проблем - јас никогаш не се откажувам, го немам тоа во својот генетски код.

Можеби тоа е и причината што траам толку долго и чекам да ми се оствари тој сон.

Еве, ветувам, ќе се пензионирам кога ќе станам светска ѕвезда, ха, ха, ха.

jelena-karleusha-za-crnobelo-eden-den-kje-stanam-svetska-dzvezda-15.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело 



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Саша Матиќ за CRNOBELO: „Кога сопругата не е дома, со ќерките секогаш правиме ‘фешта’“ „Сите овие години балансирам меѓу семејството и музиката. Се навикнаа и тие и ја...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg