Тони Зен за татковството: „Синот Јасен ме смени на подобро“

Како го минувате времето кога сте сами двајцата?

Како другари. Ако не иде во градинка, се дружиме цел ден заедно, башка и со Алф (кучето), банда сме ептен.

Бидејќи сопругата е на работа преку ден, јас ги дружам.

Има ли омилени места кај што сака да го носиш или активности кои сака да ги правите?

Јасен е разновиден, не се врзува за едно место, па тоа да му е омилено.

Сум приметил дека сака да се дружи со дечиња, интеракцијата му е поважна отколку реквизитите.

toni-zen-za-tatkovstvoto-sinot-jasen-me-smeni-na-podobro-od-mene-mu-e-inaetot-17.jpg

Какво дете е Јасен?

Златно дете е Јасен, од изворот директно.

Покажува ли тој талент за музика? Има ли музички афинитети или уште е мал?

Има 5 години и осет за повеќе аспекти од животот, меѓу кои и музиката. Поубаво пее од мене, ха, ха.

toni-zen-za-tatkovstvoto-sinot-jasen-me-smeni-na-podobro-od-mene-mu-e-inaetot-02.jpg

Колку од својот карактер препознаваш во карактерот на синот? Или е повеќе на сопругата?

Повеќе има од сопругата особини примено, на неа е метнат. Од мене може инаетот му е.

А на кого личи повеќе физички - на тебе или на мајка му?

Убава комбинација и од двајцата, а за среќа, на сопругата личи повеќе, ха, ха.

toni-zen-za-tatkovstvoto-sinot-jasen-me-smeni-na-podobro-od-mene-mu-e-inaetot-08.jpg

Јасен има навистина несекојдневно име - кој го бираше и има ли приказна што стои зад тоа?

Го имавме на ум и двајцата тоа име, но, сопругата е позаслужна да се вика Јасен. Многу некако спонтано и природно се случи тоа, само по себе си дојде името.

Која ти е најубавата работа поврзана со татковство?

Научив дека што поголема одговорност, тоа поголеми слободи живееме, така што, да бидам одговорен е најубавата работа. Кога не сум одговорен, не сум јас, не сум среќен и исполнет.

toni-zen-za-tatkovstvoto-sinot-jasen-me-smeni-na-podobro-od-mene-mu-e-inaetot-22.jpg

А што ти е најстресно?

Децата се ранливи, па најстресно е кога ќе крене 40.6 температура.

Колку те смени раѓањето на синот?

Ме смени, многу, на подобро.

Што е подобро во твојот живот откако се роди тој?

Сѐ е подобро.

toni-zen-za-tatkovstvoto-sinot-jasen-me-smeni-na-podobro-od-mene-mu-e-inaetot-19.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело / фото: Приватна архива



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Саша Матиќ за CRNOBELO: „Кога сопругата не е дома, со ќерките секогаш правиме ‘фешта’“ „Сите овие години балансирам меѓу семејството и музиката. Се навикнаа и тие и ја...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg