Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајвар“

Виолината на страна, познат си како голем вљубеник во адреналинот. Неодамна во Белград првпат учествуваше и ја заврши трката Ironman. Кажи ми повеќе за тоа - колку време се подготвуваше за трката и дали си задоволен од резултатот?

Ова е исклучително напорна трка - треба да испливаш скоро 2km, да поминеш 90km возејќи велосипед и да истрчаш 21km... 

Ми требаа 06:27:32 часа за да ја завршам целата трка, но со нејзиното комплетирање си остварив еден од најголемите животни соништа.

Логистиката за самиот тренинг, мислам дека ми беше потешка од самата трка. Во април дознав дека Ironman ќе се одржува првпат во Белград и дека трката ќе биде на 15 септември.

Кога дознав за тоа, прво проверив дали сум слободен на тој датум и за некое чудо немав закажано концерт тој викенд (трката се случи 2 дена по моето патување во Италија и 2 дена пред моето доаѓање во Скопје).

Втората работа на којашто морав да се посветам беа тренинзите, односно, дали ќе имам доволно време да се подготвам, бидејќи оптималното време за тренинг за оваа трка е 20 недели.

stefan-milenkovikj-za-crnobelo-sekogash-so-zadovolstvo-se-vrakjam-vo-makedonija-go-sakam-vashiot-ajvar-10.jpg

Почнав со тренинзи на 1 мај, што ми даде доволно време за подготовки.

Голем предизвик ми беа патувањата, бидејќи често одев на турнеи, а не секаде можеш да најдеш велосипед, на пример, за да тренираш иако не си дома, или базен за пливање. Но, се потрудив да бидам константен во тренинзите.

На крајот, се испостави дека самата трка е најлесна од сè, многу полесна од некои тренинзи.

Но, на денот на трката, времето беше многу лошо и тоа ни го отежнуваше пливањето, трчањето, дури и возењето велосипед.

Во тоа време се случи оној ладен бран и температурата падна на 9-10 степени Целзиусови, постојано имаше студен ветер и дожд. Но, тоа си го сфатив како дополнителен предизвик.

Кога веќе сум дошол, глупаво ќе беше поради малку лошо време да се откажам од трката за која се подготвував 4 месеци.

stefan-milenkovikj-za-crnobelo-sekogash-so-zadovolstvo-se-vrakjam-vo-makedonija-go-sakam-vashiot-ajvar-11.jpg

Селин Дион во својот документарец вели: „Го пропатував светот, а не видов ништо“. Дали е истото и со тебе? Или сепак наоѓаш време да ги истражуваш земјите и градовите што ги посетуваш?

Порано навистина не одев никаде, немав време. Ќе стигнев на некоја дестинација, ќе ги видев аеродромот, хотелот, патот до салата, па ако ѕирнев низ прозорецот ќе видев некоја знаменитост понекогаш, но тоа беше сè.

Последниве години се трудам да го сменам тоа, бидејќи знам колку многу работи сум пропуштил, иако сум бил на преубави места, а ништо не сум видел.

Затоа, сега си давам на себеси задача да излезам малку од хотелот или од концертната сала, да ја разгледам околината, градот во кој се наоѓам.

Сакам да видам нешто што е специфично, или што го знаат само локалците, да го искусам тоа место, а не да го доживувам само преку концертот и публиката.

Ете, се трудам да бидам подобар од тоа што сум бил претходно.

stefan-milenkovikj-za-crnobelo-sekogash-so-zadovolstvo-se-vrakjam-vo-makedonija-go-sakam-vashiot-ajvar-04.jpg

Во Скопје доаѓаш по 5 години пауза, претходниот концерт го одржа во 2019. Ќе имаш ли време да се видиш со пријателите кои живеат тука?

Им се јавив на неколку луѓе со кои се дружам и со дел од нив ќе се видам на кратко, колку што ми дозволува времето.

Пак ќе биде тоа набрзина, немам баш време, но ќе се потрудам да го видам Скопје како турист, како човек, а не само како уметник и да не излезам никаде.

stefan-milenkovikj-za-crnobelo-sekogash-so-zadovolstvo-se-vrakjam-vo-makedonija-go-sakam-vashiot-ajvar-09.jpg

Дали и понатаму свирите на виолината стара преку 250 години?

Да да, и понатаму свирам на неа. Оваа виолина е необична, има мистериозна историја. 

Изработена е 1783 година и била во сопственост на француско семејство пред да стигне до мене, но никој не свирел на неа во последните 50 години, само така стоела.

А интересно е што за виолините се знае кој ги поседувал, кој свирел на нив, но еве, за мојата виолина нема такви податоци.

Таа само „изникна“ од некаде, се појави и јас сум најсреќниот човек на светот што е моја.

Верувај, во мојава професија ретко кој добива шанса да најде таков „сопатник“ во животот.

stefan-milenkovikj-za-crnobelo-sekogash-so-zadovolstvo-se-vrakjam-vo-makedonija-go-sakam-vashiot-ajvar-07.jpg

Неодамна свиреше на најверојатно најскапата модерна виолина во светот, направена со осмиум, еден од најретките метали на планетата. Какво искуство беше тоа?

Да, тоа ми го овозможи Фондацијата на Новак Ѓоковиќ. Таа виолина има уметничка вредност, како јувелирско дело.

Тоа е како, на пример, некој да му даде на Новак рекет обложен со дијаманти да игра со него.

И ова е исто - виолина која има голема вредност, а на која може да се свири.

Секако, тоа не е виолина за практична употреба.

Истата виолина Фондацијата ја изложува на разни настани, но овој пат јас имав можност да свирам на неа и имав настап од некои 15 минути, што беше навистина уникатно искуство.

stefan-milenkovikj-za-crnobelo-sekogash-so-zadovolstvo-se-vrakjam-vo-makedonija-go-sakam-vashiot-ajvar-05.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело 



Би можело да ве интересира:

Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg