Наставник Гоце Бумбароски: „Материјалот што се учи не е обемен – децата се навикнати да врват по полесниот пат“

„Денес децата се премногу стимулирани и премногу опкружени со материјални предмети, но тие се лишени од основите на здравото детство, како што се: емоционално достапни родители, јасно дефинирани граници, одговорности“ – вели во интервју за CRNOBELO.com, наставникот Гоце Бумбароски, кој предава на деца од прво до петто одделение.

nastavnik-goce-bumbaroski-materijalot-shto-se-uchi-ne-e-obemen-decata-se-naviknati-da-vrvat-po-polesniot-pat-01.jpg

Сите знаеме дека одделенските наставници имаат многу важна улога врз развојот на нашите деца. Тие се првите наставници со коишто децата се среќаваат и нивна задача во најмала рака е да им го дадат правецот на учениците и да ги натераат да го засакаат образованието и училиштето.

Но, сте се запрашале ли некогаш со какви предизвици се соочуваат овие луѓе? Што се случува со нив секојпат кога треба да земат нова генерација и да ја моделираат, да ја приспособат на нормите наложени од самиот процес на образование? Колку нашата одговорност или неодговорност како родители им ја олеснува или им ја отежнува работата?

nastavnik-goce-bumbaroski-materijalot-shto-se-uchi-ne-e-obemen-decata-se-naviknati-da-vrvat-po-polesniot-pat-02.jpg

Во време кога сè почесто се зборува за нарушувања како АДХД и eкранизам, кога како родители сè повеќе сме растргнати и сконцентрирани врз обезбедувањето основна материјална егзистенција, наставниците се токму оние луѓе што поминуваат најголем дел од времето со нашите деца.

Во тој контекст е и ова интервју со наставникот Гоце Бумбароски од Прилеп, кој работи во ООУ Кочо Рацин, каде што предава на дечиња од прво до петто одделение.

nastavnik-goce-bumbaroski-materijalot-shto-se-uchi-ne-e-obemen-decata-se-naviknati-da-vrvat-po-polesniot-pat-03.jpg

Од први септември, годинава тој ќе застане пред клупите на нова генерација првачиња, а како што вели, за нив наставниците „земањето нова генерација е како повторно да се родиле“.

Гоце е доста активен на социјалните мрежи каде со досетливи објави се обидува да влијае и врз родителите, но и врз колегите и да ги адресира абнормалните појави во образованието и општеството со кои се соочуваме, а кои честопати ни се сервираат како секојдневие.

Со него разговаравме за сите предизвици со кои се соочуваат наставниците, почнувајќи од митот дека тие имаат тримесечен одмор, завршувајќи со предизвиците кои на часот ги поставуваат децата кои се соочуваат со екранизам и АДХД…

Од однесувањето на родителите кои го газат авторитетот на наставникот, до оние кои се премногу заштитнички настроени кон децата и им ги пишуваат домашните задачи.

nastavnik-goce-bumbaroski-materijalot-shto-se-uchi-ne-e-obemen-decata-se-naviknati-da-vrvat-po-polesniot-pat-04.jpg

Во продолжение проследете го целото интервју со Гоце:

Често се вели дека наставниците имаат по 3 месеци одмор во текот на летниот период. Вистина ли е тоа? Кажете ни, вообичаено како изгледа периодот пред почетокот на учебната година за наставниците?

Учебната година почнува на 1 септември, а завршува на 31 август наредната година.

Во текот на учебната година наставникот има право на користење годишен одмор во времетраење од најмалку 23 работни дена (кои според стажот можат да бидат најмногу до 29 работни дена) со напомена дека годишниот одмор е колективен и е во строго определен период од годината (средината на јули до средината на август), а не кога ќе посака вработениот, како што е случај во другите институции.

Според тоа, наставниците користат годишен одмор исто како и сите вработени во јавниот сектор.

Пред почетокот на учебната година има неколку активности поврзани со истата и тоа: се организира наставнички совет и на него се започнува со изработка на новите акциони планови за сите новоформирани тимови и полека се изработува годишната програма на училиштето за претстојната учебна година, притоа ние наставниците мораме:

  • да ги подготвиме нашите годишни и тематски планирања за наставата и предметите што ги предаваме (тоа вклучува годишно, месечно, па и неделно планирање по предмети),
  • да направиме распоред на часови,
  • план за писмени проверки,
  • план за еко-активности,
  • план за посети и екскурзии,
  • план за соработка со родители,
  • план за слободни активности,
  • план за секции.
  • план за соработка со локалната самоуправа и други активности.

nastavnik-goce-bumbaroski-materijalot-shto-se-uchi-ne-e-obemen-decata-se-naviknati-da-vrvat-po-polesniot-pat-07.jpg

Предавате на дечиња од прво до петто одделение, која е вашата порака што би им ја упатиле на родителите кои годинава имаат првачиња? На што треба да бидат подготвени за успешно да го започнат образованието на нивните деца?

Почитувани родители, со вашите секојдневни постапки им испраќате пораки на вашите деца.

Она што го испраќате е премногу важно, тоа им помага да се снајдат низ животните лавиринти;

Им помагате правилно да можат да го разграничат доброто од лошото и да го пронајдат правилниот животен пат – бидете добар пример затоа што секоја генерација расте врз рамениците од претходната.

nastavnik-goce-bumbaroski-materijalot-shto-se-uchi-ne-e-obemen-decata-se-naviknati-da-vrvat-po-polesniot-pat-08.jpeg

Лесно ли се забележуваат домашните напишани од родителите? Може ли наставникот брзо да увиди кое дете се труди само и пишува, а на кое домашната му ја сработиле родителите?

Многу лесно се забележува кој ја пишувал домашната.

Баш поради тоа, јас до трето одделение избегнувам да задавам домашна работа, или доколку зададам, таа е во форма на истражување кое треба да го направат самите ученици и усно да ми го интерпретираат.

Ако само ги погледнеме учебниците од прво до петто одделение, може да се забележи дека наставата што денес се предава во првите одделенија е многу пообемна од она што ние го учевме како деца. Подготвени ли се децата на 6 години да почнат да учат толку интензивно?

Живееме во динамично време кое од нас бара многу поголема фокусираност на работите.

Голем дел родители сметаат дека им помагаат на своите деца со тоа што ги прават работите наместо нив.

Сметаат дека со тоа што ќе ги тргнат сите препреки од патот по којшто врват децата им направиле добро дело – баш напротив тоа е сосема погрешно.

Важно е да ги оставиме децата да се соочат со разни предизвици и сами да го најдат решението на одреден проблем.

Наместо да им ловиме риба секој ден, треба да ги научиме да рибарат, нели?

Па во тој контекст ќе се обидам да одговорам на прашањето: Не е материјалот обемен – децата од мали нозе навикнати се да врват по полесниот пат.

Треба да знаат дека животот не станува полесен – ние стануваме посилни под притисок на предизвиците.

nastavnik-goce-bumbaroski-materijalot-shto-se-uchi-ne-e-obemen-decata-se-naviknati-da-vrvat-po-polesniot-pat-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Даниела Петровска, професорка по македонски: „Учениците не читаат, предизвик е да ги натерам да одат... „Социјалните мрежи се место каде што повеќето луѓе, за жал, го извитоперуваат с...
„Децата од нашата градинка секој ден се надвор, пешачат, играат и на дожд и во кал“: Интервју со Јас... „Во нашата градинка, децата секојдневно поминуваат 3 до 5 часа надвор. Ние верув...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
„Сѐ уште има многу родители кои веруваат дека 'ќотекот е излезен од рајот'”– Интервју со Елена Грама... „Доколку ви дојде гостин дома и истури вино на тепих, како ќе реагирате? Сигурно...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg