Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови“

„Ние сме едно. Сега само го чекам денот кога ќе се појави некој Стефан јуниор или јуниорка - немам ништо против девојче, но ќе бидам искрен, сакам да е првото машко“, вели Лазаров за CRNOBELO.com и ни ја раскажа неговата љубовна приказна со Марта.

stefan-lazarov-za-ljubovta-so-marta-me-nervira-nejzinata-trapavost-ama-pa-toa-go-sakam-najmnogu-kaj-nea-01.jpg

Стефан Лазаров и неговата сопруга Марта се повеќе од една година во брак, но денес, 12 септември 2024, имаат уште една голема причина за славење - тие одбележуваат 8 години од почетокот на нивната љубовна врска.

Она што почнало во тинејџерските години, кога Марта имала 16, а Стефан 19 години, денес е стабилна љубов, исполнета со поддршка, лојалност, доверба и разбирање меѓу нив.

За CRNOBELO.com, Стефан ја раскажа нивната љубовна приказна, во која освен убави моменти, имало и бројни премрежија. До толку, што, во неколку наврати тие мислеле дека ќе раскинат засекогаш.

Но, Лазаров, кој за себе вели дека не е воопшто романтичен тип, ни призна дека токму во тие тешки моменти, сфатил дека никогаш нема да најде жена како неговата Марта.

stefan-lazarov-za-ljubovta-so-marta-me-nervira-nejzinata-trapavost-ama-pa-toa-go-sakam-najmnogu-kaj-nea-29.jpg

За првата порака која му ја оставила на seen и која ѝ ја испратил три години пред првпат да искомуницираат, за моментот кога поради трема за малку немал да ја побара за сопруга, но и за венчаницата на Марта која 5 дена пред свадбата била уништена и дали е подготвен да стане татко, прочитајте во интервјуто.

„Роден сум на 18 јули 1997, имам 27 години, а Марта е родена на 8 март 2000. Јас сум невработен јутјубер - завршив средно фискултурно, а факултетот ми е во мирување. Втора година сум на Економски факултет на отсекот Менаџмент.

Марта, пак, има завршено средно во „Борис Кидрич“ и заврши курс за внатрешен ентериер. Таа знае добро да црта, но си даде отказ и сега работиме заедно, поткастот го тераме фамилијарно, парите дома да си доаѓаат, ха, ха“, рече Стефан на почетокот, додека пиевме кафе во кафуле во Центар.

Во неврзан разговор, Лазаров ни откри дека Марта е многу скромна и не сака да се експонира многу, но дека истовремено му е огромна поддршка и во животот и во работата, а тој е пресреќен поради тоа.  

stefan-lazarov-za-ljubovta-so-marta-me-nervira-nejzinata-trapavost-ama-pa-toa-go-sakam-najmnogu-kaj-nea-23.jpeg

А по ова, следуваа прашањата за нивната љубов:

Неодамна прославивте 1 година во брак со Марта, и тоа во Египет. Дали си ја одбележавте на некој начин годишнината? 

Ние лани меден месец прославивме во Кипар, меѓутоа мајка ми тогаш беше во болница и беше така некако, без врска.

На годишнината не беше толку романтично, колку што беше досадно, најискрено.

Два месеца пред Египет бевме на Малдиви, така што летото ни помина интересно, ама all inclusive ресорт за нас заврши во догледно време (кога ќе имаме дечиња, тогаш), ние сакаме повеќе динамика.

Инаку, во Египет бевме со Димитар, Сара и нивните деца и некако сфатив дека се гледам себеси како татко во блиска иднина.

stefan-lazarov-za-ljubovta-so-marta-me-nervira-nejzinata-trapavost-ama-pa-toa-go-sakam-najmnogu-kaj-nea-27.jpg

Како се запознавте со Марта?

Се запознавме преку Фејсбук. Интересно е што ѝ имав пишано три години пред да се запознаеме.

Тогаш имав клемпави уши и претпоставувам тоа влијаело одговорот да е seen, не ми одговори.

После 3 години бев девер на свадба кај братучед ми, споделив неколку фотки и таа ми стави лајк. Ја приметив, убава девојка, и кога ѝ го отворив профилот, видов дека стои пораката неодговорена, но ѝ пишав пак.

Почнавме да комуницираме, па излеговме во фискултурно. Јас бев тогаш втора година средно.

Марта беше многу скромна, јас бев таков каков што сум и некако се заљубивме. На 12 септември (денес) славиме 8 години како сме заедно.

stefan-lazarov-za-ljubovta-so-marta-me-nervira-nejzinata-trapavost-ama-pa-toa-go-sakam-najmnogu-kaj-nea-17.jpg

Знаеш ли денес некогаш да ѝ преречеш дека ете, 3 години те држела на seen?

Да, да, често се зафркаваме на таа тема, а нејзиниот одговор е дека лошо сум ѝ пишал, многу брзо сум ја викнал на кафе.

Ама, деца бевме реално. Јас имав 16 години, таа имала 13 кога сум ѝ пишал првпат, па кога ќе размислиш, мали сме биле.

stefan-lazarov-za-ljubovta-so-marta-me-nervira-nejzinata-trapavost-ama-pa-toa-go-sakam-najmnogu-kaj-nea-22.jpeg

Со што те освои таа? Дали ти требаше време да ја заведеш?

Марта ми е првата сериозна врска во животот. Се запознавме откако прекинав да играм фудбал, си ги средив ушите, стекнав малку повеќе самодоверба.

Таа од прв ден беше многу добра, скромна, лојална и таква е и денес.

Во овие 8 години сме имале и моменти кога сме дошле до фаза да раскинеме, зашто сме поминувале низ фази кога созреваме, се менуваме и затоа ќе кажам дека не знаев од прв ден дека таа е вистинската.

Јас во тоа време ни за себе не знаев што ќе правам, стварно бевме деца.

Но, таа нејзина лојалност, разбирање, комуникација што ги имаме ден денес, тие работи нè задржале заедно.

Денес знам дека Марта е таа со која ќе сум до крајот на животот.

stefan-lazarov-za-ljubovta-so-marta-me-nervira-nejzinata-trapavost-ama-pa-toa-go-sakam-najmnogu-kaj-nea-26.jpg

Сам спомна дека имавте премрежија, дека сте биле и во фаза да раскинете. Имаше ли големи предизвици кои мораше да ги надминете и кои ви ја „тестираа“ љубовта?

Мислам дека е тоа и нормално, со оглед на тоа дека сме 8 години заедно. Јас имав 19, а таа 16 години кога почнавме врска.

Пубертет, сакаш да пробаш нови работи како млад човек, нормално, но тоа се случувало многу ретко, дали еднаш - двапати.

И барем мене, секогаш ме враќала помислата дека јас како неа нема да најдам ниедна.

Во денешно време мислам дека лојална жена, па и лојален маж, е најтешко да најдеш, и човек кој ќе ти биде и животен сопатник и партнер, но пред сè поддршка.

Марта ми е тоа од првиот ден и се покажува како вистинска одлука, затоа сè што правиме, правиме заедно и растеме заедно.

stefan-lazarov-za-ljubovta-so-marta-me-nervira-nejzinata-trapavost-ama-pa-toa-go-sakam-najmnogu-kaj-nea-24.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg