Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми го покажа вистинскиот пат“

ivana-leskaroski-za-teshkata-zhivotna-borba-po-dvete-zagubeni-deca-posegnav-po-zhivotot-no-bog-mi-go-pokazha-vistinskiot-pat-26.jpg

Колку години имавте кога ја добивте дијагнозата за рак на тироидната жлезда и кои беа првите симптоми што ве натераа да одите на преглед?

Кога сè тргна на добро и имавме еден мирен период од неколку години, канцерот зачука на моја врата, но, не знаеше со кого си има работа.

Не знаеше дека оваа Ивана пораз не прифаќа.

Повторно момент со кој се борев првенствено со сите околу мене кои не беа толку силни како јас и кога требаше нив да им соопштам, беше моментот во кој ми беше најтешко.

Татко ми, тетка ми, сопругот на сестрата на Дејан и нашиот најдобар другар Адем беа првите на кои им соопштив. Нив ги одбрав сметајќи дека тие ќе можат да се носат заедно со мене.

Најтешко од сè беше да ѝ се каже на мајка ми, иако таа е најсилна карика. Се плашев од моментот кога ќе треба да помисли дека би можела да ме изгуби, а таа болка добро ми е позната.

ivana-leskaroski-za-teshkata-zhivotna-borba-po-dvete-zagubeni-deca-posegnav-po-zhivotot-no-bog-mi-go-pokazha-vistinskiot-pat-06.jpg

Но, јас оваа борба ја почнувам со духовен отец и полна вера, љубов и надеж.

Од првиот момент кога одлучив да ја добијам битката, на д-р Караѓозов и д-р Муратовска во целост им верував и сакав сè што поскоро да се заврши.

Следуваше операција и терапии со радиоактивен јод кои ги издржав како прав воин, но тој воин ништо не би правел без својата армија.

Мојата армија е навистина голема и не можам да издвојувам, зашто секој на свој начин е битен во мојот живот, на секој би му посакала една Билјана која ме масира, а јас горам од температура.

Животот не би бил ист без Вики која денес е моја десна рака, не може да не се спомне Сара која правеше сè само да сум среќна, па Бог ми ги даде и Ангела и Марија кои се скапоцени за мене.

И, навистина има уште многу личности кои се моја војска во буквална смисла на зборот.

Но, јас не би била јас без отец Макариј. Тој за мене е буквално е сè, во секоја смисла на зборот. Тој е почеток кој нема крај и тој е сè она кое фалеше за јас да бидам комплетна.

ivana-leskaroski-za-teshkata-zhivotna-borba-po-dvete-zagubeni-deca-posegnav-po-zhivotot-no-bog-mi-go-pokazha-vistinskiot-pat-17.jpg

Мојата борба сè уште трае. Ми фалат уште две години за оној таканаречен „канцер-фри“ период.

Паднатиот имунитет си го направи своето, па имав премногу проблем со бубрезите, исто така следуваа и операции на самата рана, значи константна борба.

А, д-р Башким на Универзитетската клиника за урологија и д-р Дика на Клиниката за пластична хирургија ми ја вратија надежта во државното здравство и првпат се осмелив да поминам покрај ГАК, после долги години кога требаше да влезам во овие клиники.

Најтежок период во лекувањето ми е терапијата зашто тогаш сум во изолација и по еден месец не го гледам Роман поради радиоактивност.

Роман од првиот момент ја знаеше мојата дијагноза и тој е едно дете кое е премногу зрело за своите години. За жал, така налага животот и некогаш ми е доста тешко за тоа што тој не е дете кое размислува како дете, туку како возрасен.

Тој секогаш е со мене и до мене и буквално знае сè.

ivana-leskaroski-za-teshkata-zhivotna-borba-po-dvete-zagubeni-deca-posegnav-po-zhivotot-no-bog-mi-go-pokazha-vistinskiot-pat-27.jpg

По толку животни борби, животот ве искушува повторно. Раскажете ни нешто повеќе за дијагнозата на Роман.

Е, сега стигнуваме до моментот кога Бог нè искушува повторно, но овој пат со Роман.

Пред точно една година почнавме да забележуваме работи кои укажуваат дека нешто се случува со Роман.

За жал, тука кај нас навидум сè беше во ред.

ivana-leskaroski-za-teshkata-zhivotna-borba-po-dvete-zagubeni-deca-posegnav-po-zhivotot-no-bog-mi-go-pokazha-vistinskiot-pat-22.jpg

За да не се откажеме бидејќи бевме сигурни дека Роман не е во ред, нашиот спас овој пат беше семејството Радиќ кое е едно познато семејство во медицината во Србија.

Да не беа тие, сега со Роман не сакам да помислам што можеше да се случи. Благодарение на семејството Радиќ, професорка Шаранац, професорка Димиќ, професорка Марковиќ, на Роман му се дијагностицирани 5 дијагнози.

За секоја од нив прима терапија и сега наш втор дом е Ниш во Србија. Ние ним им должиме многу. Роман благодарение на нив е жив.

Кога сме во Охрид, д-р Марина и сестра Нина се целосно посветени на Роман, а тоа ни е посебно битно.

ivana-leskaroski-za-teshkata-zhivotna-borba-po-dvete-zagubeni-deca-posegnav-po-zhivotot-no-bog-mi-go-pokazha-vistinskiot-pat-23.jpg

Роман е едно храбро и силно дете, а не може да биде поинаку кога тоа дете е наше.

Ние, како родители, не сме во целост помирени со неговите дијагнози.

За разлика од него, кој се бори како лав, на магнетна се снима без анестезија и скоро два часа издржува без да трепне, сам бара вени за боцкање, сам се труди да си го намести сензорот и секој ден ни дава нови животни лекции.

Цел живот ќе биде зависен од сензор за дијабетес, зашто една од петте дијагнози кои ги има е инсипиден дијабет и обичен дијабет.

Но, за жал, бидејќи се лекуваме во Србија, со тие извештаи во нашата чудесна земја не ни следуваат сензори и ние се снаоѓаме како знаеме и умееме и ги набавуваме од странство.

И ако некој треба да е лут на цел овој систем наречен здравство, тоа сме ние.

ivana-leskaroski-za-teshkata-zhivotna-borba-po-dvete-zagubeni-deca-posegnav-po-zhivotot-no-bog-mi-go-pokazha-vistinskiot-pat-28.jpg

Роман годинава заврши трето одделение. Тој е едно дете кое обожава да изучува јазици, омилен е во друштвото и без срам зборува за своите болести.

Неговата наставничка и директорката на училиштето постојано се тука за нас, другарчињата и нивните родители се една посебна приказна кои успеваат секое доаѓање во школо на Роман да го направат посебно.

Пред секое заминување во болница му пишуваат писма, а солзите зборуваат за нивната искреност.

Борбата е навистина тешка поради промените кои секој ден ги има Роман, но мораме, можеме и сакаме да успееме.

Фала му и слава му на Бога што баш ова дете е наше дете. Во овие моменти фудбалскиот клуб „Трим Љум“, каде што Дејан е помошник тренер, кога тој мора да е со нас во Србија, се со големо разбирање за нас и тоа ни е од големо значење.

ivana-leskaroski-za-teshkata-zhivotna-borba-po-dvete-zagubeni-deca-posegnav-po-zhivotot-no-bog-mi-go-pokazha-vistinskiot-pat-11.jpg

Што би порачале за крај на интервјуто?

Нашиот живот е еден вистински Роман, а вие имате чест ова да е мое последно интервју на оваа тема и морам да ви кажам дека никогаш досега во безброј интервјуа не сум исплакала море од солзи.

Можеби баш поради тоа што одлучив ова да е последен пат, а следно интервју ќе биде кога Роман ќе победи.

Оваа тема многу ме исцрпува и после секое интервју, еден период поминувам една емотивна криза. Вас не можев да ве одбијам и затоа одлучив ова да го нагласам.

Секој ден добивам безброј пораки и од срце се трудам на сите да одговорам, иако сум премногу исцрпена, неуморно споделувам сè на социјалните мрежи баш поради тоа што многу луѓе утеха и поддршка наоѓаат во мене.

Нема да бидам скромна и со гордост ќе кажам дека епитетот „силна жена“ сама си го доделувам, а на круната на мојата глава нема да ѝ дозволам никогаш да падне.

ivana-leskaroski-za-teshkata-zhivotna-borba-po-dvete-zagubeni-deca-posegnav-po-zhivotot-no-bog-mi-go-pokazha-vistinskiot-pat-21.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg