Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и моите деца“
А ти? Што е најубавото или најромантично нешто што си го направила за Лука?
Па имало повеќе работи, но ако треба да одвојам, тоа се моментите од нашите заеднички патувања, дали тоа било работно или приватно, независно, но еве, деновите во Мадрид засекогаш ќе ни останат во сеќавање.
Таму јас бев дел од предевровизиски настан (концерт), но поминавме неколку незаборавни денови.
Умее ли Лука да те налути или да те изнервира со нешто? Да можеш, би сменила ли нешто кај него?
Па, никој не е совршен. Сите имаме свои „бубачки“ и карактерни особини кои не се сјајни. Важно е истите да не се доминантни и да не го диктираат, ниту неговиот ниту мојот живот.
Возрасни луѓе сме, реализирани и на професионален план и мораме да се прифаќаме такви какви што сме.
А смени ли ти нешто кај себе поради него?
Тамара т.е. јас, многу се имам менувано низ годиниве, како на приватен, така и на професионален план.
Едноставна сум, ако ме сакаш и почитуваш - ќе ти вратам дупло повеќе.
Се менуваме секојдневно, сакајќи или не сакајќи, но важно е да останеме свои и, пред сѐ, да сме добри луѓе.
По фотографиите гледаме дека Лука ги обожава Хана и Дарен и дека често и патувате заедно. Но, дали ти беше тешко кога требаше да го запознаеш со децата? Како изгледаше таа средба?
Хана и Дарен се најважните луѓе во мојот живот, во мојот свет.
Многу ми е важно што Лука е полн со љубов и внимание кон нив уште од самиот почеток. Знаете како, животот е „лавиринт“.
Сите сме се соочиле со потешкотии и проблеми.
Важно е да го најдете „излезот“ и таму да ве чекаат луѓе кои ве сакаат. Не мора да се многу на број, само да бидат вистинските.
Го прифатија ли тие лесно? Како им објасни на нив кој е Лука?
И Хана и Дарен се во процес на раст и развој и воопшто не е лесно.
Но, некако од мали се ставени на брзо и динамично темпо, пред време доживеаја некои работи, но се свесни и мили деца.
Тие најдругарски комуницираат со Лука и тоа ми е многу важно.
Како се носи тој со твојата популарност? Дали му беше чудно на почетокот? Се навикна ли досега?
Уфф, па можеби ова е прашање за него. Точно е дека сум јавна личност, но како сите други и ние сме сосема обични луѓе.
Никогаш не ја истакнувам популарноста. Секогаш сум природна, своја, со истиот темперамент и искреност кон сите.
Можеби тоа ми донело и некои негативни работи во контекст на работата, но убедена сум дека по тоа ме сакаат и почитуваат моите блиски, вклучително и Лука.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело