Игор Пехчевски за борбата со цистична фиброза: „Благодарение на лекот Трикафта, првпат во животот не се гушам“
Постојат ли некои ограничувања, од која возраст може да се прима?
Кај нас во Македонија терапијата Трикафта (KAFTRIO) се прима над 12-годишна возраст, што е регулирано со Правилник.
Во САД и Европа границата е 6 а некаде и 2 години. Се надевам дека и кај нас ќе се намали граничната возраст, па лекот ќе го добијат сите пациенти на кои им одговара.
Во колкава мера ти се промени животот во изминатите месеци откако примаш терапија?
Откако почнав со примање на лекот Трикафта (KAFTRIO), мојот живот почна да се менува и со секој изминат ден се чувствувам сè подобро.
За првпат откако знам за себе, јас не кашлам и не се задушувам во густ леплив секрет кој ми оневозможуваше нормално да дишам.
Со секој изминат ден мојата енергија се зголемува. Уште не можам да си поверувам дека тој волшебен лек почна да ми го променува животот.
Почнав да правам работи што досега избегнував да ги правам и почнав нормално да си го планирам животот.
Една од тие работи е тоа што повторно се враќам на адреналинските доживувања со мојот велосипед.
Постои ли страв дека лекот нема повеќе да биде достапен? Од што најмногу се плашиш?
Кај мене, а се разбира и кај другите пациенти постои страв дали Трикафта ќе ја добиваме редовно во иднина.
Што би им порачал на оние што сè уште се борат со болеста?
На пациентите со цистична фиброза на кои не им одговара Трикафта, се надевам дека наскоро и за нив ќе има терапија што ќе им одговара.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Б. С. Б. | Црнобело