Андријана Петрушовска пред финалето на „Гранд“: „Постои ривалство меѓу кандидатите, но секој е дојден да победи“
Како изгледаа твоите подготовки за настап? Дали сама ги бираше песните или со менторот? Имало ли некогаш несогласувања околу тоа што треба да пееш?
Песните се бираат заедно со менторите, па така е и во мојот случај. Имавме доста идеи, пробувавме доста песни, но на крајот се одлучува според тоа која песна најмногу одговара и лежи на вокалот.
Сметам дека идејата да пеам македонски песни беше најдобра одлука, бидејќи тука можев да ја дадам онаа вистинска емоција, а и се пронајдов себеси дефинитивно.
Јас сум многу често во Белград и многу често имавме и имаме сè уште проби, бидејќи колку повеќе проби, толку сме посигурни на сцената.
Секогаш си средена на сцената, но каков е твојот приватен стил на облекување?
Се трудам секогаш да сум стилски облечена, бидејќи сцената тоа и го бара.
А приватно, кога е во прашање домот сакам да сум во пижами и ништо друго, а кога излегувам сакам тоа да биде дамски и отмено.
Како ја одржуваш линијата - внимаваш ли на исхраната, дали си склона на дебелеење, дали и колку често вежбаш?
Јас во принцип целиот мој живот вежбам, возам велосипед и одам во теретана. Овој период ми е доста стресен и напорен и извесно време не вежбам, но гледам да се хранам здраво и да внесувам витамини.
А дали сум склона на дебелеење, можеби генетски да, но јас секако не би дозволила да дојдам до тој момент. Да не заборавам, после финалето, се враќам во форма и почнувам со тренинзи.
Зад себе имаш една раскината свршувачка. По ова, дали и понатаму веруваш во љубов?
Дали верувам во љубовта? Верувам во сè што ме прави среќна.
Постојано си активна на Инстаграм... Што сè може да се најде во твојот инбокс? Добиваш ли непристојни понуди и како се справуваш со нив?
Во мојот инбокс, од тоа што успевам да го прегледам, нема непристојни пораки. На пораки кои значат поддршка, мотивација, сакам да одговарам.
И затоа во овој момент сакам да се заблагодарам на сите луѓе кои одвоија време и ми пишаа прекрасни пораки полни со позитива и мотивација во изминатиов период.
Пред почетокот на летото и сезоната на настапи, што е следно од тебе?
По завршетокот на финалето коешто следи, ветувам многу настапи, забава, песни, преработки. А најважно нешто, ќе останам своја и преку песните, луѓето ќе можат да чујат за мојата емоција која ја чувам само за нив.
Финалето го спремаме доста напорно и ќе биде нешто посебно и за мене, а и за публиката.
Како и досега, се надевам на огромна поддршка и на самиот завршеток. Се надевам, исто така, на многу гласови и позитивни реакции.
Секако, ќе си ја претставам мојата Македонија во најдобро светло и сите Македонци се надевам ќе бидат горди, како што сум впрочем и јас - горда Македонка!
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело