Миро Кацаров за родниот град: „Старата чаршија во Штип ме научи на 'школо' кое нема цена“

„Роден сум во Штип каде што растев во времето на бивша Југославија, па сите маалски детски игри како ластик, клин, плочка, жмурка ги играв на плоштадот Слобода во центарот на градот“, вели Миро Кацаров во серијалот „За мојот роден крај“ за CRNOBELO.com.

miro-kacarov-za-rodniot-grad-starata-charshija-vo-shtip-me-nauchi-na-shkolo-koe-nema-cena-01.jpg

Познатиот водител Миро Кацаров е роден во Штип. Тој долги години живее и работи во Скопје, но со многу носталгија се сеќава на детството поминато таму.

Па како и повеќето деца на таа возраст, наместо да отиде дома кога му требало нешто, од под терасата викал по мајка му или по неговата нана за да му фрлат 10 денари.

miro-kacarov-za-rodniot-grad-starata-charshija-vo-shtip-me-nauchi-na-shkolo-koe-nema-cena-05.jpg

Миро ни раскажа кои 5 работи најмногу го потсетуваат на неговиот роден град:

Прва работа што најмногу ме асоцира на Штип е градскиот плоштад, местото каде што сум пораснат, местото каде што сум ги играл првите детски игри, кај што од под тераса викав по мајка ми и нана да ми фрлат десет денари.

Инаку, јас сум дете што растело во бивша Југославија, во времето на социјализмот и комунизмот, каде сите тие детски игри како ластик, клин, плочка, жмурка и тенис на нога беа маалски игри, а јас ги играв на плоштадот Слобода во Штип.

miro-kacarov-za-rodniot-grad-starata-charshija-vo-shtip-me-nauchi-na-shkolo-koe-nema-cena-04.jpg

Втората работа која ме асоцира на Штип се моите емоции и сеќавања поврзани со О.У. „Ванчо Прке“, од каде што датираат почетоците на мојата писменост.

Бев темпераментен, бев палав, но бев и скроз одличен ученик.

Уште од мал сакав да бидам претседател на класот и таа амбиција си ја исполнив кога пораснав и станав помудар, а тоа се случи во 7-мо и 8-мо одделение.

miro-kacarov-za-rodniot-grad-starata-charshija-vo-shtip-me-nauchi-na-shkolo-koe-nema-cena-02.jpg

За мене траен белег остави и старата чаршија во Штип, која ме научи на „школо“ кое нема цена.

Чаршиското школо знаеше многупати да ме извади во безброј ситуации, ме научи како да се однесувам и поставувам со луѓето, ме научи како да избегнувам искушенија и ме научи како да дојдам до она што го сакам.

Народно кажано, упорноста и убавиот збор - железни врати отвораат.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Зоран Спасов - Ѕоф, урбан скопски лик: „Скопје не би било исто без шармот на оние кои денес имаат по... „Во 2012-та дома го прогласивме Тито за светец и секој 25-ти мај ја славиме слав...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg