Д-р Наум Трпеноски, офталмолог: „Со операција на катаракта се отстранува и диоптријата за близина, зафатот трае 20-тина минути“

Според вас кои леќи се најдобри за отстранување на оваа диоптрија на близина?

Според мене, најдобри се монофокалните леќи со продолжен фокус и трифокалните леќи. Акцентот го ставаме на нив во нашата болница Промедика Офталмологија бидејќи и едните и другите остваруваат извонреден резултат во видот на далечина и близина на 30 и 70 cm.

Овие леќи заземаат голем замав на пазарот бидејќи во овие модерни времиња на лап-топ и мобилни телефони едноставно сме зависни од видот на близина.

d-r-naum-trpenoski-oftalmolog-so-operacija-na-katarakta-se-otstranuva-i-dioptrijata-za-blizina-zafatot-trae-20-tina-minuti-04_copy.JPG

Колку време трае зафатот, но и закрепнувањето од операција на катаракта?

Оперативниот зафат трае околу 20-тина минути, додека постоперативното закрепнување е индивидуално зависност од степенот на зрелост на катарактата.

Вообичаено, пациентите кои навремено се јавуваат за оперативен зафат, подобрувањето на видот го забележуваат уште следниот ден, додека оние кај кои катарактата е присутна подолг временски период и народно кажано чекаат пердето да „созрее“, имаат подолг временски период на закрепнување и разбистрување на видот.

Сте правеле ли некогаш корекција на таков тип на операција на пациенти кои претходно имале неуспешна операција на друго место? Постои ли решение?

Да, решение секогаш постои. Сме правеле многу корекции кај веќе оперирани пациенти кај кои постоперативно била заостаната поголема диоптрија.

d-r-naum-trpenoski-oftalmolog-so-operacija-na-katarakta-se-otstranuva-i-dioptrijata-za-blizina-zafatot-trae-20-tina-minuti-03.jpg

Има ли пациенти на кои не може да се изврши операција на катаракта од некои причини и кои се тие?

Нема, катаракта е замаглување на природната човечка леќа и истата може и мора да се отстрани.

Кој е најнов тренд и можност во хирургијата на катаракта?

Тоа секако во овој момент е 3D хирургијата на катаракта, при што оперативниот зафат се одвива со помош на посебна опрема за таа 3D хирургија.

Многу е покомфорно за хирургот, бидејќи окото во 3D слика го гледа во своите природни димензии и истото нуди значително зголемена сигурност, а со тоа и големо задоволство од успехот на операцијата.

Д-р сци. Наум Трпеноски специјализира офталмологија на клиниките за очни болести во Скопје и Белград и е пионер на операцијата за катаракта со ултразвук во државното здравство.

Ја прави првата операција со ултразвук во државното здравство во Македонија 2010 година, во Градската општа болница 8 Септември, Скопје, каде работел 12 години. 

Потоа ги прави првите операции на катаракта со ултразвук во Битола, Куманово и Струмица.

Извршува операции и во болниците во Прилеп и Штип. Магистер е по здравствен менаџмент и доктор на науки од област на медицина - биомедицина.

Моментално е медицински директор и хирург во Специјализирана очна болница Промедика Офталмологија.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Д-р Мери Берат, онколог: „Сонцето е една од причините за појава рак на кожа, најголем ризик има кај ... „Хронична изложеност на сонце е директно поврзана со појавата на одреден тип рак...
Бобан Пешов речиси 30 години живее во Италија: „Тука сум пораснат, во Македонија повеќе се чувствува... Бобан Пешов (36), по потекло од село Трсино, Виница, се преселил во Италија со с...
Калиопи за CRNOBELO: „Кога создадов свое семејство, сфатив колкава жртва правеле моите родители за м... „Заради мене целото семејство го напушти Кичево и се пресели во Скопје. Тоа се г...
Маја од Скопје на 41 година го победи ракот на дојка: „Пациентите кријат дека примаат терапии, кај н... „Сакав и одлучив да живеам и мислам дека таа свесна намера беше пресудна да се п...
Марија од Скопје за ракот на дојка: „Не гуглав лекови, полесно ми беше да патувам по светот, отколку... „Дијагнозата само ми ги изостри сетилата за уживање во животот. За цело време на...
Д-р Дева Петрова, онколог: „Најмладата пациентка со рак на дојка ми била 18-годишна, не сите се леча... „Најтешкиот дел ми е кога морам да соопштам дека за жал и покрај сите напори, бо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg