Гоце Тодевски бесплатно потстрижува бездомници: „Нивните реакции се бесценети, очи полни солзи и благодарност“

„Работата со деца е дел од мојата професија во кој посебно уживам. Тие зрачат со посебна енергија, топлина и нивното потстрижување воопшто не е стресно. Прво се запознаваме, си играме, а дури тогаш се шишаме“, вели фризерот Гоце Тодевски за CRNOBELO.com.

goce-todevski-besplatno-potstrizhuva-bezdomnici-nivnite-reakcii-se-besceneti-ochi-polni-solzi-i-blagodarnost-01_1.jpg

Фризерот Гоце Тодевски (32) од Скопје неодамна привлече внимание на социјалните мрежи, откако објави видео на кое потстрижува момче кое ја донираше својата долга коса за детски перики.

По објавувањето на видеото Гоце добил многу позитивни коментари, а му се јавиле и други луѓе кои ја понудиле својата коса за изработка на перики.

Но, овој млад фризер е познат и по тоа што пред неколку години иницираше акција за потстрижување на бездомните лица во Скопје и тоа го правеше бесплатно, за барем малку да им го разубави тешкото секојдневие.

goce-todevski-besplatno-potstrizhuva-bezdomnici-nivnite-reakcii-se-besceneti-ochi-polni-solzi-i-blagodarnost-03.jpg

Во разговор за CRNOBELO.com, Гоце ни раскажа за оваа иницијатива, како изгледа кога треба да потстрижи мало дете што не седи мирно, но и кои ќе бидат трендовите за фризури оваа пролет:

Неодамна го потстрижа малиот Ѓурчин, кој ја донираше својата долга коса за да се изработат перики за деца болни од рак. Дали кога дојдоа во твојот салон неговите родители ти кажаа која им е идејата? И како реагираше тој на својата нова фризура?

Да, секако дека знаев која е намерата на момчето кое цели 6 години ја чуваше и негуваше својата коса за да си ја оствари замислената цел.

Ѓурчин беше многу изненаден од сликата која ја виде во огледало. Знаеме колку е шокантно кратењето долга коса за секого, без разлика дали е дете или возрасен.

Но, по неколку минути беше пресреќен и задоволен, бидејќи конечно ја оствари целта што си ја зацрта, а тоа може да се види и од неговата насмевка.

goce-todevski-besplatno-potstrizhuva-bezdomnici-nivnite-reakcii-se-besceneti-ochi-polni-solzi-i-blagodarnost-09.jpg

Какви реакции предизвика видеото во јавноста? Се јавија ли и други што сакаат да донираат коса?

Да, се јавија и други за донирање коса од која би се изработиле перики за лица болни од канцер.

Ова за мене е дополнителен поттик да го забрзам проектот на кој работам, а за кој сите ќе дознаете за некое време.

goce-todevski-besplatno-potstrizhuva-bezdomnici-nivnite-reakcii-se-besceneti-ochi-polni-solzi-i-blagodarnost-02.jpg

Соработуваш ли со некого во однос на донациите на коса? Има ли кај нас многу луѓе кои изработуваат перики?

Да, соработувам со Сашка Кузманова од Кавадарци која е директно инволвирана во процесот на изработка на периките.

goce-todevski-besplatno-potstrizhuva-bezdomnici-nivnite-reakcii-se-besceneti-ochi-polni-solzi-i-blagodarnost-05.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg