Гоце Тодевски бесплатно потстрижува бездомници: „Нивните реакции се бесценети, очи полни солзи и благодарност“

Дали е секоја коса соодветна за од неа да се направи перика (ако има доволна должина) или сепак не?

Косата треба пред сè да е здрава, редовно одржувана и долга над 25cm, како би можеле да ја искористиме за перика.

goce-todevski-besplatno-potstrizhuva-bezdomnici-nivnite-reakcii-se-besceneti-ochi-polni-solzi-i-blagodarnost-08.jpg

Луѓето што те познаваат, но и оние што те следат на Инстаграм, знаат дека самиот иницираше акција во која потстрижуваше бездомни лица...

Иницирав акција за потстрижување бездомни лица, да, пред сè затоа што таков подвиг е дел од мојата природа, дел од она што сум јас - да помогнам барем за момент некој да се почувствува убаво.

goce-todevski-besplatno-potstrizhuva-bezdomnici-nivnite-reakcii-se-besceneti-ochi-polni-solzi-i-blagodarnost-033.jpg

Какви беа нивните реакции кога ќе се видеа во огледало...? Дали некои се враќаа за ново потстрижување?

Нивните реакциите се бесценети. Комплетната трансформација која им ја правам, целиот тој третман и финалната слика не можат да се опишат со зборови.

Очи полни солзи и огромна благодарност од нивна страна, што за мене е сосема доволно да продолжам да го правам тоа и во иднина.

goce-todevski-besplatno-potstrizhuva-bezdomnici-nivnite-reakcii-se-besceneti-ochi-polni-solzi-i-blagodarnost-06.jpg

Ти потстрижуваш и мали деца... Колку е тешка оваа задача - да се справиш со деца што плачат, мрдаат, не сакаат да ги потшишаш?

Е, тоа веќе е посебен дел од мојата професија во кој уживам.

Дечињата зрачат со посебна енергија, посебна топлина и нивното потстрижување воопшто не е стресно, баш напротив. Прво се запознаваме, си играме, а дури тогаш се шишаме.

Детската психологија е многу едноставна да се разбере - биди како нив и ниедно нема да се плаши од ножици и да плаче.

goce-todevski-besplatno-potstrizhuva-bezdomnici-nivnite-reakcii-se-besceneti-ochi-polni-solzi-i-blagodarnost-07.jpg

И за крај, кои се најголемите трендови кај фризурите за претстојната пролет?

Оваа пролет акцент даваме на бринетите. Топли кафеави нијанси, разиграна долга коса е ин оваа пролет.

Но не треба да ги занемариме и русокосите, а Golden blondе и Syrup blondе се нијансите кои дефинитивно треба да се пробаат оваа пролет.

goce-todevski-besplatno-potstrizhuva-bezdomnici-nivnite-reakcii-se-besceneti-ochi-polni-solzi-i-blagodarnost-04.jpg

Поттикнати од пораката на новата иницијатива на Македонски Телеком „Да направиме место за вистински да се поврземе“, којашто поттикнува отвореност и меѓусебно разбирање, за што говореше и Горан Стефановски, редакцијата на CRNOBELO.com ќе направи повеќе место за добри вести и приказни кои инспирираат.

Прочитајте и Браво! Ѓурчин од Скопје ја донира својата долга коса за децата болни од рак (видео)

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. 

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg