Игор Стојанов - Баркли, комичар: „Животот го посветив на изнудување туѓи насмевки“

„Неизмерно сум среќен кога шегата е толку добра, што покрај публиката, ќе ме насмее и мене. A, сум се блокирал пред публика - тоа се моменти кога на сцената си статичен како кип, а во себе правиш салто за да заврти тркалото“, вели комичарот Игор Стојанов - Баркли, член на популарната „Зевзекманија“.

igor-stojanov-barkli-komichar-zhivotot-go-posvetiv-na-iznuduvanje-tugji-nasmevki-01.jpg

Игор Стојанов - Баркли (27), еден од нашите најпознати стенд-ап комичари, може да се пофали со кариера која трае скоро 6 години.

Неговиот талент за хумор го препознал еден од членовите на „Зевзекманија“ во 2018 година, по што го повикале на пробно снимање, а сè потоа е историја.

Игор, кој кон крајот на минатата година беше гостин на стенд-ап шоуто „Све ли јас да мислам“, на Бојан Велевски, наскоро тргнува на нова турнеја низ Македонија, овој пат со проектот „Можевме“ со уште тројца комичари, а големото финале е закажано за 27 април, во Националната опера и балет.

igor-stojanov-barkli-komichar-zhivotot-go-posvetiv-na-iznuduvanje-tugji-nasmevki-16.jpg

За себе, дали е смешен и во приватниот живот како на сцената, но и каков тип на луѓе не би сакал да има никогаш во публика, Игор откри во интервју за CRNOBELO.com:

Zdravo, jas sum, cekaj (Shift+Alt). Е сега е подобро. Моето име е Игор, се презивам исто како татко ми, Стојанов, а ме викаат Баркли. Имам 27 години, а сите ми даваат 30.

Инаку по професија сум хотелско туристички техничар кој студира новинарство, а се доживува како комичар. Доаѓам од високо, од најубавата скопска населба, Радишани Хилс.

igor-stojanov-barkli-komichar-zhivotot-go-posvetiv-na-iznuduvanje-tugji-nasmevki-12.jpg

Веќе подолго време си дел од тимот на „Зевзекманија“... Како почна таа приказна и колку се пронаоѓаш во неа?

„Зевзекманија“ е сè што сум јас, а себеси се доживувам како еден голем „зевзек“, човек што постојано се шегува, шегобиец низаеден. Од 2018 година со гордост сум дел од таа приказна, и додека можам, ќе продолжам со зевзечењето.

А сега дојде време за јаготката на шлагот, да ви го раскажам почетокот на приказната. Прво беше така, летото 2018 година работев како шанкер во едно скопско кафуле.

За моја среќа, ова кафуле беше збирно место на многу истакнати медиумски личности, па неизбежно беше некој да ја примети мојата појава.

Прв што го препозна талентот во мене, беше Горан Ѓуровски - Ѓуро, долгогодишен член на тимот на „Зевзекманија“.

Никогаш нема да ги заборавам неговите зборови, тој ми пријде и ми рече „Ти си дете за на телевизија“. Јас се насмевнав и кратко му одговорив „Знам“, тој ми ја возврати насмевката и рече „Е па, ќе бидеш“.

И така, дојде септември, а тоа значеше и почеток на новата телевизиска сезона на „Зевзекманија“. Добивам телефонски повик од уредникот на емисијата Горан Величковски.

„Расположен ли си за едно пробно снимање?“, ме праша тој.

Тогаш го кажав судбоносното „ДА“ за мојата телевизиска кариера.

И така си живееле среќно до крајот на животот...

igor-stojanov-barkli-komichar-zhivotot-go-posvetiv-na-iznuduvanje-tugji-nasmevki-19_2.jpg

Кон крајот на 2023 беше дел од стенд-апот на Бојан Велевски „Све ли јас да мислам“... Како реагираше публиката на тебе и твоите шеги?

Ја имав честа да ја загревам атмосферата за Бојан Велевски на оваа негова стенд-ап турнеја. Одговорноста беше огромна, а публиката имаше висок критериум за хумор.

Среќен сум што ги задоволив потребите на публиката, која редовно, со громогласни аплаузи и овации го поздравуваше мојот перформанс, а јас пресреќен, полн со позитивна енергија си заминував од сите тие настани.

Токму таа турнеја даде придонес во моето созревање како комичар.

igor-stojanov-barkli-komichar-zhivotot-go-posvetiv-na-iznuduvanje-tugji-nasmevki-08.jpg

Кој ти ги пишуваше „скечовите“ - сам или доби сценарио?

Смешките што ги кажувам на сцена, најчесто си ги пишувам сам, и преферирам да бидат вистински случки, со комичен осврт, кои ми ги приредил животот...

igor-stojanov-barkli-komichar-zhivotot-go-posvetiv-na-iznuduvanje-tugji-nasmevki-03_copy_copy.jpg

Тешко ли е да ја засмееш публиката?

Мене не ми е тешко, јас животот го имам посветено на изнудување туѓи насмевки, така се хранам. А доколку на некого му е тешко да ја засмее публиката, едноставно нека не го прави тоа, можеби треба да проба да ја расплаче.

Сите имаме предиспозиции за различни работи, на пример на комбајнистот ќе му се види тешко возењето авион, исто како и на пилотот возењето комбајн, затоа правете го она за што најмногу ве бидува, така сите ќе бидат посреќни.

igor-stojanov-barkli-komichar-zhivotot-go-posvetiv-na-iznuduvanje-tugji-nasmevki-06.jpg

Се случува ли да имаш пред себе „тврд орев“ што не ти го разбира хуморот или седи со скаменет лик додека сите се смеат? Што правиш тогаш? Се трудиш ли баш него/неа да ги насмееш?

Можам да се трудам до задутре, тоа е залудно потрошена енергија. Можеби човекот имал лош ден, можеби не му е до моите досетки.

Никогаш не пробувам да го омекнам „тврдиот орев“ во друштвото, иако морам да признаам, ретко наидувам на такви.

igor-stojanov-barkli-komichar-zhivotot-go-posvetiv-na-iznuduvanje-tugji-nasmevki-15.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Маја од Скопје на 41 година го победи ракот на дојка: „Пациентите кријат дека примаат терапии, кај н... „Сакав и одлучив да живеам и мислам дека таа свесна намера беше пресудна да се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg