Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои ги заспиваат децата со неа“

„Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другарките на кафе и како на џубокс ми кажуваа песни, a јас пеев без престан. Да, сум имала 3-4 години“, вели Маја Саздановска, која важи за еден од најмоќните вокали кај нас. 

maja-sazdanovska-i-po-30-godini-od-pesnata-vo-svetot-na-bajkite-dobivam-videa-od-roditeli-koi-gi-zaspivaat-decata-so-nea-01.jpg

Гласот на Маја Саздановска го препознавате по една од најубавите детски песнички испеани кај нас, „Во светот на бајките“.

Таа беше едно од трите девојчиња кои пред повеќе од 30 години ја испеаја оваа „детска химна“, како што Маја ја нарекува песната која го одбележа растењето на многу генерации.

Оттогаш градеше соло кариера, испеа многу хитови на почетокот на 2000-тите, но кога нејзиниот сопруг Саша почина ненадејно, а таа остана без него и со 9-месечно бебе, се повлече од сцената.

Денес гладот за музика и сцена го задоволува со настапите како еден од придружните вокали на концертите Калиопи. Вели, ова ѝ ја храни душата.

И чувството е секогаш исто кога ќе излезе пред публиката која не останува рамнодушна на настапите на поп-дивата - возбудливо и неповторливо.

maja-sazdanovska-i-po-30-godini-od-pesnata-vo-svetot-na-bajkite-dobivam-videa-od-roditeli-koi-gi-zaspivaat-decata-so-nea-09.jpg

А, токму со Калиопи, Маја настапи на Евросонг во Шведска. Ова беше нејзина трета Евровизија, откако претходно на евровизиската сцена ги придружуваше и Тоше Проески (2004, Истанбул) и Елена Ристеска (2006, Атина).

За музичките гени кои ги наследила од своето семејство (во кое се и Виолета Томовска, Дарко Димитров, Олгица Христовска и многу други), за ќерката Срна која веќе има 11 години, но и за нејзиниот живот далеку од сцената, Маја ни раскажа во интервју за CRNOBELO.com:

Многу генерации и денес те препознаваат по гласот, кога како мало девојче отпеа еден дел од песната „Во светот на бајките“... Какви спомени ти будат песната и тоа време? Чуваш ли некаде дома снимка од воведната шпица на серијата што беше толку многу популарна меѓу младите?

„Во светот на бајките“ мислам дека го заслужи приматот на детска химна на сите времиња.

Скоро 30 години се поминати од нејзиното прикажување и сè уште ми пишуваат луѓе кои ми пуштаат видеа од своите мали бебиња како заспиваат на нејзините звуци.

Прекрасни спомени ми навраќа секој еден кога и да се спомене, а јас ја памтам како едно долго и професионално снимање кое ми направи да се чувствувам дека веќе сум пораснала со своите 12 години.

Инаку, имам цела колекција на видео касети од истоимените серии, кои ми се премногу драги.

maja-sazdanovska-i-po-30-godini-od-pesnata-vo-svetot-na-bajkite-dobivam-videa-od-roditeli-koi-gi-zaspivaat-decata-so-nea-04.jpg

Дали отсекогаш сакаше да пееш?

Се сеќавам, од моето најрано детство баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другарките на кафе и како на џубокс ми кажуваа песни, a јас пеев без престан. Да, сум имала 3-4 години. 

Колку на тоа имаат влијание твоите гени и членовите на семејството кои се дел од музичката историја кај нас? Кој сè е дел од твоето музичко семејство?

Гените се пресудни би рекла, од сите страни на семејството, но сум имала и голема среќа што сум растена со музичари кои таа музикалност ја препознале и можеле да ја насочат.

Со најголема одговорност ќе кажам дека ние сме најголемото музичко семејство на Балканот - Благој Петров Караѓуле, Славе Димитров, Виолета Томовска, Блага Видец, Дарко и Оливер Димитрови, Олгица Христовска, Дино и Ади Имери, Бобан Мирковски, Љупчо Мирковски, Будимка и Дамир Имери...

Прекрасна шаренолика фамилија, која носи подмладоци уште поуспешни, на кои сме сите горди.

maja-sazdanovska-i-po-30-godini-od-pesnata-vo-svetot-na-bajkite-dobivam-videa-od-roditeli-koi-gi-zaspivaat-decata-so-nea-16_copy.jpg

Првата песна „Глушец ушец“ ја испеа пред повеќе од 35 години, пееше и на „Златно славејче“. Се сеќаваш ли како изгледаше кога ќе застанеш на сцената? Имаше ли трема, те плашеле ли полната сала и многу публика? Ти беше ли страв дека можеби нема да се сетиш на текстот од песната?

Какво доживување беше тоа, неповторливо. Кога ќе ми текне сега колку големо ми изгледаше сето тоа, колку се секирав дали ми е машната добро наместена...

Се сеќавам само дека сакав песната да стигне до секое дете, до секое уво, само тоа го посакував за себе. Се сеќавам и на силниот аплауз и на мојата среќа.

Многу ретко имам трема и ден-денес, па иако имав само 6 години, знам дека бев пресреќна и многу возбудена.

maja-sazdanovska-i-po-30-godini-od-pesnata-vo-svetot-na-bajkite-dobivam-videa-od-roditeli-koi-gi-zaspivaat-decata-so-nea-12.jpg

Важиш за еден од најмоќните вокали кај нас, а сепак, одамна немаш издадено своја песна. Ти фали ли времето кога пееше „Љубовни состојки“, „Црно-бел свет“? Посакуваш ли некогаш да снимиш нешто ново?

Ќе лажам ако кажам дека ништо од тоа не ми фали - сè ми фали. Сè уште низ мислата ми поминува слика каде ќе бев да продолжев активно да пеам и да останам на сцената.

И да, посакувам да снимам, што би се рекло народски да се изнапеам за секој кој тоа би сакал да го слушне. Веројатно времето не може да го прегази уметникот во мене.

maja-sazdanovska-i-po-30-godini-od-pesnata-vo-svetot-na-bajkite-dobivam-videa-od-roditeli-koi-gi-zaspivaat-decata-so-nea-30_copy.jpg

Долги години настапуваш како пратечки вокал на Калиопи. Како изгледаат дружењата со поп-дивата, вашите патувања и концерти?

Тоа се доживувања и искуства вон оваа планета! Дружењата се возбудливи и неповторливи, полни со многу емоции, љубов и случки кои не се опишуваат со зборови.

Ние сме привилегиран бенд кој патува до ѕвезда од сериозни размери, така што и тие патувања се неспоредливи со ништо друг.

Концертите се фузија на многу енергија и креативност која не те остава рамнодушен, публика во делириум и константна музика. Што повеќе може да посака еден уметник?

maja-sazdanovska-i-po-30-godini-od-pesnata-vo-svetot-na-bajkite-dobivam-videa-od-roditeli-koi-gi-zaspivaat-decata-so-nea-13_copy.jpg

Пееше пратечки вокали и на неколку Евровизии. Која би ја издвоила како посебна и дали еден ден би пеела за да ја претставуваш Македонија?

Да, сум била на три Евровизии - со Тоше во Истанбул, со Елена во Атина и со Калиопи во Шведска - и мислите дека можам да издвојам една? Ни случајно.

Само ќе кажам дека тоа се за мене непроценливи богатства и животни искуства неспоредливи со ниедни други. Преблагодарна за секое едно!

maja-sazdanovska-i-po-30-godini-od-pesnata-vo-svetot-na-bajkite-dobivam-videa-od-roditeli-koi-gi-zaspivaat-decata-so-nea-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот... „Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и не...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Саша Матиќ за CRNOBELO: „Кога сопругата не е дома, со ќерките секогаш правиме ‘фешта’“ „Сите овие години балансирам меѓу семејството и музиката. Се навикнаа и тие и ја...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg