„Најчесто алергиите кај децата се манифестираат како атописки дерматит“: Д-р Татјана Б. Вучковиќ, педијатар - пулмоалерголог

Согласно воведување храна кај бебиња, сѐ почесто сe препорачува и практикува воведување на сите намирници уште од почетокот на воведување на храна. Дали вие препорачувате воведување намирници постепено согласно алергените во нив?

Воведување нови вкусови храна кај доенчињата започнува од 5-тиот месец кај оние кои се на адаптирано млеко, a кај оние кои се на ексклузивно доење - од 6-тиот месец.

Се почнува со овошје како јаболко, праска, кајсија, банана... Се почнува со неколку лажички и постепено се зголемува, потоа се надоврзува зеленчук како ориз, компир, морков, тиква, спанаќ, брокула.

Месото - телешко е во 7-8 месец, потоа се воведуваат млечни производи, оризови и овесни каши, па следат палента, жолчка од јајце, во 9-10 месец пилешко месо, мисиркино, зрнести производи - грашок, грав, леќа.

Она што е најважно е во првата година да биде сè термички обработено, освен банана.

Со навршување на година се продолжува со општа исхрана, 3 главни оброци и две ужинки, цицање и млеко наутро и при заспивање.

Риба, киви, јаткасти плодови по навршување на една година, јагоди од 3-та година. Најјаки алергени од храна се риба, јајце, млеко, киви, морков сè почесто манифестира алергија, чоколадо, јаткасти плодови...

najcesti-alergii-kaj-decata-do-5-godini-se-manifestiraat-kako-atopiski-dermatit-doktor-tatjana-baevska-vuckovikj-pedijatar-pulmoalergolog-06.jpg

Какви типови тестови за алергии постојат и дали постои возраст кога е најдобро да се направат кај децата?

Алергиските заболувања се дијагностицираат како интегрална анализа на детална анамнеза (податоци кои ги дава родителот), историја на болеста, физикален преглед и лабораториски иследувања.

Кај децата наједноставно е со ин-витро тестови кои се земаат од прст – едноставен и безбеден начин, со висока сензитивност за одредување антитела и можност за детекција на поголем број алергени.

Исто така, предност на овие тестови е што нема прекин на терапија и безбедни се и за трудници.

Кај поголеми деца може да се користат и кожни тестови, но се тестираат помал број на алергени, потребно е да има прекин на терапија која се зема и можност од системска реакција.

Како родителите да препознаат алергиски ринит? Колку долго смее да се земаат антихистамински сирупи кај децата?

Со докажување на присуство на алерген во резултатите се пристапува кон соодветен третман.

Зависно од видот на алергенот се одредува соодветен третман и терапија кој вклучува фармаколошки и нефармаколошки третман.

Фармаколошкиот третман вклучува антихистаминик, инхалирачки кортикостероид, антилекутриени, солени раствори во вид на спрејови за носна средина, како и најсовремената специфична имунотерапија.

Кај нутритивните алергии покрај антихистаминик се препорачува и рестрикциона диета во тек на 3 недели. Доколку станува збор за млеко и млечни производи, се користат заменски производи од растително потекло.

Времетраењето на терапијата ја одредува лекарот кој го води пациентот.

Фармаколошките препарати се во улога на заштита, превенција од клиничка манифестација како и спречување на компликации.

Нефармаколошкиот третман вклучува соодветна контрола на средината, пред сѐ соодветно чистење на домовите со апарати со хепа филтри, избегнување на алергенот колку е возможно, како и доколку се докажат миленици како извор на алергенот, потребно е истите да се отстранат од домот.

najcesti-alergii-kaj-decata-do-5-godini-se-manifestiraat-kako-atopiski-dermatit-doktor-tatjana-baevska-vuckovikj-pedijatar-pulmoalergolog-09.jpg

Може ли да ни ја објасните разликата помеѓу алергија и интолеранција? (пример на лактоза, глутен)

Во секојдневието се сретнувам со доста ситуации околу ова прашање пред сѐ за што е интолеранција, кога, зошто се јавува и што е разликата во однос на алергија на храна.

Како да се провери? Алергиските заболувања се генетски предиспонирани, во однос на храна доста почести во детска возраст, клинички се манифестираат и по сам внес на производ, најдоцна до 2 часа, поврзани се со детекција на зголемено вкупно ИгЕ, но најважно е доказ на специфично ИгЕ во однос на испитуван алерген. Се третираат со соодветни препарати согласно докажан алерген.

Интолеранција е преосетливост или несакана одложена реакција на храна, пијалак, адитив или соединение кое се наоѓа во храната. Може да биде наследна – генетска, а може да биде и стекната – не е генетска.

Настанува како резултат на долго или прекумерно внесување на одредени состојки од храна, долготрајна хронична воспалителна реакција што трае сè додека се консумира храната што ја поттикнува реакцијата и е поврзана со создавање на ИгГ антитела и според тоа не припаѓа на алергија на храна.

Вродената интолеранција е поврзана со недостаток или намалена активност на ензим кој е вклучен во сложени метаболички процеси, како на пример недостиг на ензимот лактаза кој не може да ја разгради лактозата... Некои видови интолеранција се поврзани и со автоимуни заболувања.

Од наследни би ја вброила Целијакијата која може клинички да се манифестира уште од најрана возраст. Интолеранција се докажува лабораториски и со биопсија.

Третманот вклучува исклучување на производ кој е докажан и користење на соодветни заменски или адаптирани производи.

najcesti-alergii-kaj-decata-do-5-godini-se-manifestiraat-kako-atopiski-dermatit-doktor-tatjana-baevska-vuckovikj-pedijatar-pulmoalergolog-04.jpg

Надвор од темата алергии, во нашата земја сѐ повеќе педијатри не даваат дијагноза без крвна слика, брисови, па во поново и пневмо слајд. За разлика од нашата земја, родители кои живеат во останатите земји од Европа, крвна слика прават само во екстремни случаи, за брисови немаат слушнато. Антибиотици, исто така, знаеме дека кај нас се даваат пречесто. Кое е вашето мислење на оваа тема – дали при секое заболување потребно е да се прават сите овие испитувања и тестови?

Во медицината е познато дека 2 и 2 не се секогаш 4, а како даватели на здравствена услуга покрај едукација и клиничко искуство, работиме според протоколи кои се утврдени од медицина базирана на докази... Лабораториската дијагностика и иследувања се секако дел од поставување на дијагноза за соодветен третман.

Добар клиничар/практичар може да процени дали и кога и што да назначи лабораториски да се иследи.

Има состојби кои само со преглед се дијагностицираат, а има и кога е потребно да се направат одредени лабораториски иследувања. Секако самоназначување и самоординирање од страна на пациент лично сметам дека не е соодветно, како и прекумерна употреба на антибиотици, со што се достигна резистентност и тоа ни претставува сериозна закана во 21 век.

Фондот за здравство квартално води следење и евиденција на препишана терапија за што добиваме известување и можам со задоволство да кажам дека од предвиденото, само 3% имам ординирано антибиотска терапија во 2023 година.

Секоја состојба која може симптоматски да се третира е корисна пред сѐ за пациентот - децата кои се најчесто изложени на инфекти и имаат 6-8 акутни респираторни инфекции во периодот есен-зима.

Секако, важна е и превенција за одржување на лична хигиена, здрава исхрана, витаминска поддршка, физичка активност - рекреација, престој во природа и задолжителна вакцинација по календар, всушност сѐ она што може да се спречи, да не се лечи.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

E. П. | Црнобело / фото: приватна архива



Би можело да ве интересира:

Благица Зикова, мајката на штипската четворка: „Трошиме по 25 пелени на ден, бебињата се мирни и спи... „Најтешко ми беше кога бев сама и немаше кој да ми помогне, па морав да ги храна...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
„Децата од нашата градинка секој ден се надвор, пешачат, играат и на дожд и во кал“: Интервју со Јас... „Во нашата градинка, децата секојдневно поминуваат 3 до 5 часа надвор. Ние верув...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg