Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикуваат физичка болка“

Можеш ли да издвоиш еден конкретен третман што ти има помогнато најмногу?

Би сакала да ја издвојам абдоминалната масажа и да им ја доближам малку повеќе на луѓето тука. Тоа е масажа која се заснова на принципите на источната медицина и е многу моќна и посебна техника.

Додека јас лично не навлегов подлабоко во суштината на оваа техника и низ себе не доживеав големи промени како чистење на стари и закопани емоции, не ми беше „омилена“ и долго време не ја работев.

Меѓутоа, низ животот учиме најубаво само низ сопствените искуства и само кога лично ќе ги доживееме промените можеме да си дозволиме да помогнеме на другите.

melanija cvetkovska fizioterapevt lugjeto smetaat deka masazata e luskuz a sekoj treba da slusa sto ima da mu kaze sopstvenoto telo 15

Сите овие години уживам да го истражувам нашето тело и да навлегувам подлабоко во тоа што е „енергија“ во нашето тело, а абдоминалната масажа беше техника низ која најмногу научив за течението на енергијата во нашето тело, но и доживеав и најголем отпор, страв од непознатото и милион прашања закопани во мене на кои одговорот го добив овде со овие луѓе.

Заедно работевме на сите наши стравови, недостатоци, стари и непотребни уверувања, несигурности и дозволивме да отпуштиме сè што некогаш сме закопале несвесно во нашиот абдомен, бескрајно сум благодарна што универзумот секогаш те спојува со вистинските луѓе во вистинскиот момент тогаш кога ти е најпотребно.

За да се разбере принципот на оваа техника е најбитно да го разбереме текот на енергијата низ енергетските меридијани чиј почеток е токму во делот на папокот. Тука е најголемиот енергетски вулкан кој го носиме во себе и затоа најмногу неудобности чувствуваме баш во абдоменот.

Сета лутина, бес, страв, разочарувања или тага знаат да останат овде и да се манифестираат како разни абдоминални болести, но и да се рефлектираaт на други места, а најчесто тоа е лумбалната болка во грбот како што беше во мојот случај.

Таи абдоминалната масажа како и терапевтскатата Таи масажа е секогаш поврзана со нашите емоции и само доколку сме спремни да ги отпуштиме оние емоции кои нè задушуваат и ни се манифестираат како телесна болка, може да го почувствуваме навистина бенефитот од овие техники.

Додека бев тука правев и други комбинации, пробував и други источни абдоминални техники како Chi Nei Tsang и Karsai Nei Tsang, кои се уште помоќни, подлабоки и кои директно имаат ефект врз женската енергија и огнот кој го носиме во нас, си дадов задача дека нема да се вратам без промени на себе и успеав во тоа.

Во иднина сакам уште повеќе да ја продолжам и проширам мојата едукација на оваа тема, јас сум многу љубопитна по природа и сега, увидувајќи ги своите промени, нестрплива сум за повеќе и повеќе.

melanija cvetkovska fizioterapevt lugjeto smetaat deka masazata e luskuz a sekoj treba da slusa sto ima da mu kaze sopstvenoto telo 2

Кои нови места откри на Тајланд на твојата втора посета?

Тајланд е магично место, но главните туристички места апсолутно ја уништуваат реалната слика. Јас избирам места кои се локални, далеку од вообичаените гужви и каде што можеш навистина да се чувствуваш како целата убавина да е само за тебе.

Но, оваа година како место кое во мене буди најубави спомени и каде што „процветав“ дефинитивно би го издвоила Паи. Тоа е мало место како комуна во кое се собрани сите „backpackers“ и номади кои заедно остануваат да живеат некој период и придонесуваат со своите таленти (уметност во секоја форма, музика, работа со тело, капење во ладни води, јога, најразлични работилници на различни теми секој ден, заедничко планинарење и слично).

После интензивниот абдоминален курс кога најмногу имавме потреба од мир, јас и една девојка од Италија со која имавме извонредна конекција, избегавме во Паи на неколку дена.

Природата е магична, а луѓето шират една толку топла и искрена енергија и имаш чувство дека отсекогаш ги познаваш. Иако има многу луѓе, би рекла дека е потполно различно од кои било други туристички места кои се „вестернизирани.“

Овде имавме чувство на припадност, време и простор за размислувања и донесување одлуки, откривање на нови страни од себе, излегување од комфор зони, секој ден нов предизвик и простор за цутење.

melanija cvetkovska fizioterapevt lugjeto smetaat deka masazata e luskuz a sekoj treba da slusa sto ima da mu kaze sopstvenoto telo 20

Како е прифатена тајландската масажа и источната медицина кај нас? Имаше ли сомнеж од страна на луѓето кога почна да се занимаваш со тоа?

Се разбира дека е нешто ново, далеку поразлично од што било поврзано со западната медицина.

Пред сè овде многу малку се зборува за нашите емоции и луѓето не се навикнати да се соочат со нив, ние сме научени да трпиме и да молчиме затоа што е тоа „нормално“ и затоа што сите го прават тоа.

Со оглед на тоа, не се ни навикнати дека една масажа може да биде третман на ослободување на негативни чувства, а уште помалку дека истите се рефлексија на телесна болка.

Па затоа и не секој исто ги доживува третманите, некој е спремен да отпушти, а некој радо би си ја задржал тензијата затоа што без неа не е навикнат да живее.

Но, сепак би рекла дека има многу позитивна реакција, јас сум неизмерно благодарна што ја препознаваат љубовта со која работам.

melanija cvetkovska fizioterapevt lugjeto smetaat deka masazata e luskuz a sekoj treba da slusa sto ima da mu kaze sopstvenoto telo 19

Како ги подготвуваш клиентите што доаѓаат кај тебе на тајландска масажа?

Пред сè, треба да се подготвени да издвојат повеќе од 2 часа за себе, да заборават дека имаат други „важни работи“ затоа што единственото важно сме самите ние. Не е себично, туку е и повеќе од потребно.

Никогаш нема да сме добри за другите ако сме лоши за себе.

Повеќе од 2 часа сами со себе, своите мисли, фокус на дишењето, лесна облека во која можам да ги движам, два часа без тешка храна пред третманот и многу вода, ништо комплицирано.

melanija cvetkovska fizioterapevt lugjeto smetaat deka masazata e luskuz a sekoj treba da slusa sto ima da mu kaze sopstvenoto telo 18

Како функционира ароматерапија?

После мануелните техники и масажите, ароматерапијата е мојата втора најголема љубов.

Буквално ми го има сменето животот и склопот од овие две нешта е моја опсесија. Со есенцијалните масла исто се имам запознаено овде на истокот и сум бескрајно благодарна.

Ако знаеме дека како живи битија самите ние како и сè околу нас е енергија и има своја фреквенција, многу полесно ќе разбереме на кој начин можеме да направиме огромни разлики во нашиот живот користејќи ја високата вибрација од чистата есенција на природата.

Градењето јак имунитет и отпорност е заедничка работа на духот, мислата и телото. Љубов кон себе е заеднички склоп од природната храна, мали ритуали на кожата, секојдневни вежби, техники на правилно дишење, чистење на умот со медитации, тренинг на мозокот и сфаќањето на моќта на потсвеста, способноста за контролирање на фокусот и многу билки.

melanija cvetkovska fizioterapevt lugjeto smetaat deka masazata e luskuz a sekoj treba da slusa sto ima da mu kaze sopstvenoto telo 16

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Саша Матиќ за CRNOBELO: „Кога сопругата не е дома, со ќерките секогаш правиме ‘фешта’“ „Сите овие години балансирам меѓу семејството и музиката. Се навикнаа и тие и ја...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg