Александар Ристоски, актер: „Љубовните сцени се најтешки за снимање, еднаш се добива можност да се глуми лик како Рацин“
Каков е Александар приватно? Што сакаш да правиш кога не си фокусиран на работата?
Приватно сум доста едноставен, барем јас така мислам.
Во последно време одам често на кампување. Тоа е нешто што го открив скоро и многу ми годи, ми овозможува да се релаксирам и да се одморам од сите обврски.
Лани летото го срушив сопствениот рекорд и бев цел месец во шатор и хамок, рај за кој е најзаслужна сценографката од претходното прашање.
Која е најдобрата, а која најлошата работа (за тебе) поврзана со животот во Србија?
Најдобрите работи се често луѓето кои те окружуваат и со кои разменуваш искуства и тајни, значи пријателите.
А, најлошата работа е тоа што дневната политиката ни е станата најважната работа, и не само во Србија, туку генерално.
Сè што се случува го гледаме низ призма на дневната политика - ете тоа ме гуши. Замислете да не постојат граници, раси, религии, просто, да постои само планетава и сите ние на неа и за неа…
Малку утописки, но привлечно.
Си доаѓаш ли често во Македонија? Што или кој ти фали најмногу, иако си оддалечен само на неколку часа од дома?
Се трудам да доаѓам често во Македонија, да ги видам пријателите таму.
Да ми го поставеше ова прашање пред две години, би рекол дека доаѓам да ги видам родителите, но и тие се преселија во Белград, па сега ми се тука.
Каков стил имаш, како сакаш да се облекуваш?
Уф, секаков. Зависи каков ми е денот.
Некогаш сум во тренерки, некогаш во костуми, а на кампување сум во шалвари.
Повеќе сакаш да читаш книги или да гледаш серии/филмови? Кои ти се омилени?
Знам дека би требало да кажам дека читам книги, но поради брзото темпо на живот и обврските, ретко кога имам време за читање. Пред неколку месеци ја читав Sapiens: А Brief History of Humankind од Џувал Ноа Харари.
Во последно време често гледам домашни серии. Ги гледам најчесто од професионален аспект, да видам кој како работи и што работи.
Што се однесува до моите омилени филмови, ги има неколку: The Godfather, Scarface, Mommy, Hable con ella, Todo sobre mi madre, RocknRolla… Од серии тоа се: Sopranos, The Wire, The White Lotus, Chernobyl…
Музиката е претпоставувам неизоставен дел од сечиј живот, па така и во мојот. Сакам да ги слушам Том Вејтс, Бијело дугме, AC-DC, Dire Straits, Manu Chao, а во последно време често и Putumayo.
Имаш ли идол или некој во чија глума се огледуваш и кој те инспирира?
По одговорите на горното прашање и по првите два омилени филма, можете да заклучите дека омилен актер ми е Ал Пачино.
Идни планови за 2024-та?
Засега имам најавено неколку телевизиски проекти, меѓу кои се и третата сезона на серијата „Бранилац“, неколку театарски претстави и уште еден филмски проект, но за тоа е прерано да се зборува.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело