Александар Ристоски, актер: „Љубовните сцени се најтешки за снимање, еднаш се добива можност да се глуми лик како Рацин“

Подолго време живееш и работиш во Србија. Дали и понатаму работиш во детски театар? Какво искуство е тоа да се „игра“ за деца?

Да, јас сум член на една трупа која се вика „Чичамичино позориште“ и ние сме група ентузијасти кој веруваат дека претставите за деца треба да бидат на исто ниво и со исто толку силна порака како и вечерните претстави.

Трупата е независна, и со гордост можам да кажам дека во текот на изминатата сезона имаме одиграно преку 140 претстави.

Освен актерскиот тренинг кој ми го овозможува оваа трупа, научив да ги ценам и другите сектори на една театарска претстава, бидејќи костимите, сценографијата и музиката исто така ги подготвуваме и изработуваме ние глумците.

aleksandar-ristoski-akter-ednash-se-dobiva-mozhnost-da-se-glumi-lik-kako-racin-ljubovnite-sceni-se-najteshki-za-snimanje-06.jpg

Дали понекогаш ти е криво што не работиш дома, што ете, можеби кај нас не го препознаваат твојот талент и не ти нудат повеќе улоги?

Па, добро, не можам да кажам дека не сум работел во Македонија, ете имам два проекта - „Златна петорка“ и „Црвениот поет“ - и се надевам дека во иднина ќе имам уште.

Не можам никого да обвинувам бидејќи во оваа професија, кога не си некаде присутен - не си ни застапен.

Но, верувам дека по „Црвениот поет“ тоа ќе се смени.

aleksandar-ristoski-akter-ednash-se-dobiva-mozhnost-da-se-glumi-lik-kako-racin-ljubovnite-sceni-se-najteshki-za-snimanje-05.jpg

Ти заврши глума во Србија. Зошто не кај нас?

Годината кога јас одев на приемен испит, во Скопје не примаа глумци.

Па, така одлучив да се обидам на приемниот на ФДУ во Белград. А, кога ме примија, веќе немаше назад.

aleksandar-ristoski-akter-ednash-se-dobiva-mozhnost-da-se-glumi-lik-kako-racin-ljubovnite-sceni-se-najteshki-za-snimanje-01_1.jpg

Како се снаоѓаш со падежите во српскиот јазик? Се шегуваат ли често колегите со тебе ако направиш некоја грешка при изговор?

Јас имав некое предзнаење на српскиот јазик и затоа одлучив мојот избор да биде ФДУ во Белград. Часовите по дикција ми беа од круцијално значење и на тие часови го усовршив српскиот.

Колегите се секогаш внимателни и со најдобра намера ми ги посочуваат грешките, иако морам да признаам дека по 11 години во Белград, ретко се случуваат.

aleksandar-ristoski-akter-ednash-se-dobiva-mozhnost-da-se-glumi-lik-kako-racin-ljubovnite-sceni-se-najteshki-za-snimanje-08.jpg

Во која позната српска серија би сакал да глумиш?

Немам посебни желби и очекувања, мислам дека баш поради тоа си оставам простор да се изненадам кога ќе стигне повик за некоја серија, филм или претстава.

Засега тоа доста добро функционира.

aleksandar-ristoski-akter-ednash-se-dobiva-mozhnost-da-se-glumi-lik-kako-racin-ljubovnite-sceni-se-najteshki-za-snimanje-02.jpg

Која ти е неисполнета актерска желба? Со кого би сакал да глумиш?

Немам претерани желби. Секоја улога е предизвик за себе, но ако морам да кажам, тогаш нека биде Леоне од „Господа Глембаеви“ на Мирослав Крлежа.

aleksandar-ristoski-akter-ednash-se-dobiva-mozhnost-da-se-glumi-lik-kako-racin-ljubovnite-sceni-se-najteshki-za-snimanje-04_1.jpg

Дали би снимал љубовна сцена и со која регионална или светска актерка?

Љубовните сцени се секогаш најнепријатни за глумците.

А, би снимал со една девојка која, за жал, се занимава со сценографија и се вика Андреја Рондовиќ, па ете, ако некогаш одлучи да снима филм, знае кого да побара.

aleksandar-ristoski-akter-ednash-se-dobiva-mozhnost-da-se-glumi-lik-kako-racin-ljubovnite-sceni-se-najteshki-za-snimanje-02_1.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg