Роберт Спасенцовски - Џокер за татковството: „Се усовршив да сменам пелена за 6 секунди“

Иако е поминато само кратко време, кој е најголемиот гаф што си го направил како татко?

Не знам, гаф како гаф нешто специјално да издвојам немам, но знам да се изнервирам кога Киан ќе се најаде, а ние само што сме го преоблекле и тој „ќе бљуцне“ (поврати млеко).

Па, ајде од почеток сè, со борби, со плачење за пак да се преоблечеме за да не седи мокар.

robert-spasencovski-djoker-za-tatkovstvoto-se-usovrshiv-da-smenam-pelena-za-6-sekundi-07.jpg

На кого личи повеќе, на тебе или на Антониа?

Се разбира, цел е на тато.

robert-spasencovski-djoker-za-tatkovstvoto-se-usovrshiv-da-smenam-pelena-za-6-sekundi-13.jpg

Кој го избра името Киан? 

Името го најде Антониа.

Ми се допадна и мене веднаш, посебно што е кратко, бидејќи моето презиме е едно од подолгите, ако не и најдолгото што сум го сретнал досега.

Затоа одлучивме да е нешто кратко, а сепак убаво.

robert-spasencovski-djoker-za-tatkovstvoto-se-usovrshiv-da-smenam-pelena-za-6-sekundi-09.jpg

Колку си, всушност, среќен што имаш син? Посакуваше можеби ќерка или не?

Пресреќен сум што имам син. Отсекогаш сум сакал да имам два сина.

Не дека не сакам ќерка но, што знам, мојата желба беше првото дете да е син и ми се оствари.

А потоа, да, го истетовирав неговото стапало на мојата лева рака и врз стапалото е напишано неговото име.

robert-spasencovski-djoker-za-tatkovstvoto-se-usovrshiv-da-smenam-pelena-za-6-sekundi-18.jpg

Која ти е најубавата работа поврзана со татковство досега?

Можеби е прерано да издвојам некоја работа што е посебна, освен тоа што имаш нешто твое.

Сè е минливо во животот: сите пријатели, сите познаници, автомобили, станови, имот, но децата се нешто што останува засекогаш.

robert-spasencovski-djoker-za-tatkovstvoto-se-usovrshiv-da-smenam-pelena-za-6-sekundi-02.jpg

А најстресна?

Па, искрено, често знае да ме фати мрза кога треба да се избања, а и сè уште се борам со плачот кој ми пречи, особено пред да заспие.

robert-spasencovski-djoker-za-tatkovstvoto-se-usovrshiv-da-smenam-pelena-za-6-sekundi-11.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg