Барбара Поповиќ за CRNOBELО: „Имам италијански корени, ќе пеам на Сан Ремо“
На настапите освен со пеењето привлекуваш внимание и со изгледот... Кој ти ја избира гардеробата? И, колку си ти задоволна од тоа што го носиш или прифаќаш и парчиња кои се добри за на сцена, а во спротивно не би ги облекла?
За мојот изглед секогаш е задолжен дизајнерот Огнен Анѓушев и Зеро Бренд.
Искрено, јас не би можела да соработувам со никој друг на тоа поле, бидејќи пред сè ми е најдобар пријател, знае што можам да износам, а да изгледа баш онака како што тој има замислено.
Многу е различно кога некој има визија за аутфит за во циркус и аутфит за на светска сцена. Е, Огнен е од овие вторите.
Различно е кога некој е школуван на светски рангиран факултет како што е Marangoni и некој кој од ведро небо му текнало дека може да биде дизајнер или стилист.
Многу ми е жал за некои од изведувачите на македонската сцена што немаат прилика да работат со професионалец каков што е тој, би сфатиле што значи сè ова што го кажав уште после првиот разговор со него.
Каков е твојот стил приватно? Кое ти е омиленото парче облека?
Мојот стил приватно е сè што е cozy.
Не сум човек што многу сака да се дотерува, a оние кои многу добро ме познаваат знаат дека сè што е пижама е мое омилено парче во плакарот.
Што работиш во моментов, освен што си посветена на шоуто? Студираш или веќе заврши факултет? И дали ја гледаш музиката како твоја иднина?
Дипломирав соло пеење, а во овој момент сум фокусирана само на IDJ Show.
Сè што ми овозможува шоуто максимално го користам.
И нормално, спремам неколку песни со Дарко, но и со Лазар Цветкоски, кои едвај чекам да ги чуете.
Музиката е дефинитивно мојата иднина и ништо друго.
Кои се трите работи без кои никогаш не излегуваш од дома?
Од дома не излегувам без IQOS, телефон и клуч од автомобил.
Песна која не можеш да ја исфрлиш од глава во моментов?
Во моментов од глава не ми излегува песната што ја работиме јас и Дарко, ремек-дело на човекот кој не е од оваа планета.
Среќна сум што живеам во ерата на Дарко Димитров.