Естетска корекција на клемпави уши: Одговори на најчестите прашања со д-р Роберт Стојовски, пластичен хирург

„Клемпавите уши се речиси секогаш со генетска предиспозиција, најчесто се оперираат децата затоа што се мета на потсмев кај другарчињата во училиште“ - вели д-р Роберт Стојовски за CRNOBELO.com.

estetska-korekcija-na-klempavi-ushi-odgovori-na-najchestite-prashanja-so-d-r-robert-stojovski-plastichen-hirurg-001.jpg

Клемпавите уши се состојба при која ушната школка е многу оддалечена од површината на главата. Тие ретко се едностран деформитет. Најчесто се сретнува неправилност на двете уши.

Оперативниот третман на клемпавите уши се прави исклучително од естетски побуди, бидејќи отапостазата не прави функционален проблем.

На најчестите прашања за хируршката интервенција на уши ни одговори д-р Роберт Стојовски, пластичен хирург:

Дали естетската корекција на уши е честа интервенција во Македонија?

Естетска корекција на уши е една од најчестите естетски корекции - посебно кај децата и тинејџерите, бидејќи многу често, за жал, тие деца се мета на потсмев во градинка или училиште.

Најчесто треба да има генетски предиспозиции, но дали децата се раѓаат со клемпави уши или може да станат такви со тек на време?

Клемпавите уши се најчесто со генетска предиспозиција, но сепак за нивен несоодветен развој може да придонесе носење венчиња или очила во првите 5 години.

Мајките честопати ставаат ленти и ги лепат ушињата на децата со фластери како превенција од нивно превиткување - дали е ова некакво решение?

Доколку постои генетска предиспозиција, ниту еден од овие методи нема да помогне.

Кога најрано може да се направи хируршка интервенција на клемпави уши?

Најдобро е после 6-7 година, тогаш увото е оформено, а и детето само би можело да каже дали сака да се направи интервенцијата – јас не се нафаќам на операција кога е желба на родителите, а детето не сака или е исплашено од она што го очекува.

Каква анестезија се користи за самиот зафат?

Јас ги работам само под локална анестезија, бидејќи скоро и да нема болка, се работи со лидокаин – истата анестезија како на стоматолог за поправање на заби. По апликација на анестезијата се почнува со корекција на 'рскавицата.

Дали постојат компликации од оперативниот третман?

Како и од секоја друга интервенција, без разлика дали е хируршка или нехируршка, постојат компликации – истите се многу ретки.    

Дали може да се оштети слухот по изведување на операција на ушната школка?

Скоро и да не е возможно – јас не сум сретнал во Македонија таков случај.  

Колку време трае закрепнувањето? На што треба да се внимава?

Првите 5-6 дена се носи завој – треба да се внимава да не се притискаат ушите при спиење бидејќи може да се развие декубит од притисок на местата каде што е работена 'рскавицата.

После тоа, во наредните 10-тина дена се носи еластичен стегач при спиење.

После 6 дена од операција, кога ќе се извади завојот, може слободно да се движат пациентите бидејќи конецот е зад уво и воопшто не се гледа. Конците се вадат на 14-тиот ден.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. П. | Црнобело / фото: Инстаграм д-р Роберт Стојовски

Би можело да ве интересира:

Саша Матиќ за CRNOBELO: „Кога сопругата не е дома, со ќерките секогаш правиме ‘фешта’“ „Сите овие години балансирам меѓу семејството и музиката. Се навикнаа и тие и ја...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Марија Шерифовиќ за CRNOBELO: „Сите мајки за своите деца велат дека се најмили, ама мојот син е љубо... „Откако станав мајка веќе немам време да се релаксирам, сфатив дека ова е хаос и...
Маја од Скопје на 41 година го победи ракот на дојка: „Пациентите кријат дека примаат терапии, кај н... „Сакав и одлучив да живеам и мислам дека таа свесна намера беше пресудна да се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg