Јелена Розга за CRNOBELO: „Мислев ќе се срушам од убавина кога публиката ја пееше ‘Гинем’ на цел глас, сега едвај чекам да дојдам во Скопје“

Имавте ли трема пред настап или тоа исчезна со годините?

Пред овој концерт не знаев каде сум, имав некој страв. Ѝ се јавив на другарка и ѝ реков да излезе и да пее наместо мене.

Се слушнав неколкупати и со мајка ми и таа ме смируваше.

Имам прекрасни родители кои се грижат за мене, кои ми се поддршка и кои ми даваат ветер во грб за сè. Мајка ми дури и плаче пред секој мој концерт.

Па, така беше и вечерва. Родителите сакаа да дојдат, не успеаја. Но, беа покрај мене со духот.

А потоа, кога излегов на сцената, сите стравови исчезна.

jelena-rozga-za-crnobelo-mislev-deka-kje-se-srusham-od-ubavina-koga-publikata-ja-peeshe-ginem-na-cel-glas-sega-edvaj-chekam-da-dojdam-vo-skopje-07.jpg

И пак ќе се вратам на претходниот муабет – ако еден ден не чувствувам адреналин и возбуда, мислам дека ќе престанам да пеам.

Јас сум ти, всушност, класична „бубалица“ и сакам сè да е под контрола.

Па, 10 дена пред концертот, секое утро станував во 8, возев до Љубљана, каде што живее Жига, танчарот и кореограф што ги спремаше кореографиите, дечко ѝ на Сара Јо кој игра со мене на сцената.

Во 11 почнувавме со проби и вежбавме по 4-5 часа, па се враќав назад. И секој ден така.

Верувајте, истото ќе биде и пред да дојдам во Скопје.

jelena-rozga-za-crnobelo-mislev-deka-kje-se-srusham-od-ubavina-koga-publikata-ja-peeshe-ginem-na-cel-glas-sega-edvaj-chekam-da-dojdam-vo-skopje-09.jpg

И денес соработувате со Тончи. Сепак, постои ли песна која никогаш не сте сакале да ја испеете?

Да, да. Песната „Минут срца твог“ не ја сакав воопшто.

Ми беше здодевна уште првиот пат кога ја слушнав, одбивав да ја пеам, ама Тончи ме убеди дека треба.

Денес ја обожавам. Дури и турнејата ја нареков така „Минут срца мог“.

jelena-rozga-za-crnobelo-mislev-deka-kje-se-srusham-od-ubavina-koga-publikata-ja-peeshe-ginem-na-cel-glas-sega-edvaj-chekam-da-dojdam-vo-skopje-10_copy_copy.jpg

Изгледате прекрасно. Како се грижите за изгледот?

Искрено, имам добри и лоши денови, поради проблемите со тироидата кои траат со години.

Затоа секогаш велам: 'Само да ме служи здравјето'. Се хранам здраво, јадам домашна храна која ја готви мајка ми и тоа со зеленчук од нашиот двор, но и многу спијам.

Мислам дека тајната е во тоа, во добриот сон.

jelena-rozga-za-crnobelo-mislev-deka-kje-se-srusham-od-ubavina-koga-publikata-ja-peeshe-ginem-na-cel-glas-sega-edvaj-chekam-da-dojdam-vo-skopje-02.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

A. J. | Црнобело / фото: Live Production/ И. Ј.



Би можело да ве интересира:

Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Маја од Скопје на 41 година го победи ракот на дојка: „Пациентите кријат дека примаат терапии, кај н... „Сакав и одлучив да живеам и мислам дека таа свесна намера беше пресудна да се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg