Игор Стефановски - Иџе за татковството: „Никогаш не сум бил на родителска, ќерката повеќе личи на мене, оди со глава низ ѕид“

Дали со Олег дојдовте во фаза кога треба да поминете и низ оние муабети околу пубертетот, првиот бакнеж, првата љубов?

Да, разговараме отворено. Знае да ми каже сè и тоа ме радува.

Неизбежно е на тие години да се случи и првата љубов, први бакнежи, девојки, но да биде спремен дека сето тоа може да му предизвика и разочарување.

Ќе се скара со девојката, а тогаш не треба да падне психички, да го фати депресија... Сепак е тинејџер, но треба да знае дека тоа може да се случи.

igor-stefanovski-idje-za-tatkovstvoto-nikogash-ne-sum-bil-na-roditelska-kjerkata-povekje-lichi-na-mene-07.jpg

А што е со училишните обврски? Имаше ли време да седнеш да учиш со децата или тоа го оставаш на сопругата?

Знаат да дојдат и да побараат помош за домашна, за учење, но сепак тој дел ѝ го препуштам на сопругата.

Никогаш не сум бил на родителска и никогаш нема да отидам. Тој дел повеќе ѝ лежи на Емче.

igor-stefanovski-idje-za-tatkovstvoto-nikogash-ne-sum-bil-na-roditelska-kjerkata-povekje-lichi-na-mene-06_copy.jpg

Кој совет ти го дале родителите тебе, а ти им го кажуваш на своите деца?

Јас и брат ми сме воспитани во патријархално семејство кое ги цени вредностите на животот, на сè она што е нормално.

Горд сум што моите родители нè насочиле на прав пат.

Сè она што моите родители ме учеле како дете, сега им го пренесувам на децата.

Пред сè, тоа е да бидат човечни, нормални и да знаат да се справат со сè што ќе им биде предизвик во животот, да не трчаат по материјалното, иако сите сме излудени по тоа, да бидат доследни на тоа што сакаат да го направат, да се упорни и да се свесни дека ништо не доаѓа преку ноќ.

igor-stefanovski-idje-za-tatkovstvoto-nikogash-ne-sum-bil-na-roditelska-kjerkata-povekje-lichi-na-mene-04.jpg

Колку од својот карактер препознаваш во карактерот на своите деца?

Многу, многу навистина. Со сопругата често разговараме дека сакаме да ги насочиме да бидат добри личности, да знаат да се справат со сè во животот, да знаат дека ништо не е лесно и дека треба да бидат приземјени во она што им следува понатаму.

Финансиите, славата, сè е тоа минливо. Сакаме да знаат дека среќата е моментална. Но, пред сè, сакаме да ги насочиме да бидат добри и вистински личности.

Инаку, и Нина и Олег имаат дел од мојот карактер, а дел од карактерот на сопругата.

Но, мислам дека ќерката е повеќе на мене, го има потешкиот карактер, бидејќи јас сум човек кој не попушта, тврдоглав е, инаетлив.

А можеби и тоа ме довело до ова што сум денес, до успесите во спортот, бидејќи некогаш сум одел со глава низ ѕид за да успеам.

igor-stefanovski-idje-za-tatkovstvoto-nikogash-ne-sum-bil-na-roditelska-kjerkata-povekje-lichi-na-mene-03.jpg

А на кого личат повеќе, на тебе или на мајка им?

Нина повеќе е на мене, а Олег на сопругата. Имаат повлечено по нешто и од двајцата.

Кој ги бираше имињата на децата? Колку се слушаше твојот глас?

Заедно со сопругата ги биравме, но моја беше иницијативата да се викаат така, бидејќи се несекојдневни имиња кои не се многу чести кај нас.

igor-stefanovski-idje-za-tatkovstvoto-nikogash-ne-sum-bil-na-roditelska-kjerkata-povekje-lichi-na-mene-08.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Јелена Карлеуша за CRNOBELO: „Еден ден ќе станам светска ѕвезда“ „Ника и Атина се скромни девојчиња, така ги воспитав. Пред Ника да почне да сним...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg