Антониа Гиговска за CRNOBELO: „Киан ни дојде во вистински момент, најтешко ми е станувањето рано, бабите ни се многу од помош“

Избравте интересно име за синот. Има ли посебно значење, чија идеја беше?

Идејата беше моја. На Роберт веднаш му се допадна името Киан кое е античко име со значење „крал“.

Ми остана во срце меѓу многуте што ги имавме на број. Но, Киан сепак победи.

Имаше лесна или тешка бременост?

Имав тешка бременост. До 20-тата недела имав многу мачнини и не можев да мрднам од дома.

Подоцна веќе сè беше полесно, имав апетит, немав мачнини, можев да се движам, да излезам од дома.

Седењето дома ме убиваше, мојата работа никогаш не дозволувала седење дома и неправење ништо. Но, паузата добро ми дојде.

antonia-gigovska-za-crnobelo-kian-e-toa-shto-mi-nedostigashe-vo-zhivotot-no-najteshko-mi-beshe-da-naucham-da-stanuvam-rano-09_copy.jpg

Со Роберт направивте венчавка, но планирате ли голема свадбена веселба?

Да, планираме свадба, но за тоа-потоа, како викаат. Сега е најважен Киан.

А го смени ли презимето или остана Гиговска?

Презимето не го сменив, сè уште сум Гиговска. Но, го додадов и Спасенцовски.

Сега имам две презимиња, иако ми прават проблем кога се потпишувам. Но, тоа трае кратко.

antonia-gigovska-za-crnobelo-kian-e-toa-shto-mi-nedostigashe-vo-zhivotot-no-najteshko-mi-beshe-da-naucham-da-stanuvam-rano-03_1.jpg

Во времето на бременоста беше помалку активна на социјалните мрежи... Зошто реши да се тргнеш од нив и од медиумите?

Сакав да се посветам на бременоста, да уживам максимално и да немам стресови.

Се повлеков од настапите уште во третиот месец затоа што не можев да го издржам темпото поради мачнините што ги имав до 20-тата недела.

Нормално, тука се и хормоните што секоја мајка ги има во бременоста, па мислам дека немаше да го издржам сето тоа со социјалните мрежи и медиумите.

Мислам дека ја донесов вистинската одлука во тој момент и не жалам.

antonia-gigovska-za-crnobelo-kian-e-toa-shto-mi-nedostigashe-vo-zhivotot-no-najteshko-mi-beshe-da-naucham-da-stanuvam-rano-04.jpg

И покрај тоа, како да не те штедеа, па на социјалните мрежи често може да прочитаме негативни коментари за бременоста, породувањето, свадбата, фотките што си ги споделила... Како реагираш на нив? Колку допираат до тебе лошите зборови?

Не е сеедно, меѓутоа никогаш не сум сакала да ме допираат негативни коментари и сум се борела воопшто да не читам што се пишува за мене. Среќна сум што успевам.

Со тек на време се навикнаа и моите родители, а тоа ми беше најважно.

Навистина е невкусно кога се пишуваат такви глупости, невистини, се навредува и слично.

Иако се занимавам со јавна професија и сум изложена на критики, позитивни и негативни, сепак сум и јас нечие дете, нечија ќерка, нечија сестра.

Мајчинството е приоритет, но, познавајќи те дека си динамична и не мируваш, размислуваш ли за нова песна, можеби и некој настап одвреме-навреме?

Нормално. Се активирав во студио и не би сакала да откривам повеќе. Но, Антониа се враќа многу многу наскоро!

antonia-gigovska-za-crnobelo-kian-e-toa-shto-mi-nedostigashe-vo-zhivotot-no-najteshko-mi-beshe-da-naucham-da-stanuvam-rano-02.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg