Антониа Гиговска за CRNOBELO: „Киан ни дојде во вистински момент, најтешко ми е станувањето рано, бабите ни се многу од помош“

„Живееме сами, но мајка му и татко му на Роберт живеат еден кат над нас и тие се нонстоп со Киан. Презимето не го сменив, сè уште сум Гиговска. Но, го додадов и Спасенцовски“, вели Антониа Гиговска во интервју за CRNOBELO.com.

antonia-gigovska-za-crnobelo-kian-e-toa-shto-mi-nedostigashe-vo-zhivotot-no-najteshko-mi-beshe-da-naucham-da-stanuvam-rano-01_copy_copy.jpg

Повеќе од еден месец пејачката Антониа Гиговска ужива во мајчинството. Откако се породи на 14 јули, центарот на нејзиниот свет е синот Киан, весело и темпераментно момченце кое сака да се гали, но и многу да јаде.

Антониа на шега вели дека Киан е лакомо бебе, а и плачко на неа, бидејќи како бебе таа не престанувала да плаче.

Некогаш, вели, си легнувала во 5 наутро, а денес е будна уште во 6 часот, кога ќе се разбуди синот. Ова е можеби и најтешката работа на која требала да се навикне откако станала мајка.

Но, и покрај тоа што е понекогаш ненаспана, не се жали, а за CRNOBELO.com вели дека е среќна во секоја секунда помината со синот.

Таа ни раскажа и каков татко е нејзиниот сопруг, музичарот Роберт Спасенцовски, колкава помош им се бабите, зошто се повлече од социјалните мрежи, но и колку ја допираат негативните коментари на нејзина сметка, па вели:

„Иако се занимавам со јавна професија и сум изложена на критики, позитивни и негативни, сепак сум и јас нечие дете, нечија ќерка, нечија сестра“.

antonia-gigovska-za-crnobelo-kian-e-toa-shto-mi-nedostigashe-vo-zhivotot-no-najteshko-mi-beshe-da-naucham-da-stanuvam-rano-06.jpg

Прочитајте го целото интервју со Антониа:

Помина еден месец од раѓањето на синот Киан. Како се чувствуваш?

Искрено, преубаво. Веќе се навикнавме еден на друг. Полека се привикнувам на мајчинските обврски.

Велат, кога ќе станеш родител ти се менува животот и ти се ускратуваат многу работи, но јас мислам дека животот ми се смени на позитивно, Киан е нешто што ми недостигаше во животот, а ни дојде во вистинскиот момент.

Какво бебе е Киан?

Киан е темпераментно и хиперактивно детенце, но од друга страна многу мил, сака да се гали и сака близина.

Плачко е на мајка му, така вика Роберт. Инаку, јас како бебе сум плачела до немај каде.

Сака многу да јаде и е лаком.

Дали го доиш? Ти беше тешко доењето на почетокот? Многу млади мајки мачат мака, дури и не кријат дека плачат од мака ако детето не почне да цица веднаш... Каков беше случајот со тебе?

На почетокот го доев и ми беше тешко, верувам како и на секоја мајка. Со тек на време се навикнавме.

Но подоцна, од оправдани причини, Киан престана да цица.

За среќа, тука ни е шишенцето, никогаш не е гладен, а мешето е полно.

antonia-gigovska-za-crnobelo-kian-e-toa-shto-mi-nedostigashe-vo-zhivotot-no-najteshko-mi-beshe-da-naucham-da-stanuvam-rano-05_copy.jpg

Која ти е најубавата работа поврзана со мајчинството во овие 40-тина дена откако се роди Киан? Што ти беше тешко на почетокот, ама сега се снаоѓаш одлично?

Ми беше тешко само неспиењето. Тешко ми беше да прифатам дека треба да го фатам неговото темпо на спиење - кога спие тој, да спијам и јас.

Цел живот сум спиела до 13-14 часот попладне, а сум легнувала во 04-05 часот наутро.

И сега одеднаш си „ранобудник“ и стануваш во 06 часот, а легнуваш во 22.

Како изгледаа првите денови дома со бебето? Како се снајдовте со Роберт околу капењето, менувањето пелени, заспивањето?

Првите денови беше хаотично, додека се навикнеме на животот со бебе.

Менувањето пелени, заспивањето, капењето мене веќе ми беа добро познати затоа што исчував неколку внуци, меѓутоа бев во страв за Роберт.

Се изненадив како тој се снајде со новата улога и можам слободно да кажам дека е најдобар татко.

Му менува пелени, го бања и сам, му дава да јаде.

antonia-gigovska-za-crnobelo-kian-e-toa-shto-mi-nedostigashe-vo-zhivotot-no-najteshko-mi-beshe-da-naucham-da-stanuvam-rano-02_1.jpg

Бидејќи и Роберт е музичар, му пее ли на синот да го заспие?

Да, му пее песнички и го заспива, му свири на пијано. Киан ужива.

Роберт е нонстоп покрај мене и верувам дека може да биде пример за тоа како еден татко е посветен на своето дете.

Тука нема страв од ништо кога е твоето дете во прашање.

antonia-gigovska-za-crnobelo-kian-e-toa-shto-mi-nedostigashe-vo-zhivotot-no-najteshko-mi-beshe-da-naucham-da-stanuvam-rano-08_copy.jpg

А ти? Научи ли приспивни детски песни или му ги пееш твоите омилени?

Јас му пеам што ќе ми дојде во моментот.

Претежно измислувам текстови и мелодии, така ми е полесно.

Но, најчесто заспива со звукот од фен. Тој феномен го дознавме неодамна и сега веќе е спас за кога не сака да заспие.

Со Роберт живеете сами или во заедница со нечие семејство?

Живееме сами, но мајка му и татко му на Роберт живеат еден кат над нас и тие се нонстоп со Киан.

Моите родители доаѓаат да го видат постојано и Киан се чувствува преубаво во нивно присуство.

Имаш ли помош од бабите – тука ли се мајка ти и свекрвата со совети? Ги прифаќаш или „ти одат на нерви“ понекогаш?

Бабите се топ! Секој би посакал да има помош од најблиските, јас тоа го имам и навистина не можам да се пожалам.

Киан е прв другар со баба Кети и баба Весна. Но, не смеам да ги заборавам ни дедовците, чичкото, вујкото и вујната.

antonia-gigovska-za-crnobelo-kian-e-toa-shto-mi-nedostigashe-vo-zhivotot-no-najteshko-mi-beshe-da-naucham-da-stanuvam-rano-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg