Девојка (34) oд Битола за CRNOBELO.com: „Со партнерот сме од различни религии, имаше осуда, но 8 години подоцна сме заедно и со детенце”

 „Сигурно ги знаете оние непријатни коментари од типот на: „Врската нема шанси да им успее” , „Како ќе им се вика детето?”, „Дали ќе си ja промени верата за да биде со него?” или пак „Како ги оставаат од дома да се заедно?”. Искрено не гледам потреба од вакви невкусни дофрлања и озборувања од страна на средината. Ние не правевме ништо лошо, само се сакавме." ја раскажува својата приказна за CRNOBELO.com една девојка од Битола којашто на своја кожа ја почувствувала борбата и предрасудите од средината поради љубовна врска со партнер од различна вера и националност.

Devojka-34-za-crnobelo.com-kako-licnost-koja-poteknuva-od-mesan-brak-imav-navistina-golemi-prepreki-i-problemi-vo-ljubovnite-vrski-01.jpg

Многупати сум се прашувал до кога општеството ќе се измачува со предрасуди поврзани за љубовта и различната религија, како и мешаните бракови?

Би ви кажал дека само одлучиле да нè поделат на неколку делови, но каква врска има тоа кога ти го обожаваш Алах, а јас му се молам на Исус и некој го наоѓа сопствениот мир во Буда? Па, на крајот од денот нели сме сите исти?

Ние сме луѓе, живееме во овој свет и сите ние имаме една религија, а тоа е љубовта. Па, тогаш би сакал само да прашам, зошто треба да претставува пречка кога двајца млади се заљубуваат, а се од различна вера?

Општеството во секој случај ќе ве осуди, ќе ве „распне на крстот" како да сте го направиле најголемиот грев, не признавајќи дека само сте се заљубиле.

Па, до кога ние како народ ќе се соочуваме со предрасуди и со дискриминација од ваков тип?

Зарем е важно што некој верува во нешто поинакво од она вашето? Зарем тој не е исто толку човек, колку и вие?

Озборувањата, критиките, осудувањата мислам дека е време да останат на нашата маалска улица, додека пак љубовта на младите треба да живее и да го дава плодот на еднаквото општество и на сплотеноста помеѓу луѓето.

https___www.crnobelo.com_intervju_razgovarame-so_103121-devojka-34-od-bitola-za-crnobelo-com-so-partnerot-sme-od-razlichni-religii-imashe-osuda-no-8-godini-podocna-sme-zaedno-i-so-detence-002.jpg

Сведок сум на голем број парови кои живеат среќно без разлика на нивната вера.

Заеднички го слават и Велигден и Бајрам и фамилијарно ги прославуваат сите верски празници и ја почитуваат обострано сопствената традицијата.

Но, за жал, постојат случаи на раскарани семејства и затворени семејни врати поради тоа што некој само се вљубил во човек од различна вера.

Една девојка (34) од Битола за CRNOBELO.com ја раскажува својата приказна на темата:

„Јас потекнувам од мешан брак, татко ми и мајка ми покрај различната националност имаат и различна вера. Доколку треба да бидам искрена би кажала дека како таква, навистина имав големи препреки и проблеми во љубовните врски.

Бидејќи живееме во време каде на момчињата, како и на нивните семејства им се важни овие работи.

Имав многу ситуации каде бев повредувана и од едната и од другата страна. Сигурно ги знаете оние непријатни коментари од типот на: „Врската нема шанси да им успее” , „Како ќе им се вика детето?”, „Дали ќе си ja промени верата за да биде со него?” или пак „Како ги оставаат од дома да се заедно?”.

Можам слободно да кажам дека од сево ова ми се направи еден комплекс кога бев помлада. Искрено, не гледам потреба од вакви невкусни дофрлања и озборувања од страна на средината.

Ние не правевме ништо лошо, само се сакавме.

Но, како што созревав сфатив дека залудно сум се оптоварувала. Бидејќи ако некој вистински те сака, ќе те прифати таков каков што си и воопшто нема да му е важно како се викаш, презиваш или дали одиш во црква или џамија.

Мене воопшто не ми е важна националноста и религиската припадност на партнерот, важни ми се неговите квалитети како личност. Па, еве нè, веќе 8 години сме заедно и имаме едно прекрасно дете.

Заедно ги славиме верските празници од двете религии и ништо не ни недостига. На нашиот син му избравме преубаво име и двете фамилии обострано се почитуваат".

Devojka-34-za-crnobelo.com-kako-licnost-koja-poteknuva-od-mesan-brak-imav-navistina-golemi-prepreki-i-problemi-vo-ljubovnite-vrski-04_copy.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Б. | Црнобелo / фото: pexels.com

Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg