Иван Наумовски - оперски пејач со урбан стил: „Кога сум на сцена заборавам на сè што сум жртвувал во животот“

„Настапував во сали, палати, дворци и замоци како од бајките. Запознав луѓе од различни култури од целиот свет, и сакав да научам за нив и местата од каде доаѓаат. Учев, се надградував, се интересирав за многу теми, учев јазици. Но, големо задоволство ми претставува да настапувам во Македонија и да изведувам премиерни композиции од македонски автори“ – вели во интервју за CRNOBELO.com Иван Наумовски, наш оперски пејач кој своето знаење го стекнал од најдобрите професори во Виена, а денес го споделува со своите студенти во Скопје.

ivan-naumovski-operski-pejach-koj-se-obrazuval-vo-viena-a-raboti-vo-makedonija-zadovolstvo-mi-e-da-ja-neguvam-makedonskata-klasichna-muzika-01.jpg

Оперскиот пејач Иван Наумовски е роден во Скопје, Македонија. Тој има 32 години и е магистриран оперски пејач на два универзитета: Универзитетот за музичка и сценска дејност (MDW) во Виена, во областа на Уметничката песна и ораториумот, и Универзитетот за уметност во Грац (KUG), во областа на Музичкиот театар.

ivan-naumovski-operski-pejach-koj-se-obrazuval-vo-viena-a-raboti-vo-makedonija-zadovolstvo-mi-e-da-ja-neguvam-makedonskata-klasichna-muzika-02.jpg

Во моментов Иван е доцент на Факултетот за музичка уметност (ФМУ) при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Македонија.

Има своја класа од шест студенти на додипломски студии и една студентка на магистерски студии по соло пеење, и го предава колективниот предмет „Вокална техника“.

ivan-naumovski-operski-pejach-koj-se-obrazuval-vo-viena-a-raboti-vo-makedonija-zadovolstvo-mi-e-da-ja-neguvam-makedonskata-klasichna-muzika-03.jpg

За да стигне таму каде што е денес, Иван не крие дека посветил многу време и труд и дека се жртвувал, а со него поразговаравме за тоа кои се предизвиците кога еден млад човек ќе одлучи да се занимава со музичка уметност, односно со оперско пеење, но и за тоа како изгледа неговиот приватен живот.

Кои се неговите секојдневни ритуали, како изгледа животот на релација Скопје – Виена, колку тоа што вложил премногу во сопствената кариера се одразило врз него како личност? Ова се само некои од прашањата на кои тој одговара.

ivan-naumovski-operski-pejach-koj-se-obrazuval-vo-viena-a-raboti-vo-makedonija-zadovolstvo-mi-e-da-ja-neguvam-makedonskata-klasichna-muzika-04.jpg

Проследете го интервјуто со Иван Наумовски во целост:

Од каде љубовта за музиката, можеш ли да ни го опишеш мигот кога сфати дека сакаш да се занимаваш со оперско пеење?

Љубовта кон музиката постоеше отсекогаш, но некако повеќе љубовта за сцената преовладуваше во мојот живот.

Филмот ми беше инспирација, а кога застанав на мои 18 години за првпат на сцена со оперски арии, сфатив дека можам таа енергија и желба да ја префрлам на оперската и концертната сцена.

На првиот мој настап кога стапнав на сцена и погледнав кон публиката, едноставно се почувствував како дома.

Во тој момент добив чувство дека тука припаѓам. Ако некогаш постоел сомнеж со што ќе се занимавам во мојот живот и каде ќе ја насочам енергијата и фокусот, од тој момент па натаму веќе немаше двоумење.

ivan-naumovski-operski-pejach-koj-se-obrazuval-vo-viena-a-raboti-vo-makedonija-zadovolstvo-mi-e-da-ja-neguvam-makedonskata-klasichna-muzika-05.jpg

Што е потребно за да се стане успешен оперски пејач?

Широк дијапазон на нешта како убав глас, музикалност, вокална техника, пејачки и сценски талент, пожртвуваност, мудри стратешки одлуки за одбирањето на правите улоги и репертоар, прави луѓе околу тебе, прави професори, посветеност, балансирање на животот кон професијата и среќа.

Но, што е среќа? Среќа е консеквенца или последица на една напорна работа. Тоа е краен резултат на една мудра стратегија и многу напорна работа со цел пред себе, со план.

Јас верувам дека животниот пат ни е поплочен уште од нашето раѓање и треба да си ги следиме соништата.

Дали ќе успееме во некоја професија… Па реално и не зависи толку од нас. Многу фактори се присутни за успех во класичната музика, но само една би ја издвоил за најважна, а тоа е среќата во професијата и пред сè задоволството кое го пружа оваа професија и кое нè турка да бидеме подобри.

ivan-naumovski-operski-pejach-koj-se-obrazuval-vo-viena-a-raboti-vo-makedonija-zadovolstvo-mi-e-da-ja-neguvam-makedonskata-klasichna-muzika-07.jpg

Колку сметаш дека мораше да жртвуваш за да успееш да изградиш успешна кариера?

Премногу. Но, премногу и добив. Ако би се вратил на почетокот, истово би го направил. Не би се двоумел за ништо.

Ретко ја гледав фамилијата, ретко говорев македонски дома, ретко ги гледав оние прави другари од детството и од средно школо, но затоа пак посетив места кои никогаш не сум знаел дека постојат.

Настапував во сали, палати, дворци и замоци како од бајките.

Запознав луѓе од различни култури од целиот свет, и сакав да научам за нив и местата од каде доаѓаат.

Учев, се надградував, се интересирав за многу теми, учев јазици и музиката беше тука да ме продухови и да ме изгради уште повеќе како личност.

Така што на крајот од денот станав подобар во секое поле. Не дозволив ништо да ме попречи на мојот пат да се изградам како карактер и личност.

Ако сум подготвен да жртвувам нешто на едно поле, надоместувам во друго поле од животот за да излезам уште појак.

ivan-naumovski-operski-pejach-koj-se-obrazuval-vo-viena-a-raboti-vo-makedonija-zadovolstvo-mi-e-da-ja-neguvam-makedonskata-klasichna-muzika-09.jpg

Дали ти е криво затоа што си пропуштил нешто заради концерти и настапи?

Релативно е. Не би излажал ако би кажал да или не. Но, многу брзо ми стана јасно за цената која треба да ја платам ако сакам да го работам ова.

Јас сакав да бидам кај најдобрите и да учам од нив, а најдобрите се во Виена.

Секако дека има моменти кога посакував да сум на одредено место со одредени луѓе, но желбата и мотивацијата за успех преовладуваше. Од тој аспект не можам да кажам дека ми е криво. Јас живеам за публиката, а публиката е во свој свет, а изведувачите во свој.

Нив не ги интересира како јас се чувствувам или каде би сакал да бидам. Публиката доаѓа да ужива во претставата или концертот, и наша цел како изведувачи е да им го пружиме тоа задоволство.

Има една посебна енергија која се случува на сцената кога ќе преовладее уметност, а таа уметност е нешто што не може да се опише со зборови. Посебно чувство е тоа, посебна енергија и атмосфера се случува во тој момент и публиката го чувствува тоа.

Жртвите во приватниот живот се надоместуваат со тие моменти.

ivan-naumovski-operski-pejach-koj-se-obrazuval-vo-viena-a-raboti-vo-makedonija-zadovolstvo-mi-e-da-ja-neguvam-makedonskata-klasichna-muzika-28.jpg

Неколку години живееш на релација Виена - Македонија. Како изгледа тој живот во постојано движење - се навикна ли веќе или ти пречи што постојано патуваш?

Не ми пречи. Навикнат сум на патување. Дали е со воз или авион, искрено сеедно ми е. Се научив да пронајдам убавина и некое скриено задоволство во патувањето сам.

Обично кога патувам на аудиција или ангажман секогаш сум сам и треба да се потрудам да си бидам свој пријател.

Да слушам музика, да читам, да размислувам за следните обврски и предизвици во животот. Секогаш се адаптирам на одредени ситуации кои ми ги носи животот, и така се навикнав на патувањето.

Секое мое патување носи нови моменти, нови предизвици, нови луѓе во мојот живот и нова цел. Ако се реши некој да го работи ова, мора да биде спремен да се навикне на патување.

ivan-naumovski-operski-pejach-koj-se-obrazuval-vo-viena-a-raboti-vo-makedonija-zadovolstvo-mi-e-da-ja-neguvam-makedonskata-klasichna-muzika-26.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...
Маја Андоновска, инспиративна битолчанка со урбан стил која ја негува и традицијата „Се трудам секогаш да го одржувам она што мајката природа ми го подарила физички...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg