„По 3 ќерки јас и понатаму се прашувам дали сум добар татко“: Пере од „Нокаут“ за предизвиците на татковството
Дали си горд што најстарата ќерка тргна по твоите стапки и се бави со музика?
Ќе излажам ако кажам не, особено затоа што никогаш не сум ѝ ја наметнувал музичката кариера.
Едноставно, гените го направија своето, и сосема природно дојде до тоа да почне самата да експериментира со музиката и да го најде својот глас и музички идентитет.
Миа полека но сигурно се гради во неконвенционален, храбар, слободен и квалитетен музички уметник, а јас сум тука секогаш да ѝ дадам ветер во грбот.
Ѝ делиш ли совети или самата го оди својот пат?
За еден уметник најголема кочница е кога некој пробува да му го смени правецот, да му наметне мислење...
Затоа Миа ја оставам самата да се пронаоѓа и да твори.
Доказ за тоа е фактот што музичкиот правец кој таа го одбра е дијаметрално спротивен на она што јас го творам како музика.
Но, таа секогаш со драго срце ме послушува кога смета дека сум во право.
Сметаш ли дека можеби направи некои погрешни одлуки во воспитувањето на постарите ќерки, па сега се трудиш тоа да го исправиш со најмалата ќерка?
Не е возможно да користиш исти методи на воспитување кај сите деца, затоа што тоа се посебни карактери.
Особено кај моите ќерки, затоа што сите три се сосема различни, со различни темпераменти, различни сфаќања, желби...
Кон секое дете мора да имаш различен пристап ако сакаш да ги израснеш во здрави личности, кои не се штанцани по одреден калап.
Колку од својот карактер препознаваш во карактерот на своите деца?
Многу. И интересно е тоа што кај сите три се распоредени мои различи особини, па ако ги споите сите три во едно би ме добиле мене.
Повеќе фотки од семејството на Пере:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело